Кученцето Вуди стана вистински хит на социјалните мрежи: Не разбира англиски, но шпанскиот му е сосем јасен - Канал 5

Кученцето Вуди стана вистински хит на социјалните мрежи: Не разбира англиски, но шпанскиот му е сосем јасен

 Вуди, преслатко мало бело куче со црни уши и сиво-црни дамки, неодамна го освои интернетот и стана популарен благодарение на својата необична „јазична способност“.

Кученцето Вуди стана вистински хит на социјалните мрежи: Не разбира англиски, но шпанскиот му е сосем јасен

Вуди воопшто не реагира на наредби на англиски јазик, но затоа совршено ги разбира оние на шпански. Во видео објавено на платформата ТикТок, неговата сопственичка објаснува дека нејзиното милениче разбира исклучиво шпански, и тоа го демонстрира пред камера.

Видеото досега има над 1,8 милиони прегледи. На снимката сопственичката му дава наредба на англиски, но Вуди збунето ја набљудува. Но откако ќе му се обрати на шпански, тоа без двоумење реагира. Корисниците на социјалните мрежи оставија голем број позитивни и духовити коментари.

„Ги сакаме момците што зборуваат повеќе јазици“, „Обожавам да гледам кучиња што разбираат различни јазици“, „Навистина е пресладок“, како и „Имав померанец и беше двојазичен“, се само дел од коментарите. Тиктокерката одговори на прашањата од следбениците, откривајќи дека претпоставува дека Вуди е малши (Malshi) - мешавина од расите ши-цу и малтезер.

Според објавената студија на страницата на Американскиот кинолошки клуб, кучињата не ги разбираат јазиците на ист начин како луѓето, туку учат да поврзуваат одредени звуци со конкретни дејства. Доколку за време на дресирањето постојано слушаат заповеди на одреден јазик, токму тие зборови ќе ги поврзат со одредено однесување. По ова, не е воопшто чудно во двојазични семејства животното да реагира само на јазикот што се користи почесто.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нашиот најдобар натпреварувач во коњички спорт ќе настапи на Светското првенство во прескокнување пречки

Со гордост објавуваме дека нашиот најдобар натпреварувач во коњички спорт Лука Заложник ќе настапи на Светското првенство во прескокнување пречки.

Нашиот најдобар натпреварувач во коњички спорт ќе настапи на Светското првенство во прескокнување пречки

Светското првенство од 19 до 23 август ќе се одржи во Ахен, Германија – храмот на светскиот коњички спорт.

Во конкуренција на најдобрите натпреварувачи од светот, тој ќе ја претставува нашата земја со гордост и спортски дух.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитријевиќ: ОЈО да постапи, дали бомбата кај вработениот во МВР врзан со кумот на Мицкоски води до провизии од 300.000 евра за тендери?

Бомба е фрлена во домот на Милко Бошковски во Бардовци.

Димитријевиќ: ОЈО да постапи, дали бомбата кај вработениот во МВР врзан со кумот на Мицкоски води до провизии од 300.000 евра за тендери?

Свиркачи до нас доставија шокантно видео кое го објавивме.

Бомба е фрлена во домот на Милко Бошковски во Бардовци.

Настанот се случил пред два дена, во недела, на 16 август.

Кој е Милко Бошковски?

Вработен во МВР, во отсек за организиран криминал.

Бошковски е директно поврзан со кумот на премиерот Христијан Мицкоски.

Негов личен пријател и според нашите информации близок соработник.

Ова не е обичен безбедносен инцидент.

Прашњето е зошто се крие од јавноста овој настан?

Која е позадината?

Панче Тошковски глуми експерт за вода, за хиперхлорирање, за чистење водоводи, прави се само не си ја работи својата работа.

Каде е да каже зошто кај вработени во МВР и поврзани со кумот на премиерот Мицкоски се фрлаат бомби?

Информациите кои свиркачите ги доставија до нас водат до основани сомненија дека причината е нереализиран бизнис дил со провизии.

Јавно го повикуваме Јавното обвинителство да отвори истрага, да ги провери овие наводи и основани сомнежи и да одговори:

Дали е во прашање провизија - мито од 300.000 евра за бизниси и тендери?

Каде требало да завршат 300.000 евра?

Дали има некаква врска со тендери во РЕК и со градежно атрактивно земјиште во Скопје?

Панче Тошковски да одговори со што се занимаваат неговите вработени?

Дали е точно дека истиот овој полициски службеник бил и претходно пријавен во Јавно обвинителство за барање мито од 200.000 евра од поранешен градоначалник?

Вака изгледа кога организирана криминална група владее со државата.

Граѓаните очекуваат одговори, граѓаните очекуваат одговорност.

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Пејачка во секси бикини

Мини-бикини што едвај покриваат сè.

Фото: Пејачка во секси бикини

Британската пејачка Рита Ора покажа како ужива на луксузна јахта, нејзините фотографии во бикини ги воодушевија следбениците и уште еднаш привлекоа големо внимание во јавноста.

35 годишната Рита сподели серија фотографии од своите летни патувања, а нејзините објави повторно привлекоа големо внимание на социјалните мрежи.

Пејачката дел од летото го помина на различни европски дестинации, при што особено се издвои нејзиниот одмор на Ибица, каде што уживаше во друштво на својот сопруг Таика Ваитити и пријателите.

Двојката помина време на луксузна јахта, а Рита позираше во неколку впечатливи бикини-изданија. Особено внимание привлече фотографијата на која таа позира на бродот во минијатурно сребрено бикини.

Фотографиите што таа ги објави ја прикажуваат пејачката како се разладува во морето, ужива на јахтата и поминува време со пријателите. Некои од фотографиите се направени со помош на паметните очила на „Мета“, кои таа ги користела за да ги овековечи моментите од својот одмор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер