Кучињата го продолжуваат човечкиот живот - Канал 5

Кучињата го продолжуваат човечкиот живот

Сопствениците на кучиња имаат помал ризик од кардиоваскуларни заболувања , тврдат научниците

Кучињата го продолжуваат човечкиот живот
Во Шведска е направена голема студија врз 3,4 милиони луѓе , во која било утврдено дека сопствениците на кучиња помалку страдаат од кардиоваскуларни заболувања и имаат подолг живот .
Тимот научници ги споредувал податоците на лица на возраст од 40 до 80 години со листа на сопственици на кучиња. Утврдиле дека сопствениците , особено оние од расите на ловечки кучиња имаат помал ризик за срцеви заболувања.

Најдобри се кучињата териери , ритривери и јазовичари . Тие објаснуваат дека трчањето п кучињата или едноставно прошетката е редовна физичка активност што им недостига на другите луѓе.
Позитивно е што сопствениците на кучиња имаат повеќе контакти со други луѓе што делува на нивната психичка состојба, како и поради промената на т.н. микробиома .
,, Резултатите покажаа дека самците кои имаат куче имаат за 33 % помал смртен ризик , како и 11 % помал ризик од добивање срцев удар, во споредба со самците кои немаат кучиња” , вели таководителот на проектот Мвенија Мубанга од Универзитетот во Упсала .

Лицата кои живеат сами се најподложни на кардиоваскуларни заболувања.
Ваквите истражувања на Шведските научници го потврдуваат и од Британската Организација за срце .

Според Др. Мајк Кнептон вели дека чувањето куче е поврзано со намалување на ризикот од срцев напад , но досега немало вакви точни податоци поради недостигот на информации за бројот на сопствениците .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Идентични близначки се омажија за идентични близнаци, тајната ја чувале четири години (ФОТО)

Идентичните близначки Камил и Кенерли Кит, познати како музичкото дуо „The Harp Twins“, се венчаа со идентичните близнаци Дромил и Дромал Волфганг.

Идентични близначки се омажија за идентични близнаци, тајната ја чувале четири години (ФОТО)

Двојката се венча во 2022 година, но со години го криеја бракот од јавноста и го потврдија дури на почетокот на оваа година. Двата пара близнаци привлекуваат внимание на социјалните мрежи, каде што објавуваат содржини поврзани со музика.

Се запознаа по концерт

Нивната приказна започна во 2019 година, кога браќата Волфганг, кои се тапанари, чекаа во ред по концертот на сестрите Кит за да ги запознаат. Тие донесоа цртеж на кој беа прикажани двете сестри.

„Тоа е една од оние ситуации кога веднаш знаете дека ова е тоа“, изјави Камил за Today. По првата средба, четворицата музичари брзо се зближија. Браќата Волфганг наскоро им се придружија на сестрите на турнејата, поради што ги напуштија своите работни места во градежништвото и се посветија целосно на музиката и заедничкиот живот. Со текот на времето, Камил и Дромил се заљубија, како и Кенерли и Дромал, па двете сестри се омажија за двајцата браќа близнаци.

Тие ја криеја свадбата со години

Двата пара се венчаа на ист ден, 22 февруари 2022 година, и во исто време - во 14:22 часот. Церемонијата се одржа во друштво на најблиските роднини и пријатели.

Тие ја објаснија одлуката да го задржат бракот за себе со желбата да избегнат дополнително медиумско внимание и бројни прашања што веројатно ќе следат поради нивната необична семејна комбинација. „Некои луѓе велат: „Тоа е чудно““, рече Дромал, а потоа додаде: „Ние велиме: „Па, можеби си чуден“.“

„Сите сме најдобри пријатели“

Дромил, исто така, зборуваше за посебната врска што ја дели со својот брат. Тој вели дека луѓето кои не се близнаци честопати тешко разбираат колку може да биде блиска таквата врска. „Луѓето кои немаат близнак честопати не разбираат или не ги одобруваат толку блиските врски“, рече тој.

Четворицата беа силно поврзани од самиот почеток, а нивната свршувачка е дополнителна потврда за нивната компатибилност. Двата пара се свршија во исто време и со идентични прстени. „Сите сме најдобри пријатели“, рече Кенерли. „Ги имаме нашиот близнак, нашиот сопружник и неговиот близнак. Тоа е навистина најдоброто од сè.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане

Доживотна казна затвор за серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане -кумановскиот суд го прогласи за виновен по сите точки од обвинението, односно за четири убиства и два обиди за убиство. 

Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане

Според судот, таргет биле изнемоштени и стари жени, а мотивот бил некрофилија. Кумановскиот суд не успеал да најде ниту една олеснителна околност при изрекувањето на пресудата.

Обвинителството е задоволно од пресудата - за обвинителот Љубомир Лапе, судот немал друга опција освен да му изрече доживотна затворска казна на Бојковски.

Бојковски и неговиот адвокат смирено ја дочекаа пресудата во судница - но надвор од неа, осудениот на доживотна казна затвор за четири убиства, при влезот во возилото, демонстрираше нервозно однесување и неразбирливи гестикулации. Бојковски е осуден за убиствата на Станче Каровска, Јанка Антевска, Марија Маринковска и Мира Станковска, како и за обид за убиство на Слоботка Арсовска и Росанка Трајковска. Кривичните дела на свиреп и грозоморен начин биле извршени во периодот од јануари 2025 до февруари 2026 година, а жртви биле претежно повозрасни и немоќни жени кои живееле сами.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети

Констатирани 161 прекршок.

Акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети

На 08.10.2026 година, во периодот од 11:00 до 17:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли насочени кон возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мотоцикли, трицикли, четирицикли и лесни електрични возила (тротинети).

При контролите констатирани се вкупно 161 прекршок, за кои се преземени соодветни мерки согласно законските прописи.

Најголем број прекршоци се констатирани на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Битола – 44, потоа од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата – 28, како и на подрачјата на Секторот за внатрешни работи Велес и Секторот за внатрешни работи Струмица, со по 22 прекршоци.

Во рамки на контролите поднесени се и осум кривични пријави согласно член 297-а од Кривичниот законик.

Констатирани се и 493 прекршоци од друг вид.

Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување на зајакнати сообраќајни контроли на целата територија на државата, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и доследно почитување на сообраќајните правила и прописи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер