Кривична за Рустеми и уште четири лица за јавна набавка за избор на фирма за наплатните рампи - Канал 5

Кривична за Рустеми и уште четири лица за јавна набавка за избор на фирма за наплатните рампи

Поранешниот директор на Државни патишта, Ејуп Рустеми е еден од приведените под сомнение за злоупотреби на јавна набавка за физичко обезбедување на наплатните рампи во земјава.. 

Кривична за Рустеми и уште четири лица за јавна набавка за избор на фирма за наплатните рампи

Полицијата ги уапси поранешниот директор на претпријатието Ејуп Рустеми, Дрилон Зибери раководител на одделение за наплата на патарини и контрола, Ејуп Љатифи помошник директор за одржување на патишта, Џемал Билбиловски сопственик на агенција за обезбедување. Наплаќале 24 – часовно обезбедување на патарини, а работеле само една смена и го оштетиле буџетот во јавното претпријатие Државни патишта за нешто под 800 илјади евра

Пред три години газдата на агенцијата за обезбедување добил државен тендер за да ги обезбедува патарините 24 часа но вршел само делумно обезбедување, односно си работеле само прва смена, а наплаќале како за цел ден. Надлежните знаеле, но не контролирале и дозволиле да се оштети буџетот.

Обвинителството отвори истрага и побара притвор за првоосомничениот Оттаму велат и дека тогашниот директор на јавното претпријатие иако бил должен да контролира дали договорот е спроведен во целост, го пропуштил должниот надзор. Ниту раководителите на одделението за наплата на патарини и контрола не вршеле контроли.

„Двајца осомничени раководители на одделение за наплата на патарини и контрола, исто така имале задолжение да го следат договорот и неговото исполнување, да вршат контрола во извршувањето, одобрување на работни налози за извршување на услугата, испратници, следење на квалитетот на извршените услуги и проверка на доспеаните фактури, како и да изготвуваат извештаи дали договор е целосно реализиран. Таквите контроли не ги вршеле во целост и иако знаеле дека обезбедувањето се извршува само делумно најчесто во прва смена, ги потпишувале барањата за одобрение за плаќање“, велат од ОЈО.

МВР поднесе кривична пријава против осомнничените.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд СКОПЈЕ достави предлог за определување мерка притвор првиот осомничен, сопственикот на агенцијата за обезбедување, додека за останатите се предложени мерки на претпазливост.

YouTube video

Честит Велигден-Христос Воскресе

Канал 5 телевизија на сите христијански верници им го честита најголемиот празник Велигден. на вработените и на сите верници од православна вероисповед со желби за добро здравје и семејна благосостојба.

Честит Велигден-Христос Воскресе

На сите верници од православна и католичка вероисповед со желби за добро здравје и семејна благосостојба им посакуваме Честите Велигден.

-Христос Воскресе -Навистина Воскресе!

Денес се слави најсреќниот христијански празник, симбол на нов почеток и вечен живот во верба и мир. Честит Велигден!

Видео: Истражувачи спуштија камера во најдлабоката пештера во САД

Група храбри истражувачи решиле да се спуштат во најдлабоката  пештера во САД, а снимката е застрашувачка и неверојатна.

Видео: Истражувачи спуштија камера во најдлабоката пештера во САД

Имено, тие не само што се спуштија и се вратија, туку после тоа решиле и да го повторат неверојатниот подвиг.

Двајца Јутјубери од каналот ActionAdventureTwins споделија снимка од спуштање камера во пештерата на нивниот профил.

Ова е фантастичната јама во пештерата Елисон во округот Вокер, која се смета за најдлабока јама за слободен пад, со пад од неверојатни 179 метри.

Како што вообичаено се случува во современиот свет, истражувачите од каналот ActionAdventureTwins решиле таму да поминат „повеќе од 12 часа“, а со својата камера снимаа се, па со тоа ги одведоа своите претплатници во авантура која нема лесно да ја заборават.

На снимката се гледа како GoPro камерата се спушта во длабочините на темната пештера. На целата ситуација не ѝ помага ниту тоа што и камерата полека се ротира како резултат на тоа што е спуштена на долга жица закачена на електрична дупчалка.

Некои беа фасцинирани од длабочината на пештерата, додека други истакнаа дека само чекаат некое страшно суштество да се појави и излезе од длабочината на јамата.

YouTube video

Фото: Долф Лунгрен на прошетка со 28 годишната сопруга и ќерките од 28 и 22 години

Долф ручал со сопругата 28 годишната Ема Крокдал и ќерките Ајда Лундгрен (28) и Грета Лундгрен (22) во медитеранскиот ресторан Авра во Беверли Хилс.

Фото: Долф Лунгрен на прошетка со 28 годишната сопруга и ќерките од 28 и 22 години

Сите биле во опуштени модни комбинации.

Долф носи фармерки и црна маичка, над која има кошула во иста боја. Неговата сопруга исто така носи фармерки и црна маица.

Инаку мајка на Ајда и Грета е Анет Квиберг, која беше во брак со шведскиот актер од 1994 до 2011 година.

Актерот познат по своите улоги во акциони филмски хитови инаку во брак е со 40 години помладата Ема од јули 2023 година додека водеше битка со ракот. на неговата битка со ракот.

Долф Лунгрен ја доби битката со тешката болест .

Во ноември 2024 година, Лундгрен на Инстаграм откри дека неговата битка со ракот е завршена.

притисни ентер