КСОМ им нуди правна помош на стечајците од велешка „Порцеланка"

Станува збор за околу 1.750 поранешни вработени стечајци од Порцеланка. Секој од нив треба да добие во просек 80.000 денари, а некои и до 600 илјади денари.

Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) на денешниот состанок во големата сала на Општина Велес на кој присуствуваа голем број поранешни вработени – стечајци од велешка Порцеланка им понуди бесплатна правна и друга помош да ги наплатат заостанатите плати за кои уште од пред 20 години имаат правосилни решенија, како и отпремнините и испратнините.

Марјан Ристески претседател на КСОМ на состанокот им вети на стечајците од Порцеланка дека тие со својот адвокатски тим бесплатно им стојаат на располагање да ги разгледат документите и да се направат напори да им помогнат да си ги добијат заслужените пари од плати и други побарувања. За таа намена тие денеска формираа и координативно тело од седум стечајци од „Порцеланка", кое заедно со КСОМ ќе работи на случајот и исправање на неправдата која им е нанесена на работниците.

-За жал состојбата е тешка, а ова не е единствен случај во земјава. Има многу вакви, па и сега постоечки фирми како „Отекс" Охрид која се уште работи, каде работниците не можат да си ги земат заостанатите плати за кои имаат добиено судска извршна пресуда и треба да си ги наплатат побарувањата, но работите во изминатите години некој ги кочел, појасни Ристески.

Тој потенцира дека некој свесно 20 години ги манипулира овие луѓе, од фирма која е згасната и не постои, а луѓето се изиграни.

Ристески најави дека КСОМ ќе го актуелизираат проблемот во Социоекономскиот совет и со министрите и премиерот, до кого ќе се обратат, ќе бараат решавање на проблемот за оваа и останатите стечајни фирми во земјава каде работниците имаат судски извршни решенија, а не им се исплатени парите по разни основи.

Работниците од Порцеланка прашаа каде се парите кои пред 20-тина години стигнале во Порцеланка и требало да им бидат исплатени, но тие и покрај правосилните судски решенија, не ги добиле бидејќи некој ги изманипулирал. Револтирани се и од фактот што тогаш некои добиле отпремни за пензија и испратнини за стечај, а некои не./МИА

Отец Владимир: Денот на смртта е најавата за христовото воскресение

Велики Петок денот кога Христос починал..

Кај верниците овој ден е со посебна жалост, но и денот на смртта е најавата за христовото воскресение.

За суштината на велики петок објаснува Отец Владимир од црквата Света Петка во Скопје.

Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг

Индонезиската Влада трајно ќе ги пресели сите жители на островот Руанг, откако серијата ерупции на истоимениот вулкан предизвикаа загриженост поради опасноста од престој во иднина на истоимениот остров.

Индонезиската Влада трајно ќе ги пресели сите жители на островот Руанг, откако серијата ерупции на истоимениот вулкан предизвикаа загриженост поради опасноста од престој во иднина на истоимениот остров, соопшти денеска министерот за координација на хуманиот развој, Мухаџир Ефенди.

Околу 9.800 луѓе живеат на островот Руанг, во провинцијата Северен Сулавеси, но сите беа принудени да се евакуираат во последните неколку недели поради серија ерупции.

Властите ја подигнаа тревогата на највисоко ниво оваа недела, затворајќи го провинцискиот аеродром во Манадо и предупредувајќи за можно цунами доколку делови од планината се урнат во околните води.

Големи антивладини протести во Братислава, Словаците против планот на Фицо (ВИДЕО)

Во словачкиот главен град Братислава се собраа неколку десетици илјади граѓани да протестираат против намерата на владата на премиерот Роберт Фицо да го реформира јавниот радиодифузен сервис РТВС.

Како што пренесува „Еуроњуз“, опозицијата стравува дека властите ќе го напуштат прозападниот курс и ќе тргнат по стапките на автократот Виктор Орбан, премиер на соседна Унгарија.

Демонстрантите во Братислава веруваат дека целта на владата е да преземе целосна контрола врз јавниот медиумски сервис (телевизија и радио). Коалициската влада на популистот Роберт Фицо одлуката за реформа на јавниот медиумски сервис ја донесе на 24 април, а одлуката на парламентот каде владата го има потребното мнозинство, се очекува во јуни.

Овој план беше жестоко критикуван од словачката претседателка Зузана Чапутова, како и од новинарите, опозицијата, меѓународните медиумски организации и Европската комисија. Планот предвидува РТВС да биде заменет со нова медиумска организација.

„Демократијата во Словачка мора да има силен и независен јавен радиодифузер, РТВС, а на вработените во овој дом им треба вашата поддршка“, рече Михаел Шимечка, лидер на опозициската партија Прогресивна Словачка, на митингот што се одржа на Плоштадот на слободата во Братислава.

Планот за реформа на јавниот сервис го претстави Мартина Шимиковичова, министерка за култура која ја претставува Националната партија, ултра-националистичка членка на владејачката коалиција. Таа е позната по тоа што работи за интернет ТВ станица која шири дезинформации.

Таа тврди дека јавниот сервис им дава простор само на „мејнстрим вестите“ и ги цензурира останатите. Според планот, новиот радиодифузер Словачка телевизија и радио (СТВР) ќе има директор кој би избирал совет од девет члена назначени од парламентот во Министерството за култура.

Смер, партијата на Роберт Фицо, освои најмногу гласови на изборите во септември минатата година меѓу проруските и антиамериканските ставови.

притисни ентер