Крвава прослава на шампионска титула:Најмалку 11 загинати и над 50 повредени во стампедо(ВИДЕО) - Канал 5

Крвава прослава на шампионска титула:Најмалку 11 загинати и над 50 повредени во стампедо(ВИДЕО)

Голема трагедија ја потресе Индија откако прославите на победата на „Ројал Челенџерс Бенгалуру“ во крикет станаа хаотични, при што најмалку 11 лица загинаа, а повеќе од 50 беа повредени во стампедо пред стадион во Бенгалуру.

Крвава прослава на шампионска титула:Најмалку 11 загинати и над 50 повредени во стампедо(ВИДЕО)

РЦБ триумфираше во индиската Премиер лига во вчера вечерта со победа над Пенџаб Кингс, предизвикувајќи огромни прослави меѓу навивачите во јужниот индиски град. Но, еуфоријата брзо се претвори во ужас кога толпата се обиде да влезе на стадионот Чинасвами низ портата во близина на паркот Кабон, објави Би-Би-Си.

YouTube video

Локалните медиуми објавија дека навивачите набрзина се упатиле од неколку правци за да ги видат шампионите, а многумина биле згмечени во стампедото. Меѓу загинатите имало жена и момче, додека службите за итни случаи се бореле да се пробијат низ толпата.

Четири лица загинаа во болницата Вајдехи, додека тројца други се прогласени за мртви по пристигнувањето во болницата Боринг.

YouTube video

Планираната парада организирана од локалните власти, која требаше да биде врв на прославата на титулата, беше откажана поради безбедносни причини.

YouTube video

Секретарот на BCCI, Деваџит Саики, го изрази своето длабоко жалење:

„Ова е многу тажно. Популарноста на спортот има и своја темна страна. Луѓето се луди за крикет, но ваквите настани бараат сериозна организација. Некаде имаше сериозен пад. По величествениот крај на IPL, се случи трагичен антиклимакс“, рече тој, изразувајќи сочувство до семејствата на жртвите и посакувајќи им брзо закрепнување на повредените.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четворица пингопонгари ќе ги бранат боите на Македонија на Европското младинско првенство

Групната фаза на програмата на 15-ти Јуни, четворица наши ќе ги бранат боите на Македонија на Европското младинско првенство.

Четворица пингопонгари ќе ги бранат боите на Македонија на Европското младинско првенство

Мартин Ристески и Бојана Јовевска во категоријата до 15 години и Александар Јакимовски и Софија Хасану до 19 години ги играат првите натпревари на 15-ти Јули од 10 часот.

Во категоријата до 15 години Мартин Ристески се сретнува со Матејус Адамонис од Литванија.

Бојана Јовевска ќе игра против Солек Натиа од Полска

Во категоријата до 19 години настапуваат Софија Хасану против Ковалова Дариа од Украина, а Александар Јакимовски ќе ги одмери силите со Дусине Нејтан од Франција.

Европското пинг-понг првенство се одржува во Гондомар, Португалија, од 10 до 19 Јули.

Пинг-понгарска федерација на Македонија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кривична пријава против поранешен директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево

Кривична пријава против поранешен директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево поради „злоупотреба на службената положба и овластување“

Кривична пријава против поранешен директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево на 13.07.2026 поднесе кривична пријава против С.С.(61) од Делчево, поранешен директор на ЈКП „Брегалница“- Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,„злоупотреба на службената положба и овластување“, по член 353 ст.1 во врска со член 45 ст.1 од КЗ.

С.С. како службено лице - директор на ЈКП „Брегалница“- Делчево ја злоупотребил службената положба и овластување со пречекорување на границите на своите службени овластувања, при што во периодот од 2023 до 2025 година, на вкупно 112 вработени во ЈКП „Брегалница“-Делчево им издал вкупно 92 решенија за зголемување на основната плата поради работна успешност, при тоа без да има предлози од непосреден раководител на работникот и без согласност на непосреден раководител на работникот, со што постапил спротивно на член 51 ст.1 од Колективниот договор за комуналните дејности и спротивно на член 81 ст.2 од Колективниот договор за уредување на правата, обврските и одговорностите од работниот однос на работниците од ЈКП „Брегалница“- Делчево и предизвикал вкупна материјална штета на јавното претпријатие од 267.873 денари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НЛБ Банка и „Прагма Продукција“ го официјализираа партнерството за претстојната летна концертна сезона

НЛБ Банка и „Прагма Продукција“ денеска го официјализираа партнерството за претстојната летна концертна сезона.

НЛБ Банка и „Прагма Продукција“ го официјализираа партнерството за претстојната летна концертна сезона

На заедничка прес-конференција ги најавија музичките настани што ќе ја одбележат летната програма, како и ексклузивните поволности што ќе бидат достапни за клиентите на НЛБ Банка, со посебен акцент на пакетот **nlb next**, наменет за младите.

На прес-конференцијата присуствуваа и членовите на дуото „Дупер“ и Слаткаристика, кои ги најавија претстојните настапи и ја поздравија иницијативата за поддршка на домашната музичка сцена.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер