Кривични пријави против поранешен директор на струмичко јавно претпријате за „злоупотреба на службената положба“ и за „бесправно градење“ - Канал 5

Кривични пријави против поранешен директор на струмичко јавно претпријате за „злоупотреба на службената положба“ и за „бесправно градење“

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против З.Г.(56) од Струмица - поранешен директор на Јавното претпријатие за комунални дејности Комуналец Струмица.

Кривични пријави против поранешен директор на струмичко јавно претпријате за „злоупотреба на службената положба“ и за „бесправно градење“

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против З.Г.(56) од Струмица - поранешен директор на Јавното претпријатие за комунални дејности Комуналец Струмица, против јавното претпријатие, против Г.Б.(52) од Струмица и против правно лице од Струмица поради постоење на основи за сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“ по член 244-А во врска со член 22 од Кривичниот законик. Имено, јавното претпријатие, застапувано од З.Г. и правно лице, застапувано од Г.Б., со заеднички дејствија изградиле објект од втора категорија, кој се користел како деловен објект, без притоа да биде издадено соодветно одобрение за градење од општина Струмица.

СВР Струмица поднесена кривична пријава поранешниот директор на ЈКПД „Комуналец“ и поради постоење на основи за сомнение за сторени две кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Во првиот случај, пријавениот З.Г. склучувал договори за закуп на простор пред објект - настрешница со правно лице од Струмица, која била бесправно изградена на зелена површина. Притоа, договорите биле склучувани со непосредна спогодба иако станува збор за користење на простор за кој согласно Законот за комуналните такси е потребно општината да издаде согласност и да наплатува комунална такса согласно тарифата. На тој начин е нанесена штета на буџетот на општина Струмица и била остварена финансиска односно имотна корист за ЈПКД „Комуналец“ Струмица во вкупен износ од 847.126 денари.

Во вториот случај, пријавениот ја злоупотребил службената положба на тој начин што во периодот од 2020 до 2023 година од истото правно лице вршел набавка на храна и угостителски услуги без да биде спроведена соодветна постапка за јавна набавка согласно Законот за јавни набавки со изговор дека храната била набавена за работници кои работеле

прекувремено. Меѓутоа, во фактурите нема подетално објаснување за тоа што е набавено, односно во прилог на фактурите нема поткрепувачка документација од која може да се утврди кои лица користеле оброк, ниту пак дали работеле ноќе или прекувремено, а јавното претпријатие немало план за организирање на работа во смени. Со ваквите дејствија била причинета штета на јавното претпријатие во вкупен износ од 307.800 денари, соопшти МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Анталија, Република Турција ќе учествува на Лидерскиот самит во рамките на 31. Конференција на страните (COP31) на Конвенцијата на Обединетите Нации за климатски промени.

Претседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија

Предвидено е претседателката да се обрати на првата пленарна сесија за шефови на држави и влади, како и на дијалогот на високо ниво, посветен на транзицијата кон чиста енергија и електрификацијата. Таа ќе оствари билатерални средби со дел од учесниците на самитот.

Во состав на македонската делегација на COP31 се министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во полиција задржан романскиот возач на камионот по верижните судири на автопатот „Тракија

Бугарската влада го прогласи 11 ноември за ден на национална жалост по вчерашната трагедија во која во верижен судир на автопатот „Тракија, загинаа 11 лица, а 51 лице се повредени.

Во полиција задржан романскиот возач на камионот по верижните судири на автопатот „Тракија

Романскиот возач на камионот, кој учествувал во еден од двата верижни судири на автопатот „Тракија“ во бугарија, е задржан во полиција.Тој веќе бил сослушан, а се очекува повторно да даде исказ во текот на денот.Засега не е утврдено како се движел камионот непосредно пред несреќата.

Според првичните информации, видливоста на автопатот нагло се намалила.Полицијата проверува дали камионот се движел со мала брзина или се вклучувал од споредна лента.Во двата верижни судири, во близина на клучката Зимница, учествувале вкупно 86 возила.Во правец кон Бургас се судриле 63 возила, а кон Софија уште 23.

Бугарските истражни органи најавија дополнителни вештачења за утврдување на причините за несреќата .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Венецијанската комисија ќе го оценува новиот модел за полагање на правосудниот испит

Владата ќе побара итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел за полагање на Правосудниот испит.

Венецијанската комисија ќе го оценува новиот модел за полагање на правосудниот испит

Со овој чекор, како што соопштуваат од Министерството за правда, се обезбедува независна меѓународна експертска оцена за усогласеноста на предложеното решение со Уставот, меѓународните правни инструменти и европските стандарди.За време на престојот на експертите предвидени се и практични демонстрации на писмениот дел од испитот во Апелациониот суд во Скопје, како и на усниот дел во просториите на Министерството за правда..

Предложениот модел предвидува воведување единствен систем на полагање, со еднакви услови и исти професионални критериуми за сите кандидати, без посебни испити или различни стандарди, велат од правда..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер