Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
1Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
ЗабаваКрушево викендов домаќин на вториот фестивал „Кога си во Крушево“ Викендов во Крушево, по втор пат, се одржува Фестивалот „Кога си во Крушево“ (When in Krusevo). Од петокот, па до денеска вечер преку 2000 посетители од земјава и странство се забавуваат, планинарат, летааат со параглајдер и ги запознаваат знаменитостите на градот. На гостите, сместени во кампови околу крушевското езеро домаќините им нудат богата програма. Димитар Ангелкоски, еден од организаторите на Фестивалот вели дека секој може да избере каква активност сака. - Фестивалот „Кога си во Крушево“ (When in Krusevo) се одржува по вторпат во околината на крушевското езеро. Започнавме во петокот вечерта и вечер ќе заврши. На отворањето имаше одлична забава. Имаме многу посетители. Камповите се полни. Вчера пристигнаа околу 300 учесници кои планинареа, имаа велосипедска тура. На концертните вечеи се околу 2000 посетители. Планирани се и кајакарење на езерото, јога и активности за најмладите. Денеска на дневен ред се летањата со параглајдер и запознавање на учесниците со крушевската кујна и специјалитетите од ова поднебје. Во сите активности се вклучени и посетите на крушевските музеи и знаменитости. Во секој случај, битно е што посетителите уживаат во Крушево овој викенд, објаснува Ангелкоски. Меѓу посетителите беа и Ејми Меколдрик од Чикаго, САД и Софија Стојановска од Македонија. - Јас сум од Чикаго и веќе сум вторпат во Крушево. Возбудливо е да се биде овде, на Фестивалот, да се планинари. Крушево е прекрасен град. Околината, планините, сѐ е совршено за авантуризам. Убаво е дружењето со луѓето од цела Македонија, но и од светот, вели Ејми Меколдрик. Софија Стојановска смета дека вакви Фестивали ни недостасуваат кои се промоција на туризмот и се актуелни во светот. - Ми се допаѓа организацијата и како се е направено. Првпат сум на Фестивалот и учествувам во планинската тура. Ќе ги искористам и другите активности и содржини што се нудат. Ми се допаѓа што Крушево се промовира и во лето, освен преку зимата, рече Стојановска. Според градоначалникот на Крушево Томе Христоски со отворањето на Инфо параглајдинг центарот во петокот кој ќе им ги нуди сите информации на посетителите летово и со Фестивалот „Кога си во Крушево“ симболично ја означува сезоната на авантуристичките спортови. Годинава Крушево очекува за 30 насто зголемен број туристи. - Ги прошируваме содржините и сместувачките капацитети. Имаме закажано неколку интернационални параглајдинг натпревари како што се: англиското првенство, „ПП купот“, а на 8 јули почнува европското и светското првенство во змејарство. Крушево е веќе на светската мапа за авантуристички туризам, вели Христоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаДрога е пронајдена кај кампери во Галичник, уапсени се петминаЛишени од слобода пет лица во Галичник, при претрес во шаторите каде престојувале пронајдена марихуана, кокаин, таблети, следува пријава.На 04.09.2026 во периодот од 19:20 до 20:45 часот, во с. Галичник на местото викано „Стопанче“, полициски службеници од ОВР Гостивар и ПО Маврово, во рамки на оперативна акција, лишија од слобода пет лица, А.Ј. (32), М.М. (38), К.С. (45) и В.В. (44) од Скопје, како и Р.Т. (38) од Куманово. При претрес во шаторите каде престојувале лицата, пронајдени и одземени се повеќе пакувања со марихуана, бела прашкаста и грутчеста материја, халуциногени печурки и таблети. Лицата се задржани во ПС Гостивар за понатамошна постапка и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКузеска: На прес на Влада -Почнаа со работа медиумите од српската медиумска мрежаПочнаа со работа медиумите од српската медиумска мрежа во Македонија. Како што најавивме, на сомнителен начин.На прес конференција во Владата пред два дена присуствувала и екипа на Euronews Македонија. Како присуствуваат кога се уште немаат дозвола за работа? Очигледно Владата на Мицкоски, веќе ја третира Euronews Македонија како телевизија и ѝ овозможува пристап на официјални владини настани. По реакциите на македонските телевизии беше соопштено дека Финансиската полиција отворила предмет, а АВМУ ја запрела постапката. Нели беше најавена истрагата за сомнителниот влез на српската медиумска машинерија во Македонија. Дали ова значи дека истрагата е прекината и се работи под радарот? Како работат медиумите на Вучиќ во Македонија? Што прави АВМУ? Или мачкаат очи? Што прави Трајчевски? Дали знае дека во наводно регулираниот простор му се шетаат медиумски пирати и дека за тоа може и кривично да одговара? Едно е јасно, медиумите на Вучиќ веќе се во македонскиот етер. Тече анти-македонска и анти-ЕУ пропаганда. Еврокомесарката Марта Кос, вчера ја откажа посетата на Србија, поради истите политики на Мицкоски и Стоилковиќ – величење на Ратко Младиќ. Мицкоски копира се. Истите политики ги гледаме и со целосна контрола на медиумскиот простор, покрај веќе контролираните 40% од Орбановите медиуми. Наскоро медиумски мрак и во Македонија - во служба на Русија и организираната криминална група на Мицкоски . Со Мицкоски Македонија стана заложник на туѓи интереси на Балканот. СДСМ отсекогаш се борел за демократско општество, слободни медиуми и слобода на говорот. Даваме целосна поддршка на независните медиуми и новинари во Македонија. Ние веќе еднаш се боревме против медиумскиот мрак, во 2015 година. Нема да дозволиме Македонија повторно да се врати во времето на Груевски, рече Богданка Кузеска - портпаролка и членка на ИО на СДСМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаУапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 Лишен е од слобода романски државјанин, возел со брзина од 163 км/ч на место каде максималната дозволена брзина е 80км/ч.На 04.09.2026 во 11:20 часот, на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Х.В.С.(49) од Романија, откако при проверка на патничко возило „ауди“ со романски национални ознаки, управувано од него, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“. Имено на 04.09.2026 во 06:30 часот, на автопатот А1 во близина на Демир Капија, Х.В.С. управувал со возилото со брзина од 163 километри на час, на место каде максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час. Тој бил спроведен во Полициска станица од општа надлежност Неготино за понатамошна постапка и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter