2Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
КултураКрушево го има првиот „Фестивал на храна и култура"Со прогласувањето на најдобрите млади готвачи на крушевскиот специјалитет „Чомлек" денеска во Крушево ќе заврши првиот „Фестивал на храна и култура" што се одржува овој викенд. Околу 30 млади готвачи, ученици во 8 угостителски средни училишта во земјава и од едно од Лесковац, Србија, викендов во Крушево ги покажуваат својата умешност и кулинарските вештини во приготвувањето на храна, посебно на крушевски специјалитет. Првиот „Фестивал на храна и култура" е во организација на крушевското угостителско средно училиште „Наум Наумоски Борче" со поддршка на локалната самоуправа, Локалниот младински совет и на невладината „Викенд во Крушево". Се одржува под мотото „Вкуси го Крушево". Учесниците, прво, во центарот на Крушево ги претставија специјалитетите од своето поднебје, а потоа имаа задача, во кујната на крушевското училиште да го приготват крушевскиот специјалитет – чомлек со што се претавија пред крушевчани и пред туристите. Младите готвачи ги покажуваа својата умешност и кулинарските вештини. Лазар Илиќ од Лесковац, Србија, вели дека ова е неповторливо искуство. -Првпат сум во Крушево. Дојдовме да се натпреваруваме и првпат го приготвуваме ова јадење – чомлек. Убаво искуство е ова. ние ги приготвуваме вашите јадења, ги наулчуваме рецептите и кога ќе дојдат кај нас, ги научуваат нашите јадења, изјави Илиќ додека го приготвуваше крушевскиот специјалитет. Павел Јанев и Лазар Вујановиќ од скопското средно училиште „Лазар Танев" ги пренесоа своите впечатоци. – Првпат приготвувам „крушевски чомлек", ама се надевам дека ќе биде многу убаво, рече Јанев. -За приготвувањето на чомлекот се подготвувавме во училиштето, ама не се знае кој ќе го освои првото место. Се надеваме. Инаку, ние се претставивме со наши специјалитети: скопска тава, слично на селското месо, само одозгора со кашкавал и со зелник од коприва, објаснува Вујановиќ. Сара Ценева од Кратово, пак, има искуство со приготвување на специјалитетот. -Го имам приготвувано крушевскиот чомлек. Ние се претставивме со кратовска пастрмајлија, со пинџур, со мантии, салата од домашен компир. Многу ми е мило што се одржува фестивалот. Добивме нови сознанија, се дружиме со врсниците од многу градови, изјави Цанева. Милош Ѓорѓевиќ, професор од Лесковац, Србија смета дека фестивалот е одличен настан за размена на сознанија и на дружење. – Доаѓаме, како тим, првпат, за да ја видиме атмосферата, да видиме како се приготвува рецептот за вашето национално јадење – крушевски чомлек. Во Крушево, на Фестивалот, се претставивме со наши специјалитети од Лесковац: со „лесковечки воз"(лесковечка скара), со салати: „трљаница", „моравска", баница со сукани кори, кисело млеко и наше предјадење со повеќе видови сирења и чадено месо. Мислам дека публиката беше задоволна. Фестивалот за нашето училиште е големо искуство, се запознавме со поднебјето, со културата, осознавме нови рецепти и начини на готвење и големо е дружењето. Се надевам дека традицијата ќе продолжи, а со тоа и дружењето, рече Ѓорѓевиќ. Христијан Јорданоски е шеф на кујна во Хрватска, но и судија на натпреварувањето. Нагласува дека има критериуми за најдобро приготвен специјалитет и смета дека младите кулинари треба да остварат кариера во земјава. -Учениците и младите готвачи покажаа како се приготвува „крушевскиот чомлек". Битни беа неколку критериуми. Се оценуваа вкусот, начинот на приготвувањето и како се снаоѓаат во кујната како тим. Има голем интерес за угостителската струка кај младите. Според моето искуство, доста се успешни. Професијата готвач е барана и, за жал, повеќе успеваат во странство отколку дома, рече Јорданоски. Љупчо Крстевски, професор во крушевското угостителско училиште „Наум Наумоски Борче" ја нагласи важноста на фестивалот и неговата цел за промоција на Крушево, на традиционалната крушевска храна и на културните знаменитости. -Првпат во Крушево се организира Фестивал на храна и култура, насловен „Тејст Крушево". Имаме 30-ина учесници од осум угостителски училишта од земјава и од едно од Лесковац, Србија. Својата основа за да стане традиционален, Фестивалот ја постави минатата година. Целта на фестивалот, прво, е промоција на Крушево, на традиционалната крушевска храна, на културните знаменитости. Токму туристите најмногу ги сакаат традиционалните јадења, особено се бараат: питите, крушевското грне и чомлекот кој, официјално за натпреварот го приготвуваа екипите, рече Крстевски. Професорот Оливера Карева Скола се надева на голема фестивалска традиција. – Овој Фестивал за младите, идни готвачи, значи многу: големо дружење, стекнување нови сознанија в о кулинарството и се надеваме дека ќе стане традиција, рече Карева Скола. Првиот фестивал на храна и култура во Крушево денеска ќе заврши со прогласувањето на најуспешните готвачи на крушевскиот специјалитет „чомлек". /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИзбори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29Вучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
ТехнологијаХуманоидни роботи изведоа спектакл и влегоа во Гинисовата книга на рекорди (ВИДЕО)110 хуманоидни роботи поставија Гинисов рекорд за синхронизирано танцување во Кина.Кинеската индустрија за хуманоидни роботи се движи од индивидуални демонстрации кон апликации од голем обем, а во сличен развој, 110 хуманоидни роботи поставија Гинисов рекорд за најголем број хуманоидни роботи што танцуваат истовремено во градот Џинан, покраината Шандонг, Кина, во саботата, објави „Глобал тајмс“. Вкупно 110 хуманоидни роботи „Експедиција А3“, развиени од кинеската компанија „АгиБот“, изведуваа синхронизирани танцови движења и промени во формацијата користејќи ја платформата за групна контрола „ЛинкБотс“ на компанијата и технологијата за ултра-широкопојасно позиционирање што овозможува точност на ниво на сантиметар. „АгиБот“ соопшти дека сите 110 роботи изведувале синхронизирани движења без прекин, вклучувајќи менување позиции, скокање, превртување и менување формации. Компанијата објави дека роботите ќе бидат распоредени во културни и туристички настани, јавни услуги, научни истражувања и образование, како и во други области. Претставник на кинеското Министерство за индустрија и информатичка технологија на 19 октомври изјави дека кинеските компании развиле повеќе од 400 модели на хуманоидни роботи и произвеле повеќе од 40.000 единици во првата половина од оваа година, а се очекува годишното производство да надмине 100.000 единици.Тагови: хуманоидни роботи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалШок во Мадрид пред вечерашното Ел Класико- Мурињо остана без клучен играчРеал Мадрид претрпе голем удар само неколку часа пред вечервашното Ел Класико против Барселона. Мадридскиот клуб официјално објави дека Тибо Куртоа (34), нивниот прв голман и еден од најважните играчи, нема да игра во најголемото шпанско дерби. Причината е грипот, поради кој белгискиот репрезентативец се откажа од тимот во последен момент. „Куртоа ќе го пропушти вечервашниот натпревар помеѓу Реал Мадрид и Барселона во 10-то коло од првенството поради грип. Илиа Волошин ќе го замени во тимот“, објави Реал Мадрид на својата официјална веб-страница. Тоа е голем проблем за тренерот Жозе Мурињо, кој е без еден од своите најсигурни играчи пред еден од најважните натпревари во сезоната. Куртоа е стандарден прв голман за Реал, а неговиот квалитет и искуство доаѓаат до израз особено во најголемите натпревари. Мурињо мора да ги промени плановите во последен момент Се очекува Куртоа да биде заменет од украинскиот репрезентативец Андриј Лунин (27). Тој веќе покажа дека може успешно да го замени Белгиецот, особено во сезоната 2023/24, кога одигра важна улога во освојувањето на шпанското првенство и Лигата на шампионите од страна на Реал. Сепак, отсуството на Куртоа е сериозен хендикеп за Мадрид. Белгиецот е еден од најдобрите голмани во светот со години, а пред натпреварот против Барселона, неговата способност да се брани и да го држи тимот во игра е особено важна. Реал влегува во дербито шест бода зад лидерот Барселона, кој досега ги доби сите девет лигашки натпревари. Тимот на Ханси Флик би ја зголемил предноста на девет бода со победа, додека Реал би ја намалил разликата на само три бода со евентуална прослава. Ел Класико ќе се игра вечерва од 21:00 часот на Камп Ноу.Тагови: Жозе Мурињо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИзбори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29Вучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
Шоу бизРаде Шербеџија се јави од Бродвеј со порака до гласачите во Србија (ВИДЕО)Актерот Раде Шербеџија ги поддржа студентите во Србија и ги повика граѓаните да гласаат. Тој го објави ова со видео од Њујорк што го објави на Фејсбук, придружувајќи им се на бројни познати личности кои јавно го поддржаа студентското движење. Шербеџија се јави од Бродвеј во раните утрински часови и коментираше за големиот интерес за изборите кај луѓето од овие области кои живеат во САД. „Млади, стари, со насмевка на лицето“ „Рано е утро во Њујорк, јас сум на Бродвеј. Сонцето изгрева. Синоќа имаше многу од нашиот свет тука, низ цела Америка - Лос Анџелес, Чикаго, Њујорк. Млади, стари, со насмевка на лицето, самоуверени и одлучни, и токму така“, рече Шербеџија. На крајот од видеото, тој ги повика граѓаните да излезат на гласачките места. „Ако сè уште не сте, излезете и гласајте. Студентите победуваат!“, рече тој. Висока излезност на изборите во Србија Да ве потсетиме дека денес во Србија се одржуваат предвремени парламентарни избори, кои претставуваат важен политички тест за владата на Александар Вучиќ. Политичката опција што произлезе од студентските протести што започнаа по падот на балдахинот на железничката станица во Нови Сад во ноември 2024 година, кога загинаа 16 лица, учествува на изборите. Според податоците за излезноста до 16 часот, 56,6 процент од гласачите излегле на гласање, значително повеќе отколку во исто време на неколку претходни избори. Голем интерес за гласање е забележан и кај српските граѓани во странство. Стотици луѓе се собраа преку ноќ во Њујорк, долги редици се формираа во Лос Анџелес, а некои гласачи во Азија и Австралија патуваа илјадници километри за да го дадат својот глас.Тагови: Раде Шербеџија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook