Крводарителска акција во Скопје во чест на Тоше Проески

 Во Домот на Армијата денеска ќе се одржи традиционалната крводарителска акција во спомен на роденденот на најголемата музичка ѕвезда и хуманост Тоше Проески.

Крводарителската акција ја реализираат Црвениот крст на Град Скопје и Општинската организација на Црвениот крст во Гази Баба во соработка со ИТМ.

– Оваа крводарителска акција стана веќе препознатливо обележје на нашиот град и е посетена од голем број граѓани, а пред сѐ помладата популација која во ликот на Тоше Проески препознава пример на хуманост. Досега, на овие акции реализирани се повеќе од 5 000 единици крв, велат организаторите.

Акцијата ќе се реализира од 9 до 17 часот, а организаторите најавуваат дека таа ќе се спроведе согласно пропишаните мерки и протоколи за заштита од Ковид-19.

Британскиот турист во Грција има варичела, а не мајмунски сипаници

Британскиот турист во Грција кој се водеше како првиот сомнителен случај на мајмунски сипаници во земјата, има варичела, а не мајмунски сипаници.

Британскиот турист во Грција кој се водеше како првиот сомнителен случај на мајмунски сипаници во земјата, има варичела, а не мајмунски сипаници, покажаа испитувањата направени во Лабораториите за микробиологија на Универзитетот во Солун и во атинската болница каде што е хоспитализиран мажот, пренесува МИА.

Националната организација за јавно здравје на Грција доцна синоќа соопшти дека „при лабораториските испитувања на примерокот од сомнителниот случај кај мажот хоспитализиран во болницата „Атикон“, не е откриен вирус на мајмунски сипаници додека примерокот беше позитивен на два повторени теста за вирусот варичела “.

Туристот во саботата вечерта беше хоспитализиран и се водеше како прв сомнителен случај на мајмунски сипаници во Грција, а според грчките медиуми, 29-годишниот Британец, заедно со неговата пријателка биле на одмор на Кефалонија, каде што му се појавиле првите симптоми, меѓу кои и осип на кожата.

Од локалниот здравствен центар на островот, со авион итно бил пренесен во атинската болница „Атикон“, каде што беше изолиран и под надзор на лекарски тим, додека се чекаа резултатите од испитувањата.

Ковачки: Ковачевски и СДСМ со молкот ја превзедоа вината

 Ковачевски и СДСМ со молкот ја превзедоа вината, срамот и одговорноста од поведението на Талат Џафери.

Денес е работен ден во Собранието на Република Македонија и ако имаше барем грам доблест Талат Џафери денес ќе си поднесеше оставка од позицијата Претседател на Собранието. Прво тоа ќе го направеше заради примитивното и вулгарно однесување кое го манифестираше кон вработените кои ги пцуеше и навредуваше. Второ, заради скандалозната средба која ја имал со делегација во која учествувал и чеченски политичар, поранешен пратеник во руската Дума и соработник со режимот во Кремљ.

Овие два скандали се доволни во Европа да заврши кариера на било кој политичар, а не пак на претседател во Собрание. Зарем има друг претседател на Собрание во земја членка на НАТО кој остварува контакти и средби со лица од безбедносен ризик за државата или за стратешките партнери. Одговорот е нема друг освен Џафери. Има ли некој функционер во демократска земја кој навредува вработени и после тоа не понесува одговорност? Одговорот е нема друг освен Џафери.

Почитувани,

Срамно е што државните институции молчат за скандалот кој го предизвикал Талат Џафери среќавајќи се со безбедносно-интересно лице од Чеченија.

Неодговорно е од Ковачевски, Пендаровски и Спасовски да молчат за средбите на нивниот Талат Џафери со лицето кое е основач на здружението „Муслиманите со поддршка за претседателот Путин".

Треба ли некој да ги потсети споменатите дека извршуваат одговорни државни функции и дека со безбедноста на државата не смее да има импровизации, а дека меѓународниот углед се должни да го чуваат, а не да го рушат.

Заради зачувување на криминалната и анационална коалиција на власт, Ковачевски, Пендаровски и Спасовски се подготвени да го одмолчат, а со тоа и да ги оправдаат скандалите кои секојдневно ги прави Талат Џафери.

Но Ковачевски и сопартијците очигледно одбраа да се водат од принципот „не сме од овде, ништо не сме виделе и ништо не сме чуле".

Бидејќи го брани Талат Џафери, тогаш и Ковачевски и СДСМ подеднакво ја прифаќаат вината, срамот и одговорноста, а бидејќи СДСМ и ДУИ и нивните функционери заедно крадат, заедно го тормозат народот, заедно го игнорираат очигледното, тогаш и заедно ќе бидат поразени и заедно ќе одговараат.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Премиерот Ковачевски во Ватикан и Рим во чест на Денот на Светите Кирил и Методиј

Премиерот Ковечевски на тет-а-тет средба и аудиенција кај папата Франциск.

Денеска по повод одбележување на 24 мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј премиерот Ковачевски со владина делегација во рамките на посетата на Рим и Ватикан,релизираше тет-а-тет средба, а потоа и аудиенција кај Папата Франциск.

Како дел од работната посета, премиерот Ковачевски ќе се сретне и со премиерот на Бугарија Кирил Петков.

Во Рим е Тамара Стојкова .

Тамара каква е агендата за денеска ?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

Погледнете го обраќањето на премиерот Ковачевски.

притисни ентер