Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
2Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
КултураКУД „Стив Наумов“- Битола одбележува 70 години постоењеКултурно-уметничкото друштво „Стив Наумов“ од Битола, првично именувано како синдикално друштво, формирано на 6 ноември 1944 година, големиот јубилеј – седум децении постоење ќе го одбележува во текот на цела 2014 година. Почетоците на друштвото се поврзуваат со хорот и првите хористи кои произлегле од народноослободителните одреди, кои дејствувале во Битола и Bитолско, но и други пејачи од градот, а прв диригент кој работел со првиот хор на КУД „Стив Наумов“ бил Тодор Скаловски, истакна Љубомир Трифуновски, актуелен раководител на КУД „Стив Наумов“-Битола. - Првиот хорски настап е регистриран на 9 ноември 1944 година, или неколку денови по ослободувањето на Битола кога кај месноста „Црн Мост“ до затворот, под диригентство на Скаловски биле отпеани песни во духот на тогашното време. Од тогаш па се до 1968 година со хорот работеле повеќе диригенти, меѓу кои и Васил Дучев, Кирил Македонски, Александар Црвенко, Милан Спиридонов, Михајло Николовски, Петар Сидовски и други, посочи Трифуновски. Од 1968 година и денес, главен диригент на хоровите на КУД „Стив Наумов“-Битола е Љубомир Трифуновски кој во 1971 година го формирал и женскиот хор во тоа друштво. - Во овие 70 години регистрирани се многу настани и убави времиња. Друштвото почна со многу секции, хор, фолклорна група, рецитаторска секција, забавен оркестар, филхармониски оркестар за чија работа беа набавени инструменти од Чешка, а во еден период соработувавме и со Воениот оркестар. Од денот кога го презедов раководењето со друштвото почнавме и со меѓународна презентација на нашето хорско пеење но, за жал, до денес единствено не сме биле во Канада, Америка и Австралија. Верувам дека во директна соработка со МПЦ ќе организираме и одржиме концерти на духовна музика и на тие континенти, истакна Трифуновски. Во моментов во КУД „Стив Наумов“ работаат три ансамбли - мешан хор, женски младински хор и мандолински оркестар. Програмата за работа ја поддржуваат Министерството за култура и општина Битола. - Веруваме дека во годината на јубилејот поддршката ќе биде поголема и зголемена надвор од финансирањето на проектите кои веќе се одобрени. Имаме и поддршка на бизнис-секторот, а најголема мотивација ни претставуваат бројните награди и признанија. Неколку пати сме ја добиле наградата на градот Битола „4 Ноември“, во поранешната држава добивме Орден со златен венец, но посебно ни е драга и државната награда „11 Октомври“ и, секако, наградите од меѓународните фестивали, истакна Трифуновски. Тој додаде дека централната свеченост по повод 70 годишнината од основањето на КУД „Стив Наумов“-Битола ќе се одржи на 6 ноември кога, како што рече, ансамблот со песна ќе се наврати на летописните книги и други податоци кои сведочат за работата на друштвото и значењето на хорското пеење. /Извор: МИА/Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеШто откриваат научните истражувања за очилата за заштита од сина светлина?Екраните станаа незаменлив дел од секојдневието. Денот често ни започнува со проверка на мобилните телефони; на работа поминуваме часови гледајќи во компјутерот, а вечерите ги поминуваме пред телевизор или прелистувајќи по социјалните мрежи. Многумина се запознаени со последиците: замор на очите, главоболка, заматен вид и општо чувство на напрегнатост, пренесува „Bored Panda“. Со оглед на ова, популарните производите кои ветуваат олеснување не се изненадување. Очилата што ја филтрираат сината светлина се претставуваат како едноставно решение, наместо промена во навиките, намалување на времето поминато пред екраните или правење редовни паузи – корисниците можат едноставно да стават очила кои, наводно, го филтрираат проблематичниот дел од светлосниот спектар. Маркетиншки ветувања и едноставна логика Производителите ги рекламираат овие очила како решение за непријатноста во очите предизвикана од долготрајна работа на компјутер; некои одат и чекор понатаму, па ветуваат подобар сон и заштита на мрежницата од оштетување. Привлечноста на ваквите очила е разбирлива. Логиката се чини едноставна: ако екраните предизвикуваат проблем, филтрирањето на нивната светлина би требало да е решението. Сепак, научната основа за овие тврдења е многу посложена отколку што сугерираат маркетиншките пораките. Што вели науката? Еден опсежен систематски преглед, објавен во научната база „Кокран“ (Cochrane), ги анализирал постојните клинички испитувања за ефектите од очилата што ја филтрираат сината светлина. Истражувачите го проучувале нивното влијание врз видот, напрегањето на очите, здравјето на мрежницата и квалитетот на сонот. Наодите од студијата ги доведуваат во прашање маркетиншките тврдења и поттикнуваат дискусија за тоа што реално потрошувачите можат да очекуваат од овие производи, како и дали постојат поефикасни методи за ублажување на тегобите поврзани со екранот. Анализа на 17 случајно распоредени студии покажала дека леќите што филтрираат сина светлина не го намалуваат значително напорот врз очите или непријатноста за време на користење на екранот. Нивното влијание врз квалитетот на спиењето останува нејасно поради недоследни резултати од истражувањата; па според тоа, во моментов нема цврсти докази дека ваквите леќи го подобруваат сонот. Понатаму, клиничките истражувања не дале докази дека овие очила ја штитат мрежницата - задниот дел од окото, вклучувајќи ја и макулата - или спречуваат долгорочно оштетување на неа. Што се однесува до несаканите ефекти, тие генерално биле ретки, благи и привремени и почесто биле поврзани со носењето на самите рамки за очила, а не со специјалниот слој на леќите. Извор: srecne.republika.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљСветската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови. Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година. Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика. „Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи. Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСоветот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта ПејНа денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети. Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем. „Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора. Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците. Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора. Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24