ЗабаваКуче пропадна во замрзнато езеро, еве што се случи во моментите што го делеа од смртта (видео)Едно куче од расата сибирска хаска, пропаднало во замрзнато езеро.Тоа запливало во ледената вода, а неговиот сопственик без размислување влегол во езерото за да го спаси и пливал кршејќи го мразот пред себе. Видеото веројатно го снимил некој од неговите пријатели. На него се гледа како тој успева да дојде до кучето, а потоа го влече и заедно пливаат назад по истиот пат до брегот каде ги дочекуваат неговите пријатели. Момчето, видно смрзнато и во лоша состојба, се тресе и паѓа на снегот откако ќе излезе од водата. Секој од неговите другари ја соблекува јакната или џемперот и ги става врз ова момче кое стана вистински херој. - Ни требаат повеќе луѓе како ова момче, му благодариме - стои во описот на видеото. Видеото доби 323.000 „допаѓања“, а многумина ја пофалија храброста на ова момче. https://www.instagram.com/p/CwYyp1ZIIL8/?utm_source=ig_web_copy_linkКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУтрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08
МакедонијаСали и Бакер разговараа за пристапувањето во ЕУ и соработката со ХоландијаПрвиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со заменик-министерката за прашања на Европската Унија на Кралството Холандија, Хелен Бакер. Во фокусот на разговорите беа процесот на пристапување на Македонија во Европската Унија, спроведувањето на реформите и можностите за продлабочување на билатералната соработка. Сали изрази благодарност за континуираната поддршка од Холандија за европската перспектива на земјата и за придонесот во зајакнувањето на владеењето на правото, демократските институции и административните капацитети. Тој ја нагласи важноста на соработката преку холандската програма за општествена трансформација МАТРА, особено во областа на владеењето на правото, како и на размената на експертиза меѓу институциите. Министерот истакна дека пристапниот процес треба да биде праведен, предвидлив и заснован на заслуги, со јасни критериуми што ги вреднуваат реформите и конкретните резултати. На средбата, Сали го претстави напредокот во спроведувањето на Реформската агенда и приоритетите од Планот за раст за Западен Балкан. Тој нагласи дека постепената интеграција треба да донесе видливи придобивки за граѓаните и стопанството и да поттикне забрзување на реформите кон полноправно членство. Беа разгледани и можностите за натамошна соработка во зајакнувањето на институциите, размената на искуства и развојот на заеднички проекти. Кабинет на министерот за европски прашањаТагови: Беким Сали Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишен од слобода крадец во Скопје, се сомничи дека извршил повеќе тешки кражби на велосипедиСледува соодветна пријава.Полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево при СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба во Скопје го лишија од слобода Ѓ.П.(32) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршил повеќе тешки кражби на велосипеди. Тој се сомничи дека кривичните дела ги сторил на подрачјата на општините Аеродром, Центар и Кисела Вода. Од него биле одземени вкупно 12 велосипеди од различни локации и дел од нив биле вратени на сопствениците. По целосно документирање на случаите, ЕВР Аеродром и Драчево при СВР Скопје против лицето ќе поднесе соодветна кривична пријава.Тагови: крадец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинистерот Муцунски ќе учествува на Меѓународната конференција за Коридорот VIII во СофијаМинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре во Софија ќе учествува на Меѓународната конференција посветена на Коридорот VIII.Во рамките на конференцијата, министерот Муцунски ќе се обрати на панелот на високо ниво „Геостратешки контекст на Коридорот VIII“, посветен на стратешкото значење на коридорот во актуелните геополитички, безбедносни и економски услови. Во фокусот ќе биде неговата целосна реализација како заеднички стратешки интерес на земјите долж коридорот и на поширокиот европски простор. Конференцијата претставува продолжение на досегашниот политички дијалог за Коридорот VIII, вклучително и министерскиот состанок одржан во Тирана во февруари оваа година. На маргините на конференцијата е предвидена и билатерална средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова.Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУтрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08