Полицајци во САД пукале во автомобил и убиле едногодишно бебе, обвинителката смета дека било оправдано (ВИДЕО)
2Полицајци во САД пукале во автомобил и убиле едногодишно бебе, обвинителката смета дека било оправдано (ВИДЕО)
3Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
МакедонијаКСЗД им препорача на работодавачите да обезбедат доследна примена на законската заштита на работничките за време на бременост, раѓање и мајчинство Комисијата за спречување и заштита од дискриминација на работодавачите од јавниот и од приватниот сектор им препорачува да обезбедат доследна примена на законската заштита на работничките за време на бременост, раѓање и мајчинство. Комисијата за спречување и заштита од дискриминација на работодавачите од јавниот и од приватниот сектор им препорачува да обезбедат доследна примена на законската заштита на работничките за време на бременост, раѓање и мајчинство и да се воздржат од практики што доведуваат до нивен нееднаков или понеповолен третман при бременост, раѓање и мајчинство во остварувањето на правата од работен однос. Општата препорака донесена од КСЗД, како што појаснуваат од таму, произлегла од фактот што во повеќе предмети Комисијата утврдила директна интерсекциска дискриминација врз основа на пол и род во врска со бременост, раѓање и мајчинство во областа на работата и работните односи. - Поаѓајќи од уставната гаранција на правото на работа и социјална сигурност, уставната гаранција на посебната заштита на мајчинството, децата и семејството, како и посебната заштита на жените при работа, во согласност со домашото законодавство, како и меѓународната легислатива на Организацијата на Обединетите нации, Меѓународната организација на трудот и правото на Европската Унија, а имајќи ја предвид утврдената фактичка состојба во предметите поврзани со дискриминација по основ на бременост, раѓање и мајчинство во работните односи, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација врз основа на член 28 од Законот за спречувањето и заштитата од дискриминација упатува општа препорака за заштита од дискриминација на жените поради бременост, раѓање и мајчинство во работните односи, се наведува во документот. Во документот се додава дека во пракса жените работнички, особено оние што се вработени со договори за работа на определено време, се ставени во понеповолна положба во однос на други работници и работнички. Ова, пред сè, се додава во препораката поради поставеноста на правната рамка, која ги уредува договорите за вработување на определено време во согласност со што не постои нормативно, а со тоа и практично ограничување на нивната употреба од страна на работодавачите. - Законот за работните односи определува дека договорите за вработување на определено време се одредени од објективен услов, а не од постоење објективна причина за нивно склучување. Во согласност со ЗРО, судбината на овие договори, односно нивното времетраење е поврзано со доаѓање одреден датум, со појава на одреден настан или со завршување одредена задача, без притоа да утврди посебни ситуации или причини за тоа кога ваквите договори би требало и би можело да бидат склучени. Со тоа, во пракса, ваквите договори законот ги поставил како правило, а не како исклучок. Следствено, работодавачите немаат практично ограничување за тоа каков вид работен однос би засновале, односно каков вид договор за вработување би склучиле со работниците, а од договорите за вработување на определено време значително најзастапени се оние што се поврзани со истек на време, односно со доаѓањето одреден датум - се вели во препораката. И покрај фактот што работниот однос е договорен однос, наведуваат од Комисијата, сепак треба да се има предвид дека тој во суштина е субординиран однос, во кој работникот е во подредена економска положба во однос на работодавачот, па најчесто економските причини се тие што влијаат на изборот и волјата на работникот да склучи, односно да се согласи на договор за вработување на определено време. Работниците, се вели во препораката, особено работничките што волно склучиле договор за вработување на определено време, се во неизвесна положба во поглед на планирањето на семејниот живот и се во понеповолна положба во поглед на можноста од остварување права поврзани со бременоста, раѓањето, мајчинството, - Од тука, во услови кога работничката ќе забремени, работодавачите, по истекувањето на договорот за вработување на определено време, не се одлучуваат повторно да засноваат работен однос со работничката, односно да ѝ понудат анекс на договорот, дури и во ситуации кога околностите биле извесни или упатувале на продолжување, односно повторно засновање на работниот однос или кога претходно веќе постоела пракса на склучување последователни анекси на договорите, а воедно деловната потреба за работник/чка на тоа конкретно работно место не престанала - нагласува Комисијата. Во овие случаи, се додава во препораката, волјата и постапувањето на работодавачите повторно, односно последователно да не засноваат работен однос со работничката, се заснова исклучително на околноста поврзана со бременоста, рагањето и мајчинството, а таквото постапување за Комисијата претставува директна или интерсекциска дискриминација врз основа на пол и род, во врска со бременост, раѓање и мајчинство. Од друга страна, пак, се додава, меѓу другото во општата препорака на КСЗД, другите механизми за заштита пропуштаат да го препознаат фактичкото дејствување на работодавачот како дискриминаторско дејство, односно како дискриминација во вработувањето и пристапот до работа, не нудејќи соодветна заштита за оваа категорија работнички. Ова вклучува и непрепознавање на судската заштита според законот и спречување и заштита од дискриминација, односно тужба за дискриминација како можност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
МакедонијаИгор Ивановски во „Само интервју“Почитувани, вечерва во Само Интервју ќе гостува Игор Ивановски.Разговори за иднината или за смена на Филипче? Платформа 12 и 5, навремена или задоцнета? Надминување на јазот во СДСМ или ново опозициско престројување, се менуваат ли политичките сили на теренот или секое чудо за три дена? Која е „нишката“ на иницијаторите? Дали може власта и опозицијата да се обединат околу националните интереси? Достижна ли ЕУ или до недоглед ќе чекаме да се сменат правилата за влез во големото друштво? Каде е Македонија 35 години потоа, што можевме, а што не направивме и како да се променат состојбите во општеството? Само Интервју, вечерва со Гоце Михајлоски и Игор Ивановски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Живот Една минута е доволна да сфатите со кого имате работаСпоред психоаналитичарот Сигмунд Фројд однесувањето во одредена ситуација веднаш открива каков е нечиј вистински карактер.Сите барем еднаш сме биле во ситуација во која сме се запрашале дали некому можеме потполно да му да дадеме нашата доверба. Кога запознаваме некого, ги набљудуваме надворешните слоеви: начинот на кој говори за своето минато, топлината со која му се обраќа на семејството, амбицијата со која ја гради својата иднина. Сепак, кога некој говори за своите сништа и планови најчесто е вешта фасада која не открива што се крие во суштината на тоа битие. Сепак, Фројд открива дека вистинската величина на човекот не се мери по неговите зборови, туку по неговата реакција на отпорот. Што ве исфрла од рамнотежа? „Величината на вашата личност е одредена според величината на проблемот што ве вади од такт“ – вели Фројд. Посматрајте како некоја личност се соочува со ситните секојдневни предизвици кои не може да ги контролира. На пример, сообраќаен метеж, ладно кафе, мало недоразбирање, изразување гнев, тага или губењето самоконтрола – сето тоа е јасен сигнал на емоционална незрелост. Кога нечиј карактер реагира со „пожар“ на мала искра, тоа говори за недостаток на внатрешен мир и стабилност. Овие испади не се одраз на моментален стрес, тие се огледало на неспособноста да се носиме со животот на зрел начин. Вистинската сила, од друга страна, се огледува во тивката сила и способноста да го зачуваме сопствениот интегритет, дури и кога се чини дека сиот свет се руши. Зрелата личност знае дека нејзината вредност и мирот не зависат од надворешните околности, туку од ширината на нејзиниот внатрешен простор. Така што, следниот пат, кога ќе ја проценувате силата на нечија личност, не прашувајте за идните планови или соништата, посматрајте ги малите битки. Во нив се гледа колку некој е подготвен да чекори низ животната бура.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотТрагнал да вози Ферари, па се заглавил во тесна уличка- сите му се смеат (ВИДЕО)Тесните улици на историскиот центар на Севиља станаа „стапица“ за црвен луксузен автомобил со португалски регистарски таблички.Возачот на скапиот автомобил се нашол во незавидна ситуација откако се обидел да сврти, а потоа се соочил со сериозни тешкотии при маневрирањето низ тесен премин, објавува „Ел Дебет“. Во видео кое се појави на мрежите, снимено од очевидец, можете да видите како Ферарито се заглавило откако се обидело да сврти на улицата Бамберг, на аголот со улицата Арготе де Молина. View this post on Instagram A post shared by Aymeric Grassart (@aymeric_grassart) Минувачите се обиделе да го насочат возачот за да избегне оштетување на каросеријата. Од друга страна, корисниците на социјалните мрежи биле помалку љубезни кон возачот на Ферари. Многумина потсетиле на ризиците од возење низ најтесните и најпрометните делови на Севиља. „Кој би возел автомобил вреден 250.000 евра низ стариот центар на градот?“, прашал еден од нив. Медиумите известуваат дека пристапот до овој дел од градот е ограничен на станари, сопственици на гаражни простори и возила на јавниот сервис, токму поради тесните улици и недостатокот на простор за непречено движење.Тагови: ферари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter