Крушево избрано за престолнина на културата за 2014 година - Канал 5

Крушево избрано за престолнина на културата за 2014 година

Општината Крушево со понудената програма ги исполнува условите да биде престолнина на културата во 2014 година, одлучи Комисијата за избор на град на културата по разгледувањето на апликациите пристигнати на Конкурсот за финансирање проект од национален интерес за манифестацијата „Град на културата за 2014 година“, соопшти Министерството за култура.

Крушево избрано за престолнина на културата за 2014 година
Програмата на општина Крушево, како што се наведува, содржи конкретни, квалитетни и разновидни културни содржини, а е збогатена и со традиционални фестивали и манифестации кои ќе бидат реализирани под еден белег „Град на културата 2014“. Предвидени се музички манифестации од сите жанрови, литературни читања, изложби на реномирани уметници, одбележување на значајни јубилеи на личности и дела, театарски фестивал на млади актери, концерти на духовна музика и промоции. Во програмата ќе учествуваат уметници од сите генерации.

Крушево изобилува со просторни капацитети и локации за реализација на овие настани, што ќе придонесе за нивно заживување, целосна искористеност и афирмација. Програмата ќе биде реализирана во установите, на плоштадот во централното градско подрачје, на Крушевското Езеро, на споменикот Илинден и ќе понуди културни настани низ текот на целата година.

Според Комисијата, со изборот на Крушево за Град на културата за 2014 година, ќе се придонесе за унапредување на културата во овој регион, за достапност на граѓаните до културните вредности и нивно масовно користење, како и за заживување на културата на локално ниво, а ќе се поттикне културниот туризам во регионот, стои во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на бизнис средба со претставници на германски компании од Северна Рајна-Вестфалија

Денеска остварив бизнис средба со претставници на германски компании од Северна Рајна-Вестфалија кои се присутни во Македонија. 

Мицкоски на бизнис средба со претставници на германски компании од Северна Рајна-Вестфалија

Разговаравме за можностите за нови инвестиции, проширување на економската соработка и отворање нови, високоплатени работни места во Македонија.

Ги претставивме потенцијалите на македонскиот ИКТ-сектор, зелената енергија од обновливи извори, здравството, јавната безбедност, развојот на инфраструктурата и можностите за дигитална трансформација на индустријата.

Владата останува посветена на создавање стабилна, предвидлива и конкурентна деловна клима. Нашата цел е германските компании да ја препознаат Македонија како доверлив партнер за долгорочни инвестиции, трансфер на технологии и развој на висококвалификуван кадар, објави премиерот Христијан Мицкоски на ФБ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски е спремен да се сретне со Путин во Турција, сака Ердоган да посредува

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот лидер Владимир Путин во Турција.

Зеленски е спремен да се сретне со Путин во Турција, сака Ердоган да посредува

–Знам дека претседателот Ердоган има свои врски со Путин. Затоа го поддржуваме одржувањето на средбата во Турција – изјави Зеленски.

Според него, меѓу главните теми на евентуалната средба треба да бидат прекинот на огнот долж линијата на фронтот и воспоставувањето механизам за следење на почитувањето на постигнатите договори. Тој додаде дека лидерите треба да разговараат и за безбедносните гаранции, обновата на Украина и за статусот на окупираните територии.

Сепак, Зеленски ја отфрли можноста да ги прифати барањата на Путин Украина да го предаде Донбас или да го признае крим како руска територија, нагласувајќи дека таквите отстапки би биле спротивни на украинскиот устав.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Охридските нуркачи го чистеа дното на Охридското Езеро (ВИДЕО)

Нова акција за чистење на дното на Охридското Езеро.

Охридските нуркачи го чистеа дното на Охридското Езеро (ВИДЕО)

На видео објавено од нуркачкиот центар „Акватек“ се гледа како нуркачи собираат пластика, конзерви, стаклени шишиња и различен друг цврст отпад.

Акцијата се спровела на потегот од кампот „Градиште“ до „Вели Даб“, а проектот е финансиран од секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер