Куче со месеци лае на пумпа во подрумот, преплашеното семејство ги чека резултатите од тестот - Канал 5

Куче со месеци лае на пумпа во подрумот, преплашеното семејство ги чека резултатите од тестот

Целосно збунет од фактот дека неговото куче не престанува да лае на пумпата во подрумот, сопственикот четири месеци се обидува да открие што толку го нервира овој четириножен пријател.

Куче со месеци лае на пумпа во подрумот, преплашеното семејство ги чека резултатите од тестот

Такер, мопс (мешавина од мопс-бигл), почнал да лае пред околу четири месеци, пишува Newsweek: тој стои на врвот од скалите во подрумот и лае неконтролирано, повикувајќи го својот сопственик да го следи. Кога ќе се симнат во подрумот, Такер и неговиот сопственик Буел застануваат пред пумпата, уредот што вади вода под куќата.

@scottbuell #teamtucker update: radon gas test kit and carbon monoxide alarms bought. Setting them up today. You can see Tucker is still obsessed though ive put the lid on the sump pump and closed the door. Lets see what happens here. #dog #dogsoftiktok #dogtraining #dogsense #teamtucker #dogs ♬ original sound - ScottBuell

Кучето постојано лае и станува погласно додека гледаат во пумпата, но на изненадување на Буел, таму немало ништо. Ден по ден, Такер нервозно чека Буел повторно да се симне во подрумот, а неговата постојана потреба за тоа достигна „застрашувачка граница“.

Буел објави видео од необичното однесување на своето куче на профилот @scottbuell TikTok.

@scottbuell Losing my mind over this dog. Meet Tucker. He’s a lovable puggle. But he’s crazy! This happens only with me, not my wife. He waits by the door. The this. Every. Single. Time. It started about 6 months ago and it’s gotten progressively worse. There is NOTHING in that sump pump. I’ve shined high powered flashlights there. Clear water. Nothing. Any thoughts?? #dog #dogsoftiktok #dogs #dogtraining #crazydog #doglovers ♬ original sound - ScottBuell

Мистеријата продолжува и ги збунува него и неговото семејство. Буел споделил неколку видеа, објаснувајќи дека нема причина за однесувањето на Текер.

Семејството решило да направи и тест за присуство на радон, но постои сомнеж за негово присуство. Радонот е безбоен и без мирис гас кој може да помине низ пукнатините во темелите или подрумите на станбените згради и да навлезе во куќите и становите. Долготрајната изложеност на овој гас може да предизвика развој на алергии, пад на имунитетот и многу сериозни болести.

@scottbuell Now I’M obsessed! 😫 I looked inside the tubes leading into the well. Empty! Radon test is underway. Thats going to take some time. But now ive ruled out animals trapped in there. It really could be that he heard it go off once and it freaked him out. He doesn’t do this wth the other sump pump down here. Im determined to figure this out. He doesn’t do this to my wife. Only me. I feel bad for him! #dogs #dog #dogsoftiktok #dogtraining #teamtucker ♬ original sound - ScottBuell

Семејството на Буел живее во куќата 16 години и се сомневаат во можноста за изложување на радон. А Такер не е новодојденец: тој бил посвоен пред две години и никогаш не се однесувал вака до пред 4 месеци.

Од другата страна на куќата има уште една пумпа, а Такер се уште е опседнат само со оваа. Буел погледнал во одводот и открил дека е целосно сув, освен ако нешто не се вселило и направило гнездо во него, додека гасот и каблите биле поставени од другата страна на куќата.

Гледачите на ова видео посакуваат да е нешто паранормално, додека Буел мисли дека Такер го променил своето однесување, а можеби видел пајак како лази под вратата, што постојано го нервира.

Откако мистеријата се разгоре, многу луѓе дојдоа кај Буелс за да помогнат: локалната водоводна компанија ја тестирала водата од пумпата, а еден бихејвиорист понудил да работи на однесувањето на Такер.

Необичната „серија“ на „ТикТок“ има милиони прегледи, а некои „продолженија“ добиваат десетици илјади прегледи и коментари на ден.

„Јас сум навлечен на ова: треба да откријам што знае тоа куче!“ рече еден гледач.

Друг коментира: „Кога ништо не се појавува, претпоставувам дека тоа е дух и тоа е единственото нешто што има смисла. А можеби тоа е порта кон друг универзум“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Хаос во Франција повредени повеќе од 600 лица

Повеќе од 600 лица се уапсени за време на акциите за блокирање на средни училишта во Франција, а над сто ученици и полицајци се повредени во судирите со полицијата, изјави францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез.

Видео: Хаос во Франција повредени повеќе од 600 лица

Според него, уапсени се 625 лица, а 199 од нив се повредени, од кои 83 се полицајци. Тој ги осуди „нападите врз полицајци, фрлањето предмети и насилството“, како и „урбаното насилство“.

Според него, полицијата интервенирала со „голема воздржаност“ и покренала истраги во врска со повредените студенти.

„Станува збор за малолетници кои се соочуваат со полицијата. Очигледно е дека полицијата пропорционално користи средства како што е солзавецот“, изјави Нуњез. Според „Фигаро“, движењето на средношколците и понатаму е поттикнувано од поединци од левичарската партија „Непокорена Франција“ (LFI) и од поддршката на студентите.

Лидерот на LFI, Жан-Лук Меланшон, претходно во средата ги отфрли обвинувањата на францускиот претседател Емануел Макрон дека партијата поттикнува немири за време на протестите на средношколците низ земјата.

Францускиот министер за високо образование, Филип Батист, ја обвини LFI за поттикнување насилство за време на блокадите на училиштата, кои продолжуваат во неколку градови низ земјата, додека претседателот Макрон изјави дека политичките лидери не треба да бидат меѓу демонстрантите за да „шират страв и да го поттикнуваат најлошото“.

Средношколците низ Франција ги блокираат влезовите на училиштата уште од почетокот на неделата, додека државните службеници стапија во штрајк поради планираните кратења на буџетот и условите за работа.

Протестите се интензивираа во последните денови; во Париз беа блокирани околу десет отсто од училиштата, главно во предградието Сен-Дени, во Лил вчера беа запалени контејнери пред едно средно училиште, додека во Лион дојде до судир меѓу полицијата и учениците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рекорден септември на uslugi.gov.mk: 27.345 поднесени барања за еден месец, вкупната бројка надмина 400.000

Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk во септември забележа рекордна употреба – во текот на месецот граѓаните и компаниите поднеле 27.345 барања за електронски услуги, што го прави септември убедливо најуспешен месец досега

Рекорден септември на uslugi.gov.mk: 27.345 поднесени барања за еден месец, вкупната бројка надмина 400.000

Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk во септември забележа рекордна употреба – во текот на месецот граѓаните и компаниите поднеле 27.345 барања за електронски услуги, што го прави септември убедливо најуспешен месец досега, надвор од услугата за ИКТ ваучерите со која беа услужени над 50 илјади студенти.

Со овој резултат, вкупниот број на барања поднесени преку Националниот портал надмина 400.000 и достигна 405.881 барање.

Континуираниот раст на користењето на порталот е резултат на проширувањето на бројот на достапни електронски услуги, поедноставувањето на постапките и сè поголемата соработка со институциите кои своите услуги ги прават целосно достапни онлајн.

Особено се издвојува одличната соработка со Државниот завод за статистика, со кој во изминатиот период беа дигитализирани и ставени на располагање повеќе услуги, вклучително и услуги наменети за студентите и академската заедница.

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски истакна дека бројките покажуваат дека граѓаните сè повеќе ја препознаваат вредноста на електронските услуги.

„27.345 барања за само еден месец е најдобриот резултат од постоењето на порталот. Уште поважно е што вкупно ја надминавме бројката од 400.000 барања. Ова покажува дека кога услугата е едноставна, достапна и целосно електронска, граѓаните ја користат. Нашата цел е сè повеќе постапки да можат да се завршат од дома или од мобилен телефон, без шалтери, без непотребно чекање и без носење документи од една институција во друга“, истакна Андоновски.

Министерството за дигитална трансформација продолжува со институциите да работи на дигитализација на нови услуги, нивно поврзување преку Платформата за интероперабилност и поедноставување на корисничкото искуство на Националниот портал.

Фокусот останува на услуги кои граѓаните и компаниите најчесто ги користат и кај кои дигитализацијата може да донесе најголема заштеда на време и административни трошоци.

Рекордниот септември е уште една потврда дека електронските услуги постепено стануваат стандарден начин на комуникација меѓу граѓаните и институциите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерство за култура: Објавен е Конкурсот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2026 година

Министерство за култура и туризам информира дека Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“  распиша Конкурс за доделување на државната „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ во 2026 година.

Министерство за култура: Објавен е Конкурсот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за  2026 година

Со државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ се оддава признание за остварувања во областа на публицистиката и новинарството.

Државната награда им се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани.

Државната награда, под условите определени во конкурсот, може да се додели и на странски државјани, група творци, екипи и институции од странство.

Конкурсот ќе трае од 1 до 31 октомври 2026 година.

Конкурсот и пријавата се достапни на веб-страницата на Министерството за култура и туризам.

Државни награди - Државни награди - Конкурси - Министерство за култура и туризам - Република Северна Македонија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер