Манасиевски: Од каде се парите на семејството Муслиу и дали Пендаровски е нивен партнер во изградба на зграда во Влае?
2Манасиевски: Од каде се парите на семејството Муслиу и дали Пендаровски е нивен партнер во изградба на зграда во Влае?
Ќерката на Мајкл Џексон бара 600 милиони долари од оставината на нејзиниот татко, 17 год. чека за исплата
Мегин Кели со критики кон Никол Кидман поради фотографиите во „Вог“: „Имаш 60 години; нема потреба да се облекуваш како мојата 15-годишна ќерка“
1Ќерката на Мајкл Џексон бара 600 милиони долари од оставината на нејзиниот татко, 17 год. чека за исплата
2Мегин Кели со критики кон Никол Кидман поради фотографиите во „Вог“: „Имаш 60 години; нема потреба да се облекуваш како мојата 15-годишна ќерка“
БалканКривични пријави за организаторите на протестот во Тирана и повеќе граѓаниПо синоќешниот протест на опозицијата во Тирана, каде беа фрлени молотови коктели и други запаливи средства, врз објектот на владата и други државни институции, полицијата поднесе кривични пријави за тројца организатори.По синоќешниот протест на опозицијата во Тирана, каде беа фрлени молотови коктели и други запаливи средства, врз објектот на владата и други државни институции, полицијата поднесе кривични пријави за тројца организатори, како и за учесници во протестот. Кривични пријави се поднесени против генералниот секретар на Демократската партија, Фљамур Нока, координаторот на пратеничката група, Газмент Барди и организацискиот секретар Ервин Минароли. Тие се товарат за „Организирање и учество во незаконски собири и демонстрации“, соопшти албанската државна полиција. Исто така информира дека е приведен Џ. Р. (57), жител на Тирана, за сторени кривични дела „Напад врз службено лице на должност“ и „Уништување имот со предизвикување пожар“. Постапка се води и против Ф.Д. (31) и две малолетни лица на возраст од 16 и 17 години, жители на Тирана, за сторени кривични дела „Нарушување на јавниот ред и мир“, „Уништување имот“ и „Напад врз полициски службеник“. Се трага по девет лица од 17 до 62-годишна возраст под сомнение за сторени кривични дела „Нарушување на јавниот ред и мир“, „Напади врз службено лице“ „Уништување имот со пожар“ „Непочитување на правилата за експлозиви и запаливи материи“, се наведува во полициското соопштение. Учесниците во протестот првично се собраа на булеварот „Народи херои“ и застанаа пред владата. Потоа заминаа пред седиштето на Социјалистичката партија, зградата на МВР, зградата на општина Тирана, Парламентот, уништуваа приватен и јавен имот, фрлаа молотови коктели и други запаливи средства, како и тврди предмети и кон полицијата и зградите на јавните установи. Оштетиле и рекламни табли и палеле канти за ѓубре, како и автобуска постојка. Полицијата мораше да употреби солзавец и водени топови. За време на протестот, што траеше три часа, беа повредени 10 полицајци. По пружената медицинска помош во Клиниката за трауматологија седум од нив се пуштени на домашно лекување, останатите се на болнички третман. Исто така, во болница за лекарска помош се упатени и двајца граѓани (татко и ќерка), за кои постои сомневање дека се повредени со експлозив (молотови коктели) и се надвор од животна опасност. По завршување на протестот Нока изјави дека државата е во паника и дека граѓанскиот бунт не може да се запре ниту со солзавец, ниту со полиција и го повтори повикот за техничка влада, сметајќи ја како единствена алтернатива за социјален мир и слободни избори. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче: Трајко Славески да си поднесе оставка, да не носи нови штетни одлукиФилипче нагласи дека гувернерот не ја исполни својата обврска да провери кој стои зад банката, каква е неговата репутација и каков капитал влегува во македонскиот финансиски систем.Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешнта прес-конференција го повика гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, да си поднесе оставка и да престане со носење одлуки со кои дополнително ја загрозува стабилноста на финансискиот систем и довербата на граѓаните. Филипче нагласи дека по погрешните одлуки околу влезот на Алта банка на македонскиот финансиски пазар, Славески нема кредибилитет да носи нови одлуки за нејзината иднина. „Најдобронамерно денеска го повикуваме гувернерот Трајко Славески да си поднесе оставка. Да не заглавува повеќе од тоа што е веќе заглавен. Да не се обидува на несоодветен начин да се спаси себеси и премиерот Мицкоски, кој што е очигледно негов наредбодавач. Ги пратиме неговите изјави, конфузни, ги дообјаснува, ги менува, очигледно е дека обвинува без причина и очигледно е дека знае дека во еден момент, кога и да дојде тој момент, ќе мора да одговара за сето ова што го направи“, рече Филипче. Тој потсети дека СДСМ цела година предупредува за сомнителниот капитал и финансиските трансакции поврзани со Алта банка, за што предупредуваше и Европската централна банка и други финансиски институции. Филипче нагласи дека гувернерот не ја исполни својата обврска да провери кој стои зад банката, каква е неговата репутација и каков капитал влегува во македонскиот финансиски систем. „Станува збор за банка која што за пет или шест години за тринаесет пати, и тоа е невидено во банкарскиот сектор, ја зголемила својата актива. И тоа е можно само ако станува збор за пари поврзани со криминал, со корупција, со шверц на дрога и така натаму. Гувернерот Трајко Славески очигледно не постапил по закон и како што изјави дека не го познавал газдата, а имал обврска да знае кој е газда на Алта банка, затоа што требал да знае со кој човек има работа и каква е репутацијата на газдата на банката која што влегува на нашиот финансиски пазар“, рече Филипче. Притоа Филипче посочи дека сега кога Алта банка Белград, која е мнозински сопственик на Алта банка Битола со 95 проценти, е во стечај, гувернерот неосновано повторно најавува решенија за кои нема надлежност, како што е најавата за продажба на акции. „Сега Алта банка во Белград, која што е мнозински сопственик 95 проценти на Алта банка Битола е во стечај. Гувернерот посегнува по некаква си продажба на акциите, иако вистината е дека не може тој да ги продава акциите, ниту Народна банка наша, туку за тоа одлука треба да донесе тој кој што го управува стечајот на Алта банка во Белград, а тоа е Агенцијата за осигурување на депозитите во Србија, тие треба да ја донесат таа одлука за продажба на тие акции, затоа што парите од продажбата на тие акции ќе одат во стечајната маса на Алта банка во Србија. Сето тоа не е возможно, како што најавува гувернерот, иако знаеме дека сака, за да се обиде да ги забошити сите овие работи, да се случи за десетина дена“, рече Филипче. Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: Од каде се парите на семејството Муслиу и дали Пендаровски е нивен партнер во изградба на зграда во Влае?Зад мене, во Влае се гради станбена зграда во која како инвеститор се посочува Афродита Муслиу, сопруга на поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, кој е инаку близок соработник на Стево Пендаровски.Тука се поставува прашањето на кое јавноста заслужува одговори, а тоа е како со административна плата се стигнува до инвеститор на станбена зграда? Од каде се парите за оваа инвестиција? Дали семејните приходи на Муслиу можат да ја оправдаат вредноста на ваков градежен проект? Дали зад оваа инвестиција стојат и други финансиски партнери? Почитувани, Тука има уште едно име кое мора да даде одговор, а тоа е Стево Пендаровски! Токму Пендаровски го назначи Еролд Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање во 2019 година. Затоа директно прашуваме, дали е точно дека Стево Пендаровски и Еролд Муслиу, покрај политичката и институционална соработка која ја имаат, имаат и заеднички деловни интереси? Дали Пендаровски има каква било финансиска или деловна поврзаност со оваа инвестиција во Влае? Би сакал исто така, да ја потсетам јавноста, дека во 2024 година токму Афродита Муслиу, сопругата на Еролд Муслиу, доби грант од 620 илјади евра, од тогашната Влада на СДС, која склучила меморандум со Конзорциум на невладини организации чиј основач е токму сопругата на Еролд Муслиу. Почитувани граѓани, Додека Филипче говори за некаква организирана криминална група, групата криминалци е токму во СДС. Очекуваме јасни одговори од Муслиу и од Пендаровски, за тоа дали се партнери во оваа изградба на станбен објект, и секако, како со административна плата се гради зграда за која треба да се инвестираат милионски суми. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕТагови: Валентин Манасиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизЌерката на Мајкл Џексон бара 600 милиони долари од оставината на нејзиниот татко, 17 год. чека за исплатаЌерката на покојниот „крал на поп-музиката“ Мајкл Џексон, Парис Џексон, побара од судот да нареди исплата на 600 милиони долари од оставината на нејзиниот татко во семеен фонд наменет за неа и нејзините браќа. Таа наведува дека поминале повеќе од 17 години од смртта на нејзиниот татко, славниот пејач, а парите што требало да им припаднат на неговите деца сè уште не се префрлени во фондот. Фондот бил основан во корист на неговите три деца, а тие требало да почнат да добиваат приходи кога ќе наполнат 21 година. Во нов судски поднесок, доставен на 29 октомври, 28-годишната Парис наведува дека имотот на нејзиниот татко генерирал приходи во износ од милијарди долари по неговата смрт во 2009 година, но дека семејниот фонд – формиран за да ја обезбеди иднината на неговите деца – останал без средства. Според магазинот „Пипл“ (People), таа побарала од судија во Лос Анџелес да одобри делумен пренос на средства во фондот на Мајкл Џексон. Фондот е основан за добробит на неговите три деца: Принс (29), Парис и Биги (24). Според одредбите, наследниците требало да почнат да добиваат приходи од своите удели кога ќе наполнат 21 година. Исто така, предвидено е тие да добијат делови од средствата на возраст од 30, 35 и 40 години. Парис, сепак, тврди дека таквата распределба не се случила онака како што замислил нејзиниот татко. „Повеќе од 17 години по неговата смрт, семејниот фонд на Мајкл Џексон сè уште не е финансиран“, се наведува во судскиот поднесок. Во документите се наведува дека Принс наближува кон својот 30-ти роденден, додека Парис во април ќе наполни 29 години, а Биги во февруари ќе наполни 25 години. Нејзиниот правен застапник смета дека, поради отсуството на уплати во фондот, братот и сестрите сè уште зависат од одлуките на извршителот на тестаментот, Џон Бранка, кој одлучува кога и колку пари ќе добијат тие. Адвокатите на Парис Џексон наведуваат дека имотот на нејзиниот татко остварил значителни приходи благодарение на бројни деловни зделки и продажба на имот. Тука спаѓаат продажбата на удел во „EMI Music Publishing“ за 287,5 милиони долари во 2018 година, продажбата на ранчот „Неверленд“ за 22 милиони долари во 2020 година, како и договорот со „Sony“ од 2023 година, кој се однесува на музиката на Мајкл и други права на интелектуална сопственост. Според поднесениот документ, овие трансакции генерирале повеќе од 1 милијарда долари во готовина, пред оданочување и покривање на трошоците. Извршителите на тестаментот претходно ја процениле вредноста на оставината на износ помеѓу две и три милијарди долари. Адвокатите се повикаа и на финансискиот извештај, според кој, во декември 2024 година, оставината располагала со околу 850 милиони долари во готовина и готовински еквиваленти. Откако ќе се земат предвид потенцијалните обврски, Парис смета дека на располагање би можеле да бидат околу 600 милиони долари за уплата во семејниот труст. Во документот се спомнува и ветувањето на извршителите од 2011 година, кога пред судот изјавиле дека размислуваат да поднесат посебно барање за распределба на средствата. Правниот тим на Парис Џексон тврди дека такво барање никогаш не било поднесено.Тагови: Мајкл Џексон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter