Кучето го предаде својот пријател

Кој рекол дека кучињата се лојални?

Овој бул мастиф не размислуваше воопшто за да покаже на оној кој го направил хаосот во куќата.
Од страв, францускиот булдог го има погледот на вина. Исто така и целиот е покриен со тоалетна хартија.

Погледнете во видеото како сопственичката дозна кој го направил хаосот во куќата?

Управниот одбор на Токсикологија заседава во четврток, треба да го потпише решението на ДСЗИ

Вонредниот состанок на управниот одбор на Токсикологија во четврток ќе треба да заседава и да го потпише решението на ДСЗИ со кое се забранува на вработените до кога им траел договорот да доѓаат на работа во клиниката.

Медицинскиот директор потпишува забрана за медицински лица на кои им престанал договорот да доаѓаат на работа, организациската директорка не става потпис и праќа приговор, велат извори на Канал 5, откако утринава државниот санитарен и здравствен инспекторат повторно влезе во клиниката за да провери дали 11 лица незаконски извршуваат работни задачи. И економската директорка Иљази со скенирано писмо каде вели дека медициснкиот директор е тој што ништо не потпишувал што е важно за клиниката. во петокот клиниката се поплави поради дупната цевка на парното. Токму и вработените реагираа дека ништо не функционира во клиниката и за тоа ја посочија економската директорка.

Петмина загинати во руски напад врз украинскиот „Хари Потер замок“

Бројот на жртви во руското ракетирање на популарно наречениот замок „Хари Потер“ во украинскиот град Одеса се искачи на пет.

Уште 32-ца се ранети во синоќешниот напад врз објектот каде е сместен правниот факултет во јужниот пристанишен град.

Според украинските власти, тие кои биле во зградата немале доволно време да се евакуираат, бидејќи сирените се активирале само неколку минути пред нападот.. По Киев и Харков, одеса е трет по големина град во Украина и до војната беше еден од клучните градови за економијата на земјата и популарно туристичко одморалиште..

Тројца кинески астронаути слетаа на Земјата по шест месеци поминати во орбиталната станица

Кинеското вселенско летало Шенжу-17 денеска се врати на Земјата со тројца астронаути кои ја завршија својата шестмесечна мисија на орбиталната вселенска станица, јавија кинеските медиуми.

Тројцата астронаути слетаа на локацијата Донгфенг во северниот дел на кинеската автономна област Внатрешна Монголија во пустината Гоби, нешто пред 18 часот по локално време.

Слетувањето се случи четири дена откако екипажот на вселенската капсула Шенжу-18 се спои со орбиталната станица за да ги замени космонаутите од Шенжу-17. /МИА

притисни ентер