Кризен штаб: Во Гостиварско нема новозаболени, состојбата под контрола

Од почетокот на воведувањето на мерките во Гостивар се тестирани  вкупно 31 лице од кои само едно се покажало позитивно на вирусот.

Во гостиварскиот регион нема нови случаи на заболени од Ковид – 19, а состојбата во трите општини е под контрола, ваква е оценката на Кризниот штаб во кој покрај претстаавници на институциите, членуваат и градоначалниците на општините Маврово-Ростуше, Врапчиште и Гостивар.

Од почетокот на воведувањето на мерките во Гостивар се тестирани вкупно 31 лице од кои само едно се покажало позитивно на вирусот. На пациентката денеска и завршува лечењето и по проверките таа ќе биде испишана од инфективното одделение. Во соседните општини нема регистриран случај на заболен. Во Маврово Ростуше во изолација се наоѓаат 135 лица, а во Врапчиште 76. Со истекување на пропишаниот рок за изолација на повеќе лица, во Гостивар до синоќа под полициски надзор се 135 лица.

Според најавите од полицијата, во Маврово во хотелот „Алпина" се очекува да бидат примени уште 61 граѓанин кои треба да допатуваат во Македонија. Со ова бројката на лица во државните карантини во Маврово ќе достигне 196.

Во текот на изминатото деноноќие забраните за движење не ги почитувале девет лица, а вкупно од воведувањето на мерките приведени се 29. До надлежното обвинителство, поднесени се 20 кривични пријави. Државниот пазарен инспекторат затворил по 130 извршени контроли, затворил 14 угостителски објекти.

По состанокот на кризниот штаб, беше најавено дека мерките за заштита и дезинфекција на територијата на трите општини и натаму ќе се спроведуваат, а поединците и компаниите кои сакаат да донираат храна и други продукти, тоа да го прават во координација со општинскиот Црвен Крст. /МИА

Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: Не се откажуваат, МЗ турка реновирање на операциски сали

Не се откажуваат до последно, повторен обид на министерството за здравство да протурка реновирање на операциски сали и фаворизира одредени фирми

Министерството за здравство повторно ја објавува постапката за јавна набавка на проектирање и изведба на реконструкција и реновирање на операциски сали, нивни пред простории и ходници со машински соби во УКЦ Мајка Тереза - хируршки клиники по принципот „клуч на рака“.

Истата пред само месец и половина Државната комисија за жалби по јавни набавки ја поништи од причина што Министерството за здравство изготвило тендерската документација која не е во согласност со Законот за јавни набавки и истата доведува до дискриминација на економските оператори и ограничување на пазарната конкуренција.

Повторената постапка објавена е на ден 24.04.2024 година, неработен ден прогласен со одлука на Влада поради одржување на прв круг претседателски избори.

Во тендерската документација за економска способност на економските оператори се бара минимум 550.000.000 денари со ДДВ вкупен приход во последните три години за секоја година поединечно.

Ова е целосно неосновано.

Прво, затоа што во финансиските извештаи приходот се искажува без ДДВ (ДДВ-то е обврска на друштвото да го плати спрема државата).

Второ, зошто не е објавена проценетата вредност на набавката за да може да се утврди дали овој услов е согласно Законот за јавни набавки? (Според Законот за јавни набавки - Договорниот орган не смее да бара минималниот годишен приход да изнесува двојно повеќе од проценетата вредност на набавката), објави на фб Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Дафина Стојаноска: Мора да бидеме гласни, за да не станеме невидливи

Дафина Стојаноска синоќа на митинзите во Гостивар и Тетово порача:

Мора да почнеме поинаку да функционираме и да не молчиме пред неправдите. Мора да се обелоденуваат сите криминали и скандали. Мора да бидеме гласни, за да не станеме невидливи. Криминалот е тој кој треба да биде замолчен. Доста е!

На 8-ми мај народот доаѓа по своето, по она што Али и Груби му го одзедоа, по она што Заев, Таче и Стево му го продадоа. На 8 мај нема уценети и поткупени. Никој повеќе не им се плаши, ниту ги сака нивните гнасни пари. Сите до денар ќе му го вратат на народот, како што ќе му ја вратат и државата. Доста долго остана во нивно заложништво. Нема повеќе сила, ниту пара која ќе го сокрие криминалот на ДУИ и СДСМ. Време е за слобода и правда. Време е за нов Претседател на Република Македонија и за нова Влада.

Гласајте за професори а не за криминалци, се наведува во партиското соопштение.

Крвава прослава во Киргистан: Камион влета меѓу ученици и „збриша“ десетици (ВИДЕО)

Страшната несреќа, во која тешко се повредени 29 ученици на возраст од 9 до 16 години, се случи за време на настан во Киргистан кога камион се спушти по удолница и ги прегази гледачите на манифестацијата за читање на National Manas Epic.

Како што се сомневаат, рачната сопирачка на камионот наводно не била правилно затегната, што по извесно време попуштила и возилото тргнало надолу, пренесе Радио Слободна Европа.

Осум деца се хоспитализирани на одделот за интензивна нега и уште 11 во болница, а немилиот настан е снимен со дрон.

На снимката се гледа како камионот почнува да се движи по удолницата, а гледачите на настанот не забележале ништо бидејќи во тоа време со грб биле свртени кон него.

Според информациите, возачот и лицата кои биле задолжени за обезбедување на настанот го „бркале“ камионот, кој што продолжил неконтролирано да се движи неколку метри.

притисни ентер