Крокодил влезе во двор во Флорида- не помина добро при жесток судир со дедо (ВИДЕО)

Појавата на алигатори, крокодили и други влекачи во дворовите на куќите е секојдневна појава во одредени делови од светот, каде што овие опасни животни имаат свое природно живеалиште, па често се случува да шетаат низ улиците на градовите.

Токму таков непоканет гостин пристигна во околината на семеен дом од Флорида.

На Инстаграм често може да се видат видеа од опасни влекачи кои слободно шетаат во приватните дворови, каде често се наоѓаат деца, па возрасните се речиси секогаш на штрек.

Еден внук, ја снимил сцената што се случила во градината на неговиот дедо, а потоа го објавил видеото и напишал:

„Дедо ми го „скрши“ крокодилот што го нападна!

Ако мислевте дека храбриот дедо употребил безбол палка или некоја друга тешка „артилерија“ за да го победи рептилот со неа, се излажавте: човекот влетал во куќата од која зел ништо помалку од - тешка тава!

Погледнете само како го претепа крокодилот по глава: веруваме дека животното добро ја научило лекцијата и нема да помисли повторно да се прикраде во истиот двор.

Како и секогаш, има многу коментари за храбриот потег на овој човек.

„Ако не можев да избегам, тогаш ќе требаше да најдам храброст да го сторам истото. Но, не би го направил тоа доброволно“, вели еден од коментарите.

„Крокодил го нападна дедото, брзо земете ја камерата! забележал еден гледач.

„Храброста е клучна!“, забележал некој друг во коментар под необичното видео.

Приведени крадци во Скопје

На подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар и од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје синоќа од 22.45 до 23.20 часот лишиле од слобода четири малолетници од Скопје.

Како што денеска соопштија од МВР, тие се сомничат дека околу 22.00 часот на подрачјето на Центар со закана со остар предмет од двајца други малолетници одзеле пари.

- Со малолетниците бил извршен службен разговор, а парите биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопствениците. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението од МВР.

Во кочанскиот регион пријавени уште 164 лица кои ќе гласаат во домашни услови

Во четирите општини од кочанскиот регион се пријавиле уште 164 болни и изнемоштени граѓани кои побарале своето гласачко право да го остварат во домашни услови.

Тоа е зголемување од над 40 отсто во споредба со пријавените за првиот круг на претседателските избори, односно вкупниот број сега изнесува 436 лица.

Најголем број пријави биле доставени до Општинската изборна комисија во Кочани, но по разгледувањето на документацијата дел од нив биле одбиени.

- Во законскиот рок ни беа доставени уште 87 пријави, но комисијата утврди дека 11 од нив не ги исполнуваат условите. Кај една пријава е констатирано дека лицето не е запишано во избирачкиот список, за што има поднесено приговор, и ако добиеме позитивен одговор тоа ќе може да го оствари правото да гласа. Заедно со пријавените од првиот круг на претседателските избори, на територијата на општина Кочани има вкупно 245 болни и изнемоштени кои ќе гласаат во домашни услови, истакна Билјана Димовска Гичева, претседателка на Општинската изборна комисија – Кочани.

До Општинската изборна комисија во Виница се доставени уште 38 пријави и сите се прифатени, со што вкупно 99 лица ќе гласат во домашни услови.

Во процентуален износ најголем број новопријавени лица во однос на гласањето од пред две недели има во општина Зрновци. Порастот е за двојно поголем, односно ќе гласаат вкупно 22 болни и изнемоштени.

Во Општинската изборна комисија во Чешиново-Облешево добиле уште 39 пријави и вкупниот број сега изнесува 69 лица, за кои е констатирано дека ги исполнуваат условите за гласање во домашни услови.

ПСЖ ќе му понуди нов договор на Донарума

Пари Сен-Жермен има намера да го продолжи договорот со голманот Џанлуиџи Донарума, пренесува новинарот Џанлука Ди Марцио.

Според изворот, парижаните ќе преговараат со 25-годишниот Италијанец по завршувањето на сезоната 2023/24. Управата на клубот сака да го направи голманот капитен на тимот.

Донарума игра за ПСЖ од јули 2021 година. Во сезоната 2023/24 Донарума учествуваше на 40 натпревари во сите натпреварувања, прими 36 гола и ја зачува мрежата чиста 16 пати.

Актуелниот договор на голманот со францускиот клуб е со важност до крајот на јуни 2026 година.

притисни ентер