Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување возило“, девет возеле без положен возачки испит
2Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување возило“, девет возеле без положен возачки испит
ФормулаКТМ потврдија за преговори со претставници на Луис ХамилтонШефот на одделот за моторспорт на КТМ, Пит Бајрер, потврди дека претставниците на Луис Хамилтон разговарале за потенцијално купување на австрискиот МотоГП тим од седумкратниот светски шампион во Формула 1.Како што знаете, КТМ е во сериозна финансиска криза, што доведе до големи отпуштања и намалено производство. Доверителите на марката дури сакаат да ги прекине сите негови тркачки програми, вклучително и онаа во МотоГП, но барем засега нема такви планови. Според Бајрер, кој зборуваше за „СпидВик“, доаѓањето на „Либерти медија“ ќе ги отвори вратите за подобра финансиска иднина за неговиот тим, кој ќе може да најде нови партнери и инвеститори. А еден потенцијален бил Хамилтон, чии претставници разговарале со Бајрер и компанијата. -Моменталната ситуација ве прави креативни и отворени за нови разговори, така што не сме отворени само за спонзори, како што беше порано, туку и за инвеститори. Сега треба да се вратам малку назад. „Либерти медија“ понуди 4,2 милијарди долари за купување на МотоГП и се надевам дека тој договор ќе се оствари. Петте производители – Хонда, Јамаха, Априлија, Дукати и КТМ сочинуваат голем дел од оваа бројка од 4,2 милијарди. Ова го запали интересот на инвеститорите кои почнаа да не бараат со идеја да инвестираат во МотоГП проект. Можам само да кажам дека имавме многу интересна дискусија со претставниците на Луис Хамилтон. Не е тајна дека Луис е заинтересиран за МотоГП и размислува да има свој тим, рече Бајрер./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00Фон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
СветВоена воздухопловна база под напад: Се слушаат силни експлозии, се издига густ чад (ВИДЕО)Областа околу Идлиб и воената воздухопловна база Тафтаназ во Сирија денес беше место на експлозии со непознато потекло, објави информативната мрежа „Сирија нау“, повикувајќи се на очевидци.Според извештаите, експлозиите започнале во 8:00 часот наутро, токму во моментот кога извидувачки авион прелетувал над локацијата. Снимките што кружат на интернет го прикажуваат моментот кога густ чад се издигнал од кругот на воздухопловната база, експлозиите продолжиле во текот на час и половина. Reports from Syria: A large, unidentified explosion occurred at Taftanaz Air Base in the Idlib countryside of northwestern Syria, with thick smoke rising from the base. A second explosion was reportedly heard shortly afterward near the military airfield. Amid drone activity in… pic.twitter.com/h83D3dbaHZ — KORRINA (@KORRINA31535546) October 2, 2026 Локалните жители претпоставуваат дека експлозиите можеби биле предизвикани од детонација на неексплодирани убојни средства во базата, каде што и во минатото се случувале слични експлозии. Воената воздухопловна база Тафтаназ била втора по големина база за хеликоптери во Сирија пред да стане место на воени операции за време на годините на сириската револуција, објави Ал Џезира. Таа била под контрола на опозициски фракции сè додека не била претворена во турска набљудувачка станица по договорот за деескалација постигнат во март 2020 година меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и рускиот лидер Владимир Путин. An unidentified explosion rocked Syria’s Taftanaz military airbase in Idlib, sending smoke into the sky, while reports emerged of another blast being heard in the area.#Syria #Idlib #MiddleEast #Explosion #TaftanazAirbase pic.twitter.com/BkiIm2VyCt — TAM (@Awakeningmedia1) October 2, 2026 Во текот на септември, во северозападна Сирија се случија низа експлозии, од кои најновата беше во воен објект во близина на градот Ал-Еис, јужно од Алепо. На 9 септември, 14 припадници на Министерството за одбрана загинаа, а неколку други беа повредени во експлозија во привремен магацин за оружје и неексплодирани убојни средства во Сармада, близу Идлиб. Претходно истиот месец, пет лица загинаа во градот Биниш во експлозија на автомобил натоварен со муниција.Тагови: Сирија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување возило“, девет возеле без положен возачки испитВо текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.Од нив, девет управувале возило без положен возачки испит и тоа: А.И.(29) и Х.З.(18), двајцата од Скопје, М.И.(21) и Ш.А.(35) од с.Студеничани, скопско, Р.С.(30) и С.М.(19) од Тетово, А.Ф.(25) од с.Врапчиште, гостиварско, Л.М.(48) од Гостивар и Н.Т.(49) од с.Преглово, Општина Пласница. Додека пак, со активна забрана за управување на моторно возило, возел А.В.(33) од Прилеп. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00Фон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаКаранфилова Пановска: Фон дер Лајен потврди дека ЕУ го признава македонскиот идентитетПораката на фон дер Лајен го потврдува она што СДСМ го говори од 2022 година.Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на прес конференција со Мицкоски јавно потврди дека местото на Македонија е во Европската Унија, заедно со македонскиот јазик, култура и идентитет што уште една потрда на она што говори СДСМ, рече на денешната прес-конференција заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска. „Денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен пред сите, пред целата јавност, кажа дека местото на Македонија е во Европската Унија.“ рече Пановска. Пораката на фон дер Лајен го потврдува она што СДСМ го говори од 2022 година — дека Европската Унија е унија на различности и дека европскиот пат подразбира целосно признавање на македонскиот јазик и идентитет. „Воедно, фон дер Лајен кажа дека тие во Европската Унија нè чекаат нас со широко отворени раце, заедно со нашиот јазик, со нашата култура и со нашиот идентитет.“ додаде таа. Пристапните преговори беа отворени во 2022 година, а скрининг-процесот беше заокружен во 2023 година, за време на Владата предводена од СДСМ. ВМРО и Мицкоски, пак, ширеа хистерија за наводно предавство и ветуваа враќање на името, раскинување на Преспанскиот договор и подобри преговарачки позиции. „Нè викаа нас предавници. Велеа дека ќе го вратат името. Ветуваа дека ќе го раскинат Преспанскиот договор, ветуваа дека ќе обезбедат подобри преговарачки позиции. И што се случи? Дојдоа на власт. По доаѓањето на власт, Преспанскиот договор за нив стана ремек-дело на дипломатијата. Ветувањата за подобри преговарачки позиции се претворија во блокиран европски процес„ рече Каранфилова – Пановска. Одолговлекувањето ја влошува позицијата на Македонија. Наместо исчекор во преговорите со Европската Унија, Мицкоски доби упатување кон билатерални разговори со Бугарија, потенцираше заменик претседателката на СДСМ. „Наместо европеизација добивме билатеризација. Колку се повеќе го одолговлекуваме процесот, позицијата на Македонија ќе се влошува. И тоа денеска се случи.“ рече Каранфилова – Пановска. Додека другите земји кандидати напредуваат и отвораат кластери, Македонија останува без патоказ. „Македонија, за жал, после 30 години сериозна стратешка определба, битки и жртви на патот за Европската Унија, ќе остане без патоказ.“ рече Пановска. Блокадата има последици за иднината на државата: младите и бизнисите заминуваат, а граѓаните остануваат посиромашни. Зад изјавите за наводна заштита на идентитетот останува блокиран европски пат, за кој одговорноста ја носат ВМРО и Христијан Мицкоски. СДСМТагови: Каранфилова Пановска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00Фон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16