Крводарителска акција во ГОБ „8 Септември"

 Независниот синдикат на полицијата во соработка со здружението „Крводарител" денеска организира крводарителска акција во ГОБ „8 Септември" за дополнување на резервите на крвни единици.

На крводарителската акција поддршка ќе дадат и Синдикатот на српската полиција, како и здужението „Коце Заувјек" од Србија.

-Со оваа активност сакаме да го промениме пристапот кон крводарителите и за прв пат да покренеме иницијатива за промена на позитивно правните прописи со што ќе се овозможи и дарување на крв на странски државјани кои сакаат да даруваат крв во нашата држава, а ќе упатиме и повик до хуманите граѓани да се охрабрат и редовно да ја даруваат својата крв, велат организаторите на акцијата.

Вучиќ: Ќе ги победиме мафијашите, тоа им го гарантирам

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и се обрати на јавноста преку Инстаграм со порака дека „државата ќе ја победи мафијата, без оглед на личните, политичките и какви било други последици“.

„Додека се боревме за подобар животен стандард, додека се боревме за Косово, за подобар здравствен систем за да можеме да лекуваме луѓе, некои во меѓувреме сметаа дека најисплатлива работа е да бидат мафијаши, да убиваат луѓе, да киднапираат наши граѓани, но ќе ги победиме, им гарантирам без оглед на личните, политичките и какви било други последици “, истакна Вучиќ во видеото.

Српскиот претседател рече дека „Србија во 2012, 2013 и 2014 година се бореше против тајкуните кои ја ограбуваа земјата и сакаа да ја уништат и кои успеаја во тоа“.

"Ја обновивме земјата. Денес, Србија е прва во Европа според стапката на раст, платите растат, пензиите растат, луѓето живеат подобро", заклучил Вучиќ.

Германец ги прскал луѓето со лут спреј ,зашто не одржувале дистанца

71-годишен Германец премногу сериозно го сфатил правилото за физичко растојание и ги прскал минувачите со спреј за самоодбрана базиран на лута пиперка, соопшти германската полиција.

Тој прво испрскал група џогери, а потоа и двајца велосипедисти во западниот град Ахен, се вели во полициското соопштение, додавајќи дека нападите биле извршени „без предупредување“.

Велосипедистите, брачна двојка на возраст од 51 и 49 години, успеале да го избегнат спрејот и застанале да повикаат полиција.

Човекот и рекол на полицијата дека нема друг начин да им покаже на другите да се придржуваат кон воспоставените мерки за борба против ширењето на коронавирусот.

Тој е обвинет за предизвикување сериозни повреди и опасно попречување на сообраќајот.

Ахен е еден од најголемите урбани центри во Германија кој во моментов е класифициран како област со висок ризик поради високата стапка на заразени.

Најмалите француски модели заминуваат во историјата

По раскинувањето на ,,бракот” со Тојота, групацијата ПСА одлучи да го прекине производството на своите супермини возила.

Одлуката е конечна, а тоа значи дека Citroen C1 и Peugeot 108 заминуваат во историјата. Иако нема потврда, Ројтерс дознава за ова од три различни извори, а причината е една - парите. Имено, супермините се товар само на производителот, тие не носат профит и нивната популарност опаѓа. Со поригорозните стандарди за емисија на штетните гасови, ќе мора да направат модификации на моторот, но и да инсталираат скапи системи за филтрирање на издувните гасови, што дополнително би ја зголемило цената на автомобилот.

Добрата вест е дека постои шанса за еден вид наследник. По обединувањето со FCA, можно е Французите да му го препуштат развојот на најдобрите во А сегментот - Fiat. Панда, а особено 500 се имиња кои се наоѓаат на европските патишта со децении.

притисни ентер