Кривични пријави за три лица и правниот субјект што исфрлија шут и земја во Охридското Езеро - Канал 5

Кривични пријави за три лица и правниот субјект што исфрлија шут и земја во Охридското Езеро

 Три лица и правен субјект заработија кривични пријави поради сомневање дека се сторители на казнено дело „узурпација на недвижности" во заштитената зона на брегот на Охридското Езеро.

Кривични пријави за три лица и правниот субјект што исфрлија шут и земја во Охридското Езеро

Станува збор за Н.З.(59) од Охрид, Н.И.(51) од Струга и Р.Б. (47) од Охрид, како и против компанијата „Нефи ИК" со седиште во Охрид.

Според полицискиот записник, првопријавениот, иако знаел дека неговата катарстарска парцела во населбата „Далјан" во близина на Охридското Езеро, се уште не е запишана во Агенцијата за катастар на недвижности на негово име, со намера да ја прошири парцелата ги ангажирал второ и трето пријавените, вработени во фирмата „Нефи ИК" и побарал дотур на земја, камен и крупен градежен шут на брегот и во водите на Охридското Езеро.

Тие извршиле дотур на земја и камен со што ја прошириле парцелата на 900 метри квадратни навлегувајќи дури и во водите на Охридското Езеро.

Случајот беше пријавен уште во ноевмри минатата година, кога беше регистрирано и снимено како со тешка механизација се насипува земја и шут во Охридското Езеро, во непосредна близина на новиот комплекс згради и дом за стари лица во изградба кон Извидничкото одморалиште кај Далјан. Уште тогаш на терен излезе инспекција на Општина Охрид и на Министерството за животна средина и просторно планирање, кои потоа побараа од полицијата да го пронајде сторителите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Летната сезона ги активираше крадците – во просек по три пријави за тешки кражби дневно

Летните одмори се можност за релаксација но и шанса за крадците. Додека граѓаните ги полнат туристичките центри, криминалците ги демнат празните домови. 

Летната сезона ги активираше крадците – во просек по три пријави за тешки кражби дневно

Само во текот на јуни годинава се регистрирани 91 кражба и тешка кражба во станови, куќи и викенд-куќи, покажуваат податоците на Министерството за внатрешни работи. Најголем дел од нив се тешки кражби во куќи – дури 59 случаи, додека во станови се евидентирани 17 тешки кражби. Регистрирани се и кражби во викенд-куќи, кои во летниот период остануваат без надзор со денови или недели.

Со почетокот на сезоната на годишни одмори, полицијата повторно предупредува дека празните домови се најлесната цел за крадците. Токму затоа и ова лето МВР спроведува превентивна кампања низ државата, со која апелираат граѓаните пред да заминат на одмор задолжително да ги заклучат влезните врати и прозорците, да не оставаат впечаток дека домот е празен и да избегнуваат во реално време да објавуваат фотографии и видеа од своите патувања на социјалните мрежи.

Иако од МВР наведуваат дека на подолг рок бројот на вакви кривични дела бележи тренд на намалување благодарение на превентивните активности, статистиката покажува дека провалните кражби и понатаму претставуваат сериозен безбедносен проблем, особено во периодите кога голем број семејства ги напуштаат своите домови поради летните одмори.

Според годишната анализа на Министерството, куќите и становите и понатаму се меѓу најчестите мети на крадците.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Производителите, дистрибутерите и владата утре на иста маса ќе ги анализираат цените на храната

Производителите и дистрибутерите утре со владините претставници седнуваат на заедничка маса - ќе разговараат за продажните и набавните цени.

Производителите, дистрибутерите и владата утре на иста маса ќе ги анализираат цените на храната

Состанокот доаѓа откако двете контроли кои ги направиле пазарните инспектори , покажале дека иако засега цените на храната се стабилни, имало периоди кога цените на рафтовите растеле побрзо од оние по кои се набавувале поради повисоки бруто профитни маржи, а во одреден период дури и кога набавните цени се намалиле крајните останале исти...

Од министерството за економија и денеска повторија дека во време на глобална неизвесност очекуваат сите компании да покажат општествена одговорност.

„На состанокот ќе разговараме околу целиот синџир на набавка, односно за цените од набавка па се до крајната цена. Очекуваме апелот на министерството за економија да биде слушнат и во иднина да немаме вакви отстапки.“ - Министерство за економија и труд.

Дополнитлено утре пратениците во собранието ќе глсаат за продолжување на кризната состојба до 20 ти октомври, откако предходно во петокот одлуката помина на владина седница. Целта е доколку има нагли скокови во цените кај нафтените деривати на светските берзи надлежните да може да интервенираат, а истовремено се гарантира континуиран и непречен проток на енергенси.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера во изјава за медиумите, рече дека цените на дериватите на светските берзи растат и тоа ќе влијае на цената која утре треба да ја соопшти Регулаторната комисија за енeргетика. Најави повторно намалување на акцизите, но без притоа да прецизира кога точно би се донела таквата одлука, за што и денеска реагираа од опозициската СДСМ. Од партијата велат наместо конретни мерки има само најави, а цените се веќе до плафон.

„Граѓаните две години скапо ја плаќаат сметката за неспособноста на оваа Влада - со празни џебови и фрижидери. СДСМ со месеци бараше и понуди конкретни мерки за заштита на животниот стандард. Предлагавме намалување на ДДВ за храната, укинување на ДДВ за основните прехранбени производи, намалување на акцизите, замрзнување на маржите, зголемување на минималната плата на 600 евра и системски мерки за заштита на куповната моќ.“ - Рената Младеновска – член на ИО на СДСМ

Инаку зголемените геополитички тензии на Блискиот исток повторно ги кренаа цените на нафтата на светските берзи кои во петокот достигнаа и 88 долари по барел.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжуваат партиските препукувања по извештајот на Европската комисија за владеењето на правото

Сите владејачки елити во изминативе три децении имаа повеќе или помалку директна вина за состојбите во правосудството и потребни се коренити, не само декларативни, реформи за независна трета власт.

Продолжуваат партиските препукувања по извештајот на Европската комисија за владеењето на правото

Сите владејачки елити во изминативе три децении имаа повеќе или помалку директна вина за состојбите во правосудството и потребни се коренити, не само декларативни, реформи за независна трета власт, сметаат дел од политичките аналитичари по последниот извештај на ЕК за владеењето на правото во земјава. Според Благојче Атанасовски државата ќе продолжи да тапка во место се додека не се покаже вистинска иницијатива за длабоки промени за право и правда. Фокусот за поголем буџет во правосудството според него не треба да биде само за платите на судиите и обвинителите туку и за админинистративните работници кои носат голем дел од товарот за ефикасно спроведување на предметите, а немаат достоинствени плати и кадар.

-Генерално секогаш состојбите во правосудството биле нотирани дека се лоши и незадоволителни за Македонија да ги исполни критериумите за членство во самата ЕУ. Политички фолклор се обвинувањата меѓу власта и опозицијата кој повеќе направил штета и политизација на правосудните органи. За жал нашите владејачки елити во овие 35 години не сфатија дека правосудната власт треба да биде независна и трета власт и поради тие натрупани состојби ние добиваме вакви катастрофални извештаи. Не станува збор само за платите на судиите и обвинителите кои се за македонски услови навистина високи. Во целиот тој судско- обвинителски систем и повеќе од 80 проценти од вработените не се судии и обвинители и навистина работат за мали плати, би рекол дури и ужасни за македонски стандарди и постојано се нотира дека има дефицит на таков административен кадар, изјави Атанасовски.

А партиите и денеска продолжија со меѓусебни прозивки за состојбите во правосудството. Откако премиерот Мицкоски вчера извештајот го оцени како најдобар од сите споредено со претходно кој содржи и пофалби и критики, но беше дециден дека и покрај забелешките, Владата нема да даде повеќе пари за судството и обвинителството се додека не испорачаат резултати, од СДСМ реагираат дека ваквата изјава е, како што велат, директно политичко влијание врз правосудството, а извештајот на ЕК, според нив, е европска дијагноза за заробеното правосудство од власта на ВМРО-ДПМНЕ.

-Чувствата“ на премиерот Христијан Мицкоски ги поклопија правото, Уставот и правната држава. Најновиот извештај на Европската комисија за владеењето на правото ја разоткрива суровата вистина за Македонија под власта на ВМРО-ОКГ: нема реформи, корупцијата е широко распространета, а судството и обвинителството се изложени на политички притисоци. Брисел директно алармира дека изјавите на претставници на власта, вклучително и на премиерот, создаваат притисок врз независноста на правосудниот систем, изјави Наумовски од СДСМ.

Судиите да почнат да испорачуваат правда, очекуваат и од партијата на Павле Трајанов. Од Демократскиот сојуз оценуваат дека реформите во правосудниот систем мора да продолжат со засилено темпо, но независноста на судството, како што велат, не смее да биде злоупотребена како заштита од одговорност.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер