Крушево со локум чека туристи и посетители - Канал 5

Крушево со локум чека туристи и посетители

 Историско и туристичко Крушево ги поминува месеците во исчекување. Кризата со пандемијата речиси го затвори градот. 

Крушево со локум чека туристи и посетители

Градот на музеите нема надежи зашто тие не работат, летово нема да дојдат околу 2 500 параглајдеристи од светот. Градот кој живее од туризмот, и во кој 70 отсто туристи се во летото, е во постојано исчекување на протоколи, прописи, на можности да заживее. А без туризмот нема што да се очекува е неподелено мислењето и помеѓу жителите и кај угостителите кои ги чистат рестораните и хотелите и – толку. Нема кој да им дојде. Инаку, досега има три случаи на коронавирусот, од кои еден починат. И, велат, „увезени" им се од другите градови.

-Сега е катастрофално, сѐ е откажано, параглајдеристите од светот не доаѓаат. А токму затоа во Крушево е празно. Ако има мерки за да дојдат домашните туристи, арно, ама од странските нема ништо, вели крушевчанецот Кочо Димески.

-Според мене, повеќе треба да се ангажираат туристичките агенции. Да донесат некој турист, за да заживее градот. Во Крушево е слаба економијата, најмногу се очекува од туризмот. Значи, 2 500 параглајдеристи изгледа нема да дојдат. Тешко е, објаснува Роберт Рујаноски.

-Тешко е. Работиме само со достава за готвена храна до врата. Ама од тоа нема живот за угостителството. Повеќето ќе затворат вака, вели готвачот Петар Николоски.

-Неиздржливо е. Ресторанот е празен, само чекаме. Се плаќаат трошоците, вработените се дома, ама ги плаќаме. Ништо не знаеме. Само од достава преживуваме. Параглајдеристите откажаа. Оние што имаат куќи во Крушево си доаѓаат и си седат дома. Толку. Се пријавивме за кредити, по 14 500 за вработените. Исчекуваме, вели Никола Здравески, угостител.

Природата, чистиот воздух, околината на Крушево мамат да се помине убаво време. Во релаксација, прошетки, подалеку од психолошкото и физичкото бреме што ги донесе пандемијата. Градот и околината се лек за сите, ама никој не може да им дојде на гости. Тука се само иселените кои имаат куќи, доаѓаат, ама си седат дома. Крушво ги преживува пандемиските месеци и тагува по убавите времиња.

Локалните власти, ентузијастите со иницијативи како да заживее највисокиот град на Балканот. Историјата ја чува зад затворени врати, не работат седумте музеи, туризмот уште повеќе зашто нема посетители, ниту се издаваат сместувачки капацитети. Мора да се пробие патот, прво преку интернетот, со промоцијата, па потоа да се свртиме, велат, кон домашните гости и туристи. Девизата е: „Дома си е дома".

Младите ентузијасти преку проект ја оформуваат платформата „Викенд во Крушево- вашиот омилен туристички водич. Прво, пред две години како фејсфук страница и Инстаграм профил, од средината на мај и како туристичка платформа. Работиме и не се откажуваме вели Сотир Габелоски од неформалната група за туристичка промоција на Крушево.

-Сега успеавме да обезбедиме средства преку одредени проекти за да може да финансираме изработка на веб-страница. Имаме цел да ги обезбедиме сите информации за посетителите и за потенцијалните туристи зашто многумина кои доаѓаат се жалат дека немаат доволно информации кога работат музеите, рестораните, што да пробаат, каде да се прошетаат, која тура да ја преземат. Нашата цел е да ги обезбедиме тие информации и преку засилена промоција сите тие туристи ќе ги посетуваат. Од друга страна, да отвориме простор за угостителскиот сектор, од ресторани, пицерии, хотели, па сѐ до приватното сместување, туристички водичи, такси-служба. Сите информации да ги имаме на едно место за туристите.

Аплициравме за проект на Мировниот корпус и сето тоа да го создадеме, но поради коронавирусот е суспендиран. Но тоа што го сработивме, вклучувајќи ја веб-страницата, успеавме да го имплементираме. Во проектот е и работилница со угостителскиот сектор за да креираме заедничка понуда, но тоа засега е неизвесно поради ситуацијата.

Во моментов работиме на дополнително популаризирање на веб-страницата за оваа платформа да биде вистински туристички водич со кој ќе се пронајде угостителскиот сектор и потенцијалните туристи.

Има заинтересираност. Дневно има околу 2000 посети, но сакаме уште повеќе. Сега е направена македонската верзија, зашто сега сме концентрирани на домашните туристи, а во изработка е и англиската верзија за странските туристи, објаснува Габелоски.

Крушевскиот градоначалник Томе Христоски вели дека се фокусирани на домашните туристи и почнаа преку апликации кампања под мотото „Дома си е дома".

-Ќе одиме со промоција „Дома си е дома" и одиме и со неколку апликации: веб-апликација на општината која ја работиме во соработка со Светска банка и со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, потоа со ејпл-а мобилна апликација со која ќе се насочуваат туристите според нивните желби што сакаат да посетат. Работиме на туристички места во и околу Крушево каде туристите може слободно да се движат. Говориме за велосипедските патеки долги 42 километри. Имаме шеталишта, околу езерото каде, без групирање посетителите може да уживата во природата. Ќе се промовираме во медиумите за да ни помогнат да ги привлечеме посетителите, вели Христоски.

Мери Чавкароска, претседател на крушевското здружение на угостители и туризам вели дека 70 отсто од туристите се во летниот период. Сега ги нема меѓународните првенства, ланските резервации не се потврдени, нема параглајдеристи. Малку надеж има за крајот на август и почетокот на септември, ама сѐ зависи од пандемијата.

– Сега ќе се надеваме на домашните туристи. Би требало државата да преземе некои мерки да ги привлечеме посетителите од земјава. Имаме добри туриститчки капацитети и ресурси. Се надевам дека годинава ќе се извлечеме со домашниот туризам. Загубите се многу големи, зашто 70 отсто од заработувачката е во летниот период. Инаку, кај нас доаѓаат, веќе 10-ина години оние параглајдеристи – аматери кои, по првенствата, во август и септември се тука. Се надевам дека ќе дојдат, но сѐ зависи од пандемијата, вели Чавкароска.

Крушево е во исчекување. Го има сето време на светот, но најмалку надежта дека ова лето ќе се покрене туризмот. Ама едно не замира во Крушево. Кога и да го посетите, ќе ги најдете најпрепознатливите специјалитети. Крушевскиот локум и целувките. Барем ќе ги заблажат овие горчливи денови на исчекувања./МИА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѕвезда на OnlyFans се расплака: Мора да се вратам дома без сопругот (ВИДЕО)

Австралиската инфлуенсерка и креаторка на содржини на платформата OnlyFans, Микаела Теста, објави дека нејзиното барање за американска зелена карта не е одобрено, поради што мора да се врати во Австралија. 

Ѕвезда на OnlyFans се расплака: Мора да се вратам дома без сопругот (ВИДЕО)

Одлуката на имиграциските власти значи дека Теста ќе мора привремено да биде одвоена од својот сопруг, американскиот бодибилдер Максвел Краузе.

Таа ја сподели веста во емотивно видео на TikTok, кое беше прегледано повеќе од милион пати за краток временски период. Заедно со видеото на кое плаче, 26-годишната девојка објави и предупредување: „Омажи се за странец на свој ризик“. Таа објасни дека го снимила видеото за да ги спречи шпекулациите за евентуално распаѓање на нивниот брак.

„Ако ме видите на летот за Австралија во следниот влог, тоа не е затоа што се случило нешто лошо, туку затоа што не ми ја одобрија зелената карта“, рече таа во видеото. „Не можам ни да опишам како се чувствувам. Морам сама да се качам на авион за Австралија, а сум во брак со овој човек и не можам да бидам со него“.

Компликации со визата

Потоа Теста ги објасни имиграциските проблеми со кои се соочува двојката. Таа рече дека поради сè построгите правила и ограничувања при влегување во одредени земји, тие морале да одлучат каде да живеат.

„Луѓето не сфаќаат колку документација има“, забележа таа. Проблемот се појавил откако Краузе, според неа, ги искористила можностите за привремен престој во Австралија.

„Последниот пат кога влеговме во Австралија, тој бил задржан на границата поради чести влегувања. Макс ги искористил сите достапни австралиски визи, вклучително и работна виза за одмор. Немал повеќе опции“, објасни таа.

@mikaelatesta ♬ original sound - Mikaela Testa

Бидејќи Краузе повеќе не можел едноставно да влезе во Австралија, двојката решила да се фокусира на својот престој во Соединетите Држави. „Не можев да се справам со постапката за влез на Макс во Австралија и мојот за САД во исто време. Моравме да избереме една земја и се одлучивме за Америка“, објасни таа.

Во видеото, таа ги замолила своите следбеници за поддршка додека чекаат на конечната одлука. „Можеби наскоро ќе добиеме лоши вести. Ве молиме испратете ни позитивна енергија и среќа, мислам дека навистина ќе ми требаат.“ Подоцна во коментарите, таа разјасни што се случило за време на постапката: „Имавме разговор за зелена карта и ни се чини дека не поминало добро.“

Свадба на Хаваи

Проблемите со престојот во САД се појавија кратко по нивната свадба на Хаваи. Двојката имаше интимна и ненајавена церемонија, а Теста носеше винтиџ фустан за таа пригода, за кој плати 30 долари.

Иако се надеваа дека по свадбата ќе можат да го решат прашањето за нејзиниот престој во САД без поголеми проблеми, постапката не заврши како што очекуваа. Теста сега мора да се врати во Австралија, додека нејзиниот сопруг ќе остане во САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија.

Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија, пред да го продолжи своето патување до крајбрежјето Амалфи, каде што ќе помине неколку дена на одмор во Равело, објавува „Матино“.

Меркел претходно пристигна на аеродромот Каподикино во Неапол, од каде, придружувана од обезбедувањето, се упати по автопатот преку Помпеја и Салерно до крајбрежјето Амалфи. На излезот за Кава де Тирени, таа одлучи да направи кратка пауза во супермаркетот, кој се наоѓа недалеку од наплатната рампа.

„Љубезна, топла и пристапна“

Нејзината посета ги изненади вработените и клиентите. Асунта Ламберти, вработена во одделот за деликатеси, беше првата што ја препозна поранешната германска канцеларка.

„Изгледа како госпоѓа Меркел“, извика таа, сè уште во неверица додека сечеше сувомеснато месо. Нејзината претпоставка беше потврдена од секретарката и преведувачот на политичарот.

Вработената подоцна ја опиша Меркел како љубезна, топла и пристапна личност. Поранешната канцеларка помина некое време разгледувајќи наоколу и купувајќи производи, поздравувајќи ги оние што ја препознаа.

YouTube video

Локални специјалитети во кошничката

Сепак, таа беше особено импресионирана од речиси празните полици, особено во одделот за овошје и зеленчук. Недостатокот на одредени производи беше поврзан со штрајк на камионџиите, а Меркел праша за причините за намалената понуда.

Нејзината кошничка содржеше и локални специјалитети, вклучувајќи неколку пакувања тестенини Граниано и моцарела од биволско потекло, карактеристични производи на гастрономската традиција на Кампанија.

По купувањето, Меркел ги поздрави присутните и го напушти супермаркетот, каде што ја чекаше возило, пред да продолжи по патот кон нејзината дестинација на брегот на Амалфи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција

Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа.

Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција

Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа, што предизвика осуда од Москва.

Данскиот министер за одбрана, Јепе Брус, изјави дека новите ракетни системи ќе ги зајакнат капацитетите на Данска и ќе ѝ овозможат да изврши напади „зад непријателските линии“ доколку биде нападната.

„Се наоѓаме во сериозна и влошувачка безбедносна ситуација и затоа ја зајакнуваме нашата одбрана и ја зголемуваме нашата борбена моќ“, изјави Брус пред новинарите.

Руската амбасада во Копенхаген во писмена изјава изјави дека целта на ракетната политика на Данска е конфронтација со Москва и предупреди на „неизбежни катастрофални последици“.

„Копенхаген е зафатен од опасни заблуди дека купувањето офанзивно, високопрецизно, оружје со долг дострел, кое претставува воена закана за нуклеарна сила, ќе помогне во зајакнувањето на безбедноста и одбраната на Данска“, соопшти амбасадата.

Данска минатата година објави планови за набавка на офанзивно оружје со долг дострел за да се спротивстави на воената закана на Русија за Европа, што предизвика остар одговор од Москва.

Премиерката Мете Фредериксен потоа ја повика војската да „купува, купува, купува“ ново оружје, по години намалување на воениот буџет, во промена на политиката предизвикана од војната на Русија во Украина.

Данска вчера соопшти дека се согласила да купи ракети „Антем“, произведени од американската одбранбена компанија „Ковенант“ во Германија, како и ракети „Џоинт Страјк“ за своите борбени авиони „Ф-35“, произведени од норвешката компанија „Конгсберг“ (KOG.OL).

Брус не кажа колку ракети нарачала Данска или колку ќе плати за нив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер