КУД „Илинден"-Битола слави 65 години постоење - Канал 5

КУД „Илинден"-Битола слави 65 години постоење

Културно – уметничкото друштво „Илинден" од Битола годинава одбележува 65 години од основањето, а свеченостите посветени на јубилејот ќе бидат реализирани со ревија на народни носии и концерт.

КУД „Илинден"-Битола слави 65 години постоење

Јубилејната програма е адаптирана на мерките за заштита од Ковид-19, но како што информираат од КУД „Илинден"-Битола, сепак достоинствено ќе бидат одбележани 65 години културно творештво, 65 години опстојување, 65 години горди чувари на македонската традиција.

-Јубилејната програма ќе биде реализирана во текот на овој месец, како дел од прославата 65 години КУД „Илинден" Битола и со повод, затоа што месец август е месецот на нашиот патрон Илинден и се состои од ревија на народни носии и концерт на традиционална музика и игра. Двата настана ќе се одржат на 13 и 14 август и заради здравствените протоколи ќе бидат од полуотворен тип. Во КЦ Магаза ќе се одржи ревијата, додека пак во амфитеатарот на Тумбе кафе ќе биде одржан концерт, изјави Антонијо Димитровски, претседател на КУД „Илинден"-Битола.

Јубилејна програма е посветена на основачите на КУД „Илинден"-Битола и во чест на јубилејот, во текот на годината ќе бидат промовирани видео и фото документацијата од настапите на ансамблите почнувајќи од првите фотографии на оркестарот и други ретки материјали од богатата архива на Друштвото, претставување на поранешни и актуелни членови на ансамблот, соработници, помагатели и поддржувачи./MИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Моцарт го „освојува“ Салцбург: Позлатени фигури се појавуваат низ градот

Од денес, улиците, парковите и знаменитостите на Салцбург се украсени со повеќе од 300 позлатени фигурини на Волфганг Амадеус Моцарт, поставени по повод одбележувањето на 270-годишнината од раѓањето на еден од најголемите композитори во историјата.

Моцарт го „освојува“ Салцбург: Позлатени фигури се појавуваат низ градот

Фигурините високи пет сантиметри се дело на германскиот уметник Отмар Херл и се изработени по нарачка на фондацијата „Моцартеум“, објави денес весникот *Le Figaro*. Тие го прикажуваат Моцарт со неговото куче, Пимперл. Според фондацијата, фигурините се поставени во градината каде што композиторот често шетал, во неговиот некогашен стан, како и на други локации низ градот, пренесува Танјуг.

Херл изјави дека не сакал да создаде уште еден споменик на Моцарт, туку да ја прикаже неговата човечка страна и да покаже дека, и покрај својот гениј, тој бил обичен човек.

Фондацијата „Моцартеум“ нарача вкупно 400 фигурини, а дел од нив се чуваат во складиште за да се надоместат евентуалните загуби поради кражба. Според претставникот на фондацијата, Линус Клумпнер, две фигурини се веќе украдени. Посетителите што сакаат да ја земат фигурината како сувенир, можат да ја купат за 100 евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Актерка виси на справа за пилатес Кадилак

Убавата балканска актерка, 40 годишната Нина Сеничар редовно тренира дури и по две породувања, а сега покажа и некои од вежбите што ги прави. 

Фото: Актерка виси на справа за пилатес Кадилак

Се снимала себеси на справата за пилатес Кадилак - која се состои од хоризонтален кревет над кој има метална рамка со разни додатоци - пружини, јамки, дрвена шипка и трапез на кој висела актерката.

Инаку, актерката живее во Лос Анџелес со својот сопруг-милионер и децата, а еднаш зборуваше за деловните предизвици и истакна дека секогаш го избирала потешкиот пат.

– Ја имам таа потреба да почнам одново, од нула, таа постојана потреба за борба, за мачење. Почетоците воопшто не се лесни. Двапати почнав од нула, во смисла дека двапати се преселив во друга земја, но тоа не значи дека нема да го направам тоа повторно – изјави таа еднаш.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Орце Ѓорѓиевски: „Добредојдовте во Скопје“

[❤️]  „Добредојдовте во Скопје“ - порака со која испраќаме топло добредојде до сите што пристигнуваат во нашиот град, објави на својот Фејсбук првиот човек на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Орце Ѓорѓиевски: „Добредојдовте во Скопје“

[🌃] Скопје го разубавуваме со љубов, внимание и посветеност, затоа што секој детал е важен кога градиме град со препознатливо лице и топла душа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер