Кривична за екс градоначалникот на Струмица Костадинов за злоупотреба при јавна набавка на електрични автобуси - Канал 5

Кривична за екс градоначалникот на Струмица Костадинов за злоупотреба при јавна набавка на електрични автобуси

Полицијата поднесе кривична пријава против екс градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов и уште пет лица за злоупотреба на постапка за јавна набавка на 10 електрични автобуси за ЈСП „Струмица-Транспорт“ .

Кривична за екс градоначалникот на Струмица Костадинов за злоупотреба при јавна набавка на електрични автобуси

Полицијата поднесе кривична пријава против екс градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов и уште пет лица за злоупотреба на постапка за јавна набавка на 10 електрични автобуси за ЈСП „Струмица-Транспорт“ во вредност од без малку 7 милиони евра. Од СВР Струмица велат пријавата против поранешниот градоначалник на Струмица е за „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“, а за останатите, помеѓу кои лица што биле надлежни за јавното претпријатие, директорот, и членови на комисијата за јавни набавки при претпријатието, а и лице задолжено за одговори на технички прашања кое, според полицијата, не ги поседувало потребните стручни квалификации.

Според СВР Струмица причинета е материјална штета од поголеми размери од платената сума бидејќи отсуството на лице со соодветни квалификации освен реалната вредност ги довело во прашање квалитетот и безбедноста на автобусите.

Додека Обвинителството се уште формално ја процесуира пријавата, Костадинов негира дека сторил кривични дела. Преку јавен статус на социјалните мрежи ги отфрли како неосновани наводите и порача дека станува збор за проект од стратешко значење за Струмица од кој во пракса жителите денес имаат економски, еколошки и сообраќајни бенефити.

Процедурално проектот е инициран од Општината, изгласан на Советот со јасни насоки за формирање Јавно Сообраќајно Претпријатие, спроведување на јавна набавка за автобуси и имплементација на проектот. Верувам дека сите овие чекори се спроведени според важечките закони. Стојам на располагање на сите надлежни органи и институции со цел да им биде елаборирано и појаснето на каков начин е спроведен овој проект кој денес беспрекорно функционира во пракса.

Понатамошната постапка по поднесената пријава вклучува Обвинителството да ја разгледа документација и да собере податоци за тоа како била спроведена постапката, по што треба да донесе јавно обвинителска одлука.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Епидемијата се смирува, но пронајдена е нова бактерија во гостиварскиот водовод

Епидемијата во Гостивар полека стивнува, но водата и понатаму може да се користи само за техничка употреба поради тоа што се појавила нова бактерија во водоводна мрежа кажа вчера премиерот Мицкоски.

Епидемијата се смирува, но пронајдена е нова бактерија во гостиварскиот водовод

Министерот за здравство Клековски пак рече дека бројот на новоаболени се намалува и очекува гостиварци да добијат питка вода до утре . Сепак, вели крај на епидимијата ќе може да се прогласи дури откако ќе нема ниту еден новозаболен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Французите ја открија платата на Зидан во прашање се милиони

Зинедин Зидан е новиот селектор на француската репрезентација, а според информациите на францускиот медиум „RMC Sport“, легендарниот фудбалер и поранешен тренер на Реал Мадрид ќе има многу профитабилен договор.

Французите ја открија платата на Зидан во прашање се милиони

Светската фудбалска легенда, Зинедин Зидан е новиот селектор на француската репрезентација, а според информациите на францускиот медиум „RMC Sport“, легендарниот фудбалер и поранешен тренер на Реал Мадрид ќе има многу профитабилен договор со Француската фудбалска федерација.

Зидан ќе заработува 300.000 евра месечно, а таа сума би можела дополнително да се зголеми преку бонуси.

Доколку ги исполни сите поставени цели, неговата заработка може да достигне и до 450.000 евра месечно.

Новиот селектор на „триколорите“ потпиша четиригодишен договор, а негова главна задача ќе биде да ја подготви репрезентацијата за Светското првенство во 2030 година.

Тоа значи дека неговиот загарантиран годишен приход ќе изнесува 3,6 милиони евра, додека со максималните бонуси би можел да достигне и до 5,4 милиони евра годишно.

Интересно е што Зидан би можел да ги надмине приходите на својот претходник Дидие Дешам, кој ја предводеше Франција 14 години. Според истиот извор, Дешам заработувал околу 3,8 милиони евра годишно.

Претседателот на Француската фудбалска федерација, Филип Диало, не сакаше да потврди конкретни бројки кога новинарите го прашаа за договорот на Зидан, но нагласи дека парите не биле клучен фактор во преговорите.

„Искрено, не станува збор за пари. Првпат се сретнав со Зидан во февруари 2025 година и не разговаравме за пари. Разговаравме за желбата на Федерацијата француската репрезентација да победува и за играчите што тој сонува да ги види во синиот дрес“, изјави Диало. Зидан ќе го има својот прв натпревар како селектор на Франција во Лигата на нации, кога „Триколорите“ ќе гостуваат во Турција на 25 септември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран: Ормутскиот теснец останува затворен сè додека траат заканите од САД

Иранската Револуционерна гарда објави дека Ормутскиот теснец нема повторно да се отвори сè додека траат заканите од САД и – како што тврди таа – мешањето на Вашингтон во регионалниот поморски сообраќај.

Иран: Ормутскиот теснец останува затворен сè додека траат заканите од САД

„Ормутскиот теснец не може повторно да се отвори сè додека продолжуваат заканите и запаливата реторика од американските официјални лица, како и нивното мешање во поморскиот сообраќај во регионот“, соопшти Револуционерната гарда.

Иран тврди дека има цврста контрола врз влезните и излезните точки на теснецот, кој претставува една од најважните светски рути за транспорт на нафта и гас.

Американската војска ги оспорува иранските тврдења во врска со затворањето на теснецот, наведувајќи дека комерцијалните бродови продолжуваат да минуваат низ него со помош на САД.

Револуционерната гарда тврди дека, поттикнати од американски летала, два танкера за нафта во текот на ноќта се обиделе да поминат низ дел од јужниот дел на Ормускиот Теснец, кој Иран го смета за небезбеден.

Двата брода се вратиле назад кратко откако на еден од нив избувнал голем пожар, соопшти Револуционерната гарда.

Причината за пожарот не е соопштена, а во моментов нема ниту независна потврда за иранската верзија на настаните.

„Ормускиот Теснец е наша територија, а морнарицата на Револуционерната гарда одржува цврста контрола врз него. Нема да дозволиме каква било сила што доаѓа од илјадници километри подалеку да се меша“, изјавија од Револуционерната гарда.

Во последните денови, Иран исто така известуваше за пресретнување или напади врз танкери што се обидувале да пловат низ теснецот без негово одобрение.

Вчера, Револуционерната гарда објави дека пресретнала три танкери за нафта. САД започнуваат нов бран напади врз Иран Соопштението на Револуционерната гарда уследи по почетокот на нов бран воздушни напади на американската војска врз ирански цели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер