Кучето му го изџвакало прстот до коска и така му го спасило животот – Еве што дознал во болница - Канал 5

Кучето му го изџвакало прстот до коска и така му го спасило животот – Еве што дознал во болница

Неговата жена го разбудила со вресок откако затекнала страшна сцена.

Кучето му го изџвакало прстот до коска и така му го спасило животот – Еве што дознал во болница

Дејвид Линдзи бил шокиран кога едно утро го затекнал своето куче покрај ногата, а прстот буквално му бил изџвакан ​​до „коска“. Од сон го разбудиле врисоците на неговата сопруга, која забележала крв на ногата.

Неговиот седуммесечен булдог му го скршил палецот додека спиел, а ноктот му висел. Сепак, се покажало дека тоа морало да се случи за животот да му биде спасен, бидејќи лекарите откриле дека не ги чувствувал стапалата поради две зачепени артерии.

Иако овој инцидент се случил со неговиот миленик, Дејвид, кој има шест деца и 11 внуци, не планира да се ослободи од кучето.

Дејвид, кој има дијабетес, открива дека откако неговата сопруга го разбудила, сфатил дека прстот му е изџвакан до коска, а коската напукната.

Девет дена поминал во болница откако сопругата навреме интервенирала. Таа му го завиткала прстот и го однела во итната медицинска помош. Нему му биле дадени интравенски антибиотици за да се спречи ширење на инфекцијата поради каснувањето, но тешката повреда го натерала да сфати дека не го чувствува стапалото.

За време на скенирањето, лекарите откриле дека има две блокирани артерии. Ако крвта не се враќа, оваа блокада би довела до ампутација на ногата. Благодарение на неговото куче, кај Дејв се планира вградување на стентови кои ќе ги отворат артериите и ќе овозможат проток на крв.

- На сето ова човек треба да се насмее. Ми направил услуга со тоа што ми го гризнал прстот. Сега чекам да видам дали можат да ми стават стентови. Ќе го задржам кучето. Ќе се обидам да си го задржам и прстот, но ако не може, му реков на докторот да ми го отсече и да му го однесам дома – се шегува Дејвид.

Дејвид се надева дека наскоро ќе се врати дома кај сопругата и булдогот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четворица италијански државјани загинаа при уривање на воен хеликптер на ЕУФОР во Босна и Херцеговина

Четворица италијански државјани загинаа вчера при уривање на воен хеликоптер на ЕУФОР во близина на градот Горице во Босна и Херцеговина.. 

Четворица италијански државјани загинаа при уривање на воен хеликптер на ЕУФОР во Босна и Херцеговина

Мисијата ЕУФОР потврди дека нивниот авион се урнал за време на рутинска операција во областа Брчко..

Повредени се 12 лица.

Во несреќата не е оштетен цивилен имот или инфраструктура и нема повредени цивили.. Од ЕУФОР најавија целосна и темелна истрага за инцидентот и ќе објават повеќе информации откако ќе се утврдат сите факти.

Во исто време, ги повикаа граѓаните да ги следат само официјалните канали за да избегнат дезинформации..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Собранието продолжува расправата за ребалансот на буџетот

Во Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска продолжува расправата за вториот ребаланс на буџетот за 2026 година. Поднесени се вкупно 124 амандмани.

Во Собранието продолжува расправата за ребалансот на буџетот

Со новите проекции, приходите се намалуваат на 374,2 милијарди денари, а расходите на 420,5 милијарди денари. Најголемото намалување е кај акцизите, од 34,1 на 30,4 милијарди денари.

Буџетскиот дефицит останува 46,3 милијарди денари, односно 4,1 процент од бдп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава

Вицепремиерот на Црна Гора задолжен за европски и надворешни работи – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава. 

Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава

Тој денеска ќе се сретне со претседателот на Собранието – Африм Гаши како и со вицепремиерот Александар Николоски.

На вчерашната средба со министерот за надворешни работи и надворешна трговија – Тимчо Муцунски, тие го го потврдија високото ниво на пријателски односи меѓу Македонија и Црна Гора, сојузништвото во НАТО, како и заедничката определба за стабилен и европски интегриран Западен Балкан.

На средбата стана збор и за денешното финализирање на договорот за воведување нова авионска линија меѓу двете земји, како и за натамошно продлабочување на соработката во економијата, инфраструктурното поврзување, енергетиката и туризмот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер