Кризата во Германија го намали извозот на македонски производи - Канал 5

Кризата во Германија го намали извозот на македонски производи

Кризата во Германија го намали извозот на македонски производи, каква ќе биде 2025. ќе зависи од новата германска Влада и војната во Украина.

Кризата во Германија го намали извозот на македонски производи

Германија е наш најголем трговски партнер и секако кризата во оваа држава се одразува и врз македонската економија. Експертите не очекуваат следната година да биде нешто многу поразлична од претходните две во овој поглед, а од текстилната индустрија веќе ги чувствуваат последиците со намалување на извозот за 20-тина проценти. Од Германската стопанска комора, пак, уверуваат дека кризата во Германија нема да се рефлектира врз работните места во германските капацитети изградени во земјава.

Четириесет проценти од вкупниот извоз оди за Германија, а тоа е посебно изразено во текстилниот сектор бидејќи повеќе од 60 проценти од нашиот текстилен извоз оди за Германија.

- Се разбира дека тамошните случувања, падот на економијата, незивесноста со состојбата во Украина, зголемувањето на цените на енергенсите влијае на падот на побарувачката во Германија и луѓето се потешко купуваат текстилни производи. Ова директно значи намалување на нашите нарачки и тоа во услови кога ние и така имавме слободен пад на побарувачката и особено бројот на работници во текстилната индустрија. Ова ќе биде само поголемо, побрзо опаѓање на сите капацитети во текстилната индустрија во Македонија, вели во изјава за МИА Ангел Димитров од текстилната компанија „Мода“ и дел од Организацијата на работодавачи на Македонија.

[Во текстилниот сектор за 14% е намален бројот на работници во текот на оваа година, покажуваат анализите на Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи. Тој посочува дека во изминатите 1]

Посочува дека последните податоци покажуваат намалување на извозот на текстилниот сектор кон Германија за 23 проценти во однос на минатата година што секако се одразува и на пад на бројот на работници.

- Со тоа што, ние работиме лон работа, па така често пати бројот или процентот на падот на извозот е еднаков со процентот на падот на работниците. Што значи во овој момент историски најнизок број на работници работат во оваа гранка во Македонија. Некаде околу 28.000 работници останавме. Во најдобрите времиња во 2009/2010 година бевме 63.000 работници во оваа гранка, нагласува Димитров.

Според Димитров, ако падот на германската Влада резултира со некоја друга влада која би ги сменила политиките во Германија можеби би излегло и нешто добро од тоа.

- Но сега никој не може со сигурност да каже што тоа би значело, каква влада би се формирала, кој би влегол во таа коалиција. Но, очигледно сите проблеми почнаа со влезот на Зелената партија во германскиот Парламент и со нивните барања за зелена енергија, за затворање на нуклеарните електрани, а купување на поскапа струја произведена од нуклераните централи во Франција. Истите овие барања за престанок на продажба на моторите за внатрешно согорување - бензин и дизел, потоа конкуренцијата од Кина итн, сето тоа доведе до опаѓање на економската моќ на Германија што ја имаше порано, смета Димитров.

Сепак, Димитров е на став дека доколку престане војната во Украина, во тој случај ситуацијата може и да се подобри или како што вели релативно брзо да се врати оптимизмот кај купувачите и да се подобри состојбата. - Но и тоа е неизвесно, бидејќи никој не може да каже кога ќе дојде до прекин на воените дејствија во Украина. Мислам дека тоа е едно од главните прашања, додека оние другите прашања на внатрешната политика и економската политика на Германија би требало полесно да се решат, вели Димитров.

[Не очекува уште поголема економска криза од војната во Украина, многу поголема од онаа што беше предизвикана од ковид пандемијата, изјави Бранимир Јовановиќ, економист од Виенски институт за]

Економскиот аналитичар и професор на Виенскиот институт Бранимир Јовановиќ во изјава за МИА вели дека кризата во Германија веќе две години се одразува врз македонската економија и дека следната година нема да биде нешто многу поразлична од претходните две.

- Една од причините што економскиот раст во Македонија во последните две години е меѓу најслабите во регионот е токму рецесијата во Германија. Македонија е најмногу изложена кон германската економија од сите земји од Источна Европа – дури 40 проценти од македонскиот извоз завршува таму. Затоа и извозот паѓа веќе две години по ред, поради слабата побарувачка од Германија. Затоа, мислам дека следната година нема да биде нешто многу различна од претходните две во овој поглед. Германија веќе две години има пад на БДП и следната година всушност се очекува земјата конечно да забележи раст, иако само мал, од околу 0.5 проценти. Тоа, секако не е доволно за да ја извлече македонската економија од летаргијата во која е навлезена, но не е ни толку лошо за да ја турне економијата во депресија, оценува Јовановиќ за МИА.

Од Германската стопанска комора (АХК) која ги обединува германските инвеститори во земјава, не очекуваат дека кризата во Германија ќе се одрази врз работните места во компаниите отворени од страна на германските инвеститори.

- Како Германска стопанска комора не ни е познато дека некој од германските инвеститори тука планира кратење на работните места. Овој период тие планираат да го искористат за тренинзи и обуки за своите вработени, но исто така и за да инвестираат во нови технологии и затоа организираат нова едукација за персоналот. Не радува дека германските инвестиции не се само во областа на автомобилската индустрија, туку има и други сектори каде што се инвестира и тие сектори не се загрозени. Во изминатата година имавме голем број на реинвестиции како во автомобилската индустрија, така и во други сектори и затоа сметам дека нема потреба од грижа, изјави директорката на АХК Антје Ванделт на 17 декември.

[Економскиот институт DIW од Берлин очекува закрепнување на германската економија во тековното тримесечје по падот предизвикан од пандемијата на новиот коронавирус.]

Според неа, сегашната криза во Германија можеби е шанса за нас, бидејќи германските производни компании се во потрага по нови пазари кои се блиску и имаат долгорочно искуство во производството и нудат европски стандарди, а тоа е одлична шанса за земјата.

- Она што е добро е дека германските инвестиции во земјава не се само во областа на автомобилската индустрија. Токму автомобилската индустрија во последниот квартал има благ пад на извозот кон Германија, но од мајките компании добивме информација дека во вториот квартал од 2025 година се очекува закрепнување и повторно враќање на истото ниво. Не радува и фактот дека големиот дел од германските инвестиции во автомобилскиот сектор кои произведуваат тука не се насочени само кон механичкото производство, туку голем дел од нив произведуваат делови и компоненти наменети за електричните возила, изјави тогаш Ванделт.

Што и да се случи во Германија на политички план во следниот период очигледно е дека тоа ќе се одрази врз цела Европа како на политички, така и на економски план. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 27. октомври 2026 година

Дневен хороскоп за вторник, 27. октомври 2026 година. 

Дневен хороскоп за 27. октомври 2026 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Во вашата работна средина би можеле денеска да забележитер личност која ви е посебно наклонета.

Кариера

Ќе бидете мотивирани само за многу интѕересни теми како што се алтернативни , уметнички и слично.

Здравје и совет

Не манипулирајте со луѓето.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Разговорот што ќе го водите со личност која ви е особено драга , ќе биде доста сериозен , па дури и мрачен.

Кариера

Ако тргнувате на деловно патување , проверете ја состојбата на автомобилот , дали сте ги набавиле сите дозволи и слично.

Здравје и совет

Не е исклучена кашлица..

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Веројатно ви претстои убаво помионато време во тишината на домот. Оние во врска , ќе го повикаат партнерот кај себе , а самците ќе размислуваат дали да излезат.

Кариера

Ќе мора малку повеќе да се потрудите околу финансиите . Имате добра шанса , па би било штета да ја пропуштите.

Здравје и совет

Одете кон својата цел.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе почуствувате колку е тешко постојано да објаснувате зошто избегнувате блискост. Едбноставно дистанцата ви одговара.

Кариера

Ќе се обидете да ги направите поедноставно работите околу финансиските трансакции. За некои тоа ќе биде чекор напред.

Здравје и совет

Позанимавајте се со својата листа на приоритети.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Оние кои сеуште бараат сродна душа , денеска би можеле да ја запознаат на своето работно место.

Кариера

Ќе бидете наклонети да мешате деловно со приватно , но тоа нема да ви пречи во доброто функционирање на работното место.

Здравје и совет

Пазете се од провев.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Денеска не е најдобар ден за еротика , зашто ќе бидете студени. Затоа покажете љубов до одредена граница на физичко зближување.

Кариера

Загрижено ги следите сите новости , но се уште не го наоѓате она што го сакате. Сеуште постојат ограничувања.

Здравје и совет

Бидете трпеливи.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Пред вас е пријатен љубовен ден во кој ќе ги надминете сите критики кои биле кажани на ваша сметка.

Кариера

Добивате одредена заштита , но тоа не значи дека и натаму не треба да се докажувате.

Здравје и совет

Бидете праведни.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Со паметен избор на зборови ќе ја пополните празнината во личните односи. Се ќе успеете да надоместите со интелектот.

Кариера

Ако повторно се посомневате во вашите способности , само погледнете што сте постигбнале до сега. Набргу ќе се охрабрите.

Здравје и совет

Соработувајте со младите.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Партнерот ќе ве поттикне на нежност. Вашиот меѓусебен однос ќе се подобрува секој ден се повеќе.

Кариера

Со своето знаење ќе придонесете работата да се заврши што подобро , како и деловните партнери да ве почитуваат.

Здравје и совет

Одлично сте расположени.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Убавите љубовни шанси ќе бидат занемарени поради мала семејна тага или проблем.

Кариера

Ќе се чувствувате распнати меѓу желбите и можностите. Излезот е во реалното согледување на состојбата.

Здравје и совет

Бидете одговорни.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Пред вас е многу ветувачки љубовен ден. Ќе имате можност да поминете преубаво заедничко време со саканата личност.

Кариера

Држете се до своите деловни партнери , зашто тие во моментов одлично ја водат целата работа. Не им замерувајте ако понекогаш се малку поостри.

Здравје и совет

Прошетајте се на свеж воздух.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе покажете дека цврсто верувате во своите љубовни идеали и дека од саканата лилчност очекувате повеќе отколку што мисли.

Кариера

Во стручните прашања би можело да дојде до една расправија или натпревар во докажување кој е во право. По обичај , никој.

Здравје и совет

Несоница по кошмарните сништа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петар Арсовски, Александар Трајановски и Раби Седрак во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Петар Арсовски, Александар Трајановски и Раби Седрак

Петар Арсовски, Александар Трајановски и Раби Седрак  во „Само вистина“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Невидлив облик на злоставување во врска кој многумина не го препознаваат

На почетокот се чини дека сè е во ред, ви се допаѓа личноста и силно сте возбудени кога ќе сфатите дека и таа го чувствува истото, но она што на почетокот сте го доживеале како знак на внимание со тек на време се претвора во контрола.

 Невидлив облик на злоставување во врска кој многумина не го препознаваат

Љубомора и контрола

Марни имала 16 г. кога започнала да излегува со нејзиното момче, биле пријатели пред да станат пар, нивната врска на почетокот изгледала како типична тинејџерска љубовна приказна.

Со неа сакал да го минува секој момент и секоја вечер после училиште доаѓал кај неа. Таквото однесување го сметала за нормално и позитивно.

„Каде и да одев, постојано ми се јавуваше и ми пишуваше пораки, а понекогаш и ненадејно ќе се појавеше“, раскажува Марни. „Моите пријатели и семејството беа сомничави, но јас не ги слушав. Мислев дека така треба да изгледа љубовта.“

За време на нивната двегодишна врска, нејзиниот партнер со помош на технологијата ја изолирал од сите. Ја проверувал дигитално, ѝ го земал телефонот и ги бришел пораките пред таа да може да ги види.

„Не знаев кој се обидел да ме контактира, ниту дека мајка ми прашувала каде сум“, објаснува таа. Не ѝ било дозволено ниту да користи социјални мрежи – нешто што, според неа, било голем дел од неговата контрола.

Марни на крајот успеала да ја прекине врската, но дури по неколку години сфатила дека била жртва на злоупотреба. „Многу е тешко да се препознае таквото однесување како штетно или опасно“, вели таа денес. „Никој не нè учи како да ги забележиме знаците.“

Насилство потпомогнато од технологијата

Д-р Афродити Пина од Универзитетот во Кент водела голем истражувачки проект на оваа тема. Таа објаснува дека ваквото злоставување може да биде од финансиска, сексуална, физичка или психолошка природа. Станува збор за однесување што влева страв, ја нарушува приватноста и може да вклучува злоупотреба на интимни фотографии.

Според неа, злоставувањето со помош на технологија вклучува барање лозинки и пристап до уреди, барање постојани докази за локацијата, како и тајно проверување на пораки, кориснички сметки и историја на прелистување. Тоа исто така опфаќа и следење преку споделување локација, шпионски софтвер, уреди како „AirTags“ или системи за паметен дом.

Злоупотребата се манифестира и преку чести несакани повици и пораки, креирање нови профили откако претходните биле блокирани, како и во ситуации кога партнерот ја знае содржината на приватните разговори без логично објаснување.

Насилството опфаќа и хакирање на кориснички сметки, лажно претставување, споделување или закани за споделување интимни фотографии, сексуална уцена, јавно објавување приватни информации (т.н. „doxxing“), како и користење уреди на деца за следење на поранешниот партнер.

„Злоупотребата со помош на технологијата има многу облици, почнувајќи од демнење на социјалните мрежи, па сè до контрола на паметните домашни уреди или ограничување на пристап до технологија“, вели Џоди Лидам од хуманитарната организација „Refuge“. „Заедничко за сите што сторителот ја користи технологијата како оружје за да ја контролира и изолира жртвата, а последиците можат да бидат катастрофални.“

Бројот на пријавени случаи значително пораснал во последниве години, особено по пандемијата откако животот се пресели на Интернет. Организацијата „Refuge“ забележува пораст од 78% на барањата за помош во периодот меѓу 2025 и 2026 година. Организацијата „Victim Support“ регистрираше пораст од 140% на бројот на луѓе што побарале поддршка поради дигитална злоупотреба во текот на изминатата година.

Кога грижата ќе се претвори во контрола

Концептот „доверба“ може да ги замагли границите. Надзорот се прикажува како грижа („Те следам зашто сум загрижен“), а пристапот до лозинките како тест за лојалност („Ако ми веруваш, нема што да криеш“).

Праксата на која на почетокот доброволно се согласувате, може да стане должност.

Жртвите најчесто се обвинуваат себеси и, ако не постои директна закана, одбиваат во таквото однесување да видат злоупотреба.

Според психолозите, здрав договор е оној што е слободно избран, јасно дефиниран и транспарентен и може да се одбие во секое време. Проблемот настанува кога при повлекување на согласноста или при промена на лозинката се случува притисок, казнување или закана.

На што да обратите внимание

Постојано испитување за секоја интеракција на мрежите,

барање пристап до приватните пораки,

истражување на лицата кои ја „лајкувале“ вашата фотографија, или притисок да престанете да „следите“ некого на социјалните мрежи,

намерно игнорирање пораки како форма на казнување,

уценување на партнерот со закани за објавување приватни фотографии и јавно понижување.

Ако личноста чувствува потреба да го контролира својот онлајн живот за да го спречи бесот кај партнерот, границата веќе е помината.

На младите често им недостасува вокабулар да го дефинираат она што го чувствуваат. Тие однесувањето што подразбира контрола го етикетираат како „интензивно“, „заштитнички став“ или „љубомора“, наместо како злоупотреба. Освен тоа, родителскиот надзор над децата во име на безбедноста несвесно ја испраќа пораката: „Ако ме сакаш, немаш што да криеш“. Подоцна во животот, партнерите може да го бараат истото како доказ за посветеност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер