Крводарителска акција во Општина Карпош - Канал 5

Крводарителска акција во Општина Карпош

 Во организација на Општина Карпош и Институтот за трансфузиона медицина и Црвен крст – Скопје на 19.05.2021 година, од 09:00 до 17:00 часот, во спортската сала на ООУ „Лазо Трповски" ќе се одржи крводарителска акција.

Крводарителска акција во Општина Карпош

Единици крв ќе донира општинската администрација на Карпош, вработени од детските градинки и основните училишта, а акцијата ќе има и јавен карактер.

– Заради недостатокот на крв, за тековно лекување на пациенти, постои потреба од повеќе крвни единици. Затоа ги повикуваме сите заинтересирани граѓани кои можат и сакаат да ја покажат својата хуманост, да се пријават за дарување на [email protected] (со име/презиме и телефон), соопштија од Одделението за односи со јавноста во Општина Карпош.

Во соопштението се наведува дека сите заинтересирани граѓани ќе бидат контактирани, затоа што акцијата ќе се спроведува по соодветниот протокол за заштита на граѓаните од КОВИД – 19.

Ги известуваат граѓаните кои примиле вакцина за заштита од КОВИД – 19, дека исто така, можат да даруваат крв со почитување на следните правила: ако вакцините се базираат на mRNA технологија (Pfizer/BioNTech, Moderna, CureVac), се одложува дарувањето за 48 часа по вакцинирањето поради можна појава на локални симптоми на местото на аплицирање на вакцината (болка, црвенило, чешање, оток), одложување на дарувањето за 7 дена од прекин на симптомите во случај на несакани ефекти од вакцината (замор, главоболка, болки во мускулите, болки во зглобовите, треска, гадење, лимфаденопатија).

– Ако вакцините се базираат на технологија на аденовирусен вектор (AstraZeneca/ Oxford, Johnson и Johnson/Јansen, Sputnik V): одложувањето на дарувањето е 4 недели по вакцинацијата. Ако лицата не знаат со која вакцина биле вакцинирани дарувањето се одлага за 4 недели по вакцинацијата, се појаснува во соопштението од Општина Карпош.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Рецептот на Боки

Во четврток (24.09.2026) во емисијата гостин ни бeше Бојан Илиевски.

„Гответе со Дракче“ - Рецептот на Боки

Состојки за денешниот рецепт:

3 парчиња пилешки стек

350 гр. доматно пире

250 гр. кашкавал

малку оригано

масло

сол, сув зачин и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Хаос во Франција повредени повеќе од 600 лица

Повеќе од 600 лица се уапсени за време на акциите за блокирање на средни училишта во Франција, а над сто ученици и полицајци се повредени во судирите со полицијата, изјави францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез.

Видео: Хаос во Франција повредени повеќе од 600 лица

Според него, уапсени се 625 лица, а 199 од нив се повредени, од кои 83 се полицајци. Тој ги осуди „нападите врз полицајци, фрлањето предмети и насилството“, како и „урбаното насилство“.

Според него, полицијата интервенирала со „голема воздржаност“ и покренала истраги во врска со повредените студенти.

„Станува збор за малолетници кои се соочуваат со полицијата. Очигледно е дека полицијата пропорционално користи средства како што е солзавецот“, изјави Нуњез. Според „Фигаро“, движењето на средношколците и понатаму е поттикнувано од поединци од левичарската партија „Непокорена Франција“ (LFI) и од поддршката на студентите.

Лидерот на LFI, Жан-Лук Меланшон, претходно во средата ги отфрли обвинувањата на францускиот претседател Емануел Макрон дека партијата поттикнува немири за време на протестите на средношколците низ земјата.

Францускиот министер за високо образование, Филип Батист, ја обвини LFI за поттикнување насилство за време на блокадите на училиштата, кои продолжуваат во неколку градови низ земјата, додека претседателот Макрон изјави дека политичките лидери не треба да бидат меѓу демонстрантите за да „шират страв и да го поттикнуваат најлошото“.

Средношколците низ Франција ги блокираат влезовите на училиштата уште од почетокот на неделата, додека државните службеници стапија во штрајк поради планираните кратења на буџетот и условите за работа.

Протестите се интензивираа во последните денови; во Париз беа блокирани околу десет отсто од училиштата, главно во предградието Сен-Дени, во Лил вчера беа запалени контејнери пред едно средно училиште, додека во Лион дојде до судир меѓу полицијата и учениците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рекорден септември на uslugi.gov.mk: 27.345 поднесени барања за еден месец, вкупната бројка надмина 400.000

Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk во септември забележа рекордна употреба – во текот на месецот граѓаните и компаниите поднеле 27.345 барања за електронски услуги, што го прави септември убедливо најуспешен месец досега

Рекорден септември на uslugi.gov.mk: 27.345 поднесени барања за еден месец, вкупната бројка надмина 400.000

Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk во септември забележа рекордна употреба – во текот на месецот граѓаните и компаниите поднеле 27.345 барања за електронски услуги, што го прави септември убедливо најуспешен месец досега, надвор од услугата за ИКТ ваучерите со која беа услужени над 50 илјади студенти.

Со овој резултат, вкупниот број на барања поднесени преку Националниот портал надмина 400.000 и достигна 405.881 барање.

Континуираниот раст на користењето на порталот е резултат на проширувањето на бројот на достапни електронски услуги, поедноставувањето на постапките и сè поголемата соработка со институциите кои своите услуги ги прават целосно достапни онлајн.

Особено се издвојува одличната соработка со Државниот завод за статистика, со кој во изминатиот период беа дигитализирани и ставени на располагање повеќе услуги, вклучително и услуги наменети за студентите и академската заедница.

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски истакна дека бројките покажуваат дека граѓаните сè повеќе ја препознаваат вредноста на електронските услуги.

„27.345 барања за само еден месец е најдобриот резултат од постоењето на порталот. Уште поважно е што вкупно ја надминавме бројката од 400.000 барања. Ова покажува дека кога услугата е едноставна, достапна и целосно електронска, граѓаните ја користат. Нашата цел е сè повеќе постапки да можат да се завршат од дома или од мобилен телефон, без шалтери, без непотребно чекање и без носење документи од една институција во друга“, истакна Андоновски.

Министерството за дигитална трансформација продолжува со институциите да работи на дигитализација на нови услуги, нивно поврзување преку Платформата за интероперабилност и поедноставување на корисничкото искуство на Националниот портал.

Фокусот останува на услуги кои граѓаните и компаниите најчесто ги користат и кај кои дигитализацијата може да донесе најголема заштеда на време и административни трошоци.

Рекордниот септември е уште една потврда дека електронските услуги постепено стануваат стандарден начин на комуникација меѓу граѓаните и институциите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер