Крушево в лето домаќин на светско првенство во змејарство

 Започна пријавувањето за учество на Светското првенство во змајарство кое ќе се одржи во Крушево од 18 до 31 јули. 

Оваа е прва меѓународна манифестација која се најавува дека налето ќе се одржи по една година одложувања поради пандемијата.

Крушево беше успешен организатор на Европското првенство во змејарство во 2018 година, а годинава ја има организацијата на Светското првенство.

Се очекуваат околу 140 учесници од репрезентации од целиот свет. Според крушевскиот градоначалник Томе Христоски, ова е одлична вест што меѓународните првенства во змејарство и параглајдерство ќе донесат туристи.

-Ова е одлична вест и јасно е дека ова лето натпреварите во змејарство и параглајдинг се враќаат во Крушево. Ги правиме последните подготовки и очекуваме овие меѓународни натпревари да донесат уште повеќе туристи, вели Христоски.

Амазон вложува уште 2,75 милијарди долари во развој на АИ стартапот Anthropic

Амазон објави дека ќе инвестира дополнителни 2,75 милијарди долари во Антропик, со што вкупната инвестиција на компанијата во стартапот за вештачка интелигенција ќе достигне 4 милијарди долари.

Технолошкиот гигант ќе го задржи малцинскиот удел во Антропик со седиште во Сан Франциско, ривал на OpenAI, кој го произведе ChatGPT.

- Веруваме дека нашата стратешка соработка со Антропик дополнително ќе ги подобри искуствата на нашите корисници и со нетрпение ги очекуваме следните чекори - рече Свами Сивасубраманијан, потпретседател за податоци и вештачка интелигенција во веб сервисите на Amazon (AWS).

Технолошкиот гигант со седиште во Сиетл инвестираше 1,25 милијарди долари во Антропик во септември 2023 година и тогаш посочи дека има планови да инвестира до 4 милијарди долари, пренесува британски Гардијан.

Двете компании соработуваат на развојот на таканаречените основни модели, кои се во основата на генеративните системи за вештачка интелигенција кои го привлекоа глобалното внимание.

Според договорот, Anthropic ќе користи AWS како свој примарен провајдер на „облак“ и ќе ги користи сопствените чипови на Amazon за изградба, обука и распоредување на модели со вештачка интелигенција.

Исто така, ќе им овозможи на клиентите на AWS, кои се претежно бизниси, пристап до моделите на услугата на Amazon наречена Bedrock. Во своето соопштение, Амазон вели дека компаниите како што се Delta Air Lines и Siemens веќе го користат Bedrock за пристап до моделите со вештачка интелигенција на Anthropic.

Ванковска за посетата на Левица на гробот на Енвер Хоџа

Кандидатката за претседател на Левица, Билјана Ванковска вечерва во „Само Интервју“ на Канал 5 на прашањето за посетата на раководството на Левица на гробот на Енвер Хоџа, рече дека го очекувала ова прашање.

Ванковска децидно рече дека не е е член на Левица, а повика и зошто лидерот на Левица, Апасиев да не го каже тоа лично во емисија.

Водителот и главен уредник на Канал 5, Гоце Михајловски ѝ одговори дека Апасиев 11 пати бил гостин во Само интервју и Само Вистина, се додека не напиша најлоши зборови за Канал 5, што не доликуваат на професор. Додаде и дека од Хоџа не се гордеат ниту Албанците по извршените илјадници егзекуции на свои граѓани , но и на Македонци.

Се отвори огромна дупка среде Рим и „проголта“ два автомобила (ВИДЕО)

Бездна длабока и широка околу 10 метри проголта два автомобила среде ноќ во Рим, поради што интервенираше полицијата.

Инцидентот се случил околу еден часот по полноќ, а две возила Дачија и Рено завршиле во дупката.

Полицијата веднаш реагирала, ја затворила улицата и го обезбедила просторот, јавуваат италијанските медиуми.

Поставен е кордон, а се уште не се знае зошто се урнал асфалтот.

Не се знае дали има повредени во инцидентот.

притисни ентер