Кривична за директорка од Виница, си ја вработила ќерка си со несоодветно образование како наставничка по математика - Канал 5

Кривична за директорка од Виница, си ја вработила ќерка си со несоодветно образование како наставничка по математика

Директорката на основното училиште „Гоце Делчев“ во Виница несовесно работела, бидејќи нејзината ќерка ја вработила како наставник по математика иако  немала соодветно образование.

Кривична за директорка од Виница, си ја вработила ќерка си со несоодветно образование како наставничка по математика

Ова стои во кривичната пријава до Обвинителството поднесена од страна на МВР. Оттаму велат дека со договорот за вработување на нејзината ќерка, била нанесена штета на буџетот на училиштето во износ од околу 3800 евра.

-Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Г.С.(45) од Виница, директорка во основно училиште во Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. На 27.01.2025 пријавената склучила договор за вработување со својата ќерка С.С., иако немала соодветно образование, на работно место предметен наставник по математика во основно училиште, нанесувајќи му штета на буџетот на училиштето на име исплата на плати во износ од 245.666 денари, изјави Гоце Андреевски, портпарол на МВР.

Канал 5 стапи во контакт со Директорката на училиштето Горица Спасова, која тврди дека во Виница и регионот има недостаток на наставнички кадар за математика, па откако лани наставникот кој работел долги години во училиштето, заминал во пензија, нејзината ќерка, која е апсолвент на Градежен факултет, била единствената што аплицирала за работното место.

-На 8 ми јануари наставникот замина во пензија, па се обидувавме преку Агенцијата за вработување да најдеме кадар за соодветна замена. Баравме и во Делчево и во Берово, и во останатите градови во регионот, или нема, или никој не прифаќа да патува. Кога распишавме оглас, ќерка ми беше единствената што конкурираше. Инаку, таа како кадар не беше конечно решение, туку привремено, додека не најдеме соодветна замена. Сите документи ги имам и ќе ги однесам, иако и претходно тековно сум ги доставувала,- - Горица Спасова.

Во телефонски разговор за Канал 5, Градоначалникот на Виница, Миле Петков кажа дека нема да ја разреши Директорката, поради презумција на невиност. Би ја разрешил само кога би се докажала евентуална вина, вели Петков.

Од Обвинителството пак, велат дека кривичната пријава е добиена, а допрва ќе се процесуира. По пријавата, соодветно ќе се постапува и ќе започне прибавувањето на потребната документација, па ќе се утврди, дали ќе има и официјална истрага, велат оттаму.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Две и пол години Мицкоски и ВМРО: милиони од тендери за бандата, сиромаштија за граѓаните, изолација за Македонија

Две и пол години власт на Мицкоски и ВМРО-ОКГ донесоа пад на економијата, полош животен стандард, уништено стопанство, нови задолжувања и заглавен европски пат. 

СДСМ: Две и пол години Мицкоски и ВМРО: милиони од тендери за бандата, сиромаштија за граѓаните, изолација за Македонија

Додека милиони евра народни пари завршуваат во партиски тендери за граѓаните нема пари.

5,53 милиони евра за диџеј, 200 милиони евра скандали со тендери, распродажба на земјата, водата, рудата. Пет нови рудници во планот до 2040 година, антимон кај Крива Паланка, дата центри, се за туѓи интереси, провизии и профити на сметка на народот.

Бизнис-мрежата во енергетиката работи со полна пареа, договор за броила, зделки со автобуси поврзани со Орбан.

За тоа време, потрошувачката кошничка со изнајмен стан достигна над 90.000 денари. Работниците се со најниски плати во Европа и едвај врзуваат крај со крај.

Се е поскапено, горивата отидоа над 100 денари а Владата на Мицкоски не презема ништо, нема пари за 600 евра минимална плата.

Земјоделците се на работ на егзистенција: без пари, без откуп, без пласман, субвенциите се намалени за 40 милиони евра, доцнат и не се исплаќаат, ИПАРД е загрозена поради корупција на директорот.

Пензионерите се украдени, се соочуваат со неизвесност, додека дупката во ПИОМ достигнува една милијарда евра. Нема пари па власта сака да посегне и по парите од вториот пензиски столб.

Долговите растат секоја недела. За само две и пол години Мицкоски и ВРМО ги зголемија за 4 милијарди евра, колку половина од вкупното задолжување во изминатите 30 години.

Странските инвестиции се најниски во историјата, само 18.7 милиони евра во вториот квартал од 2026 година.

Бидејќи во Буџетот нема пари, се спрема втор ребаланс само два месеци по првиот. И секако ново задолжување на грбот на народот.

Тотален економски дебакл.

Европскиот пат е блокиран. Македонскиот идентитет, јазик и култура се зачувани но Мицкоски се плаши од европско обвинителство и земјата ја турка кон изолација.

Наместо реформи и европска иднина, арамијата турка агенди што ја оддалечуваат Македонија од ЕУ.

Тоа донесоа две и пол години Влада на Мицкоски: сиромаштија, изолација, уништено стопанство, полош стандард и уште поголемо иселување на младите.

„Трета економија“ во Европа со граѓани кои имаат празни празни паричници и празни фрижидери.

Скопје, 05.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска се очекува 500 средни училишта во Франција да бидат затворени , продолжуваат протестите на учениците

Денеска се очекува 500 средни училишта во Франција да бидат целосно или делумно затворени, бидејќи започнува нов ден на мобилизација од страна на учениците.

Денеска се очекува  500 средни училишта во Франција да бидат затворени , продолжуваат протестите на учениците

Денеска се очекува 500 средни училишта во Франција да бидат целосно или делумно затворени, бидејќи започнува нов ден на мобилизација од страна на учениците, по неколкудневните протести обележани со судири со полицијата, оштетување на училиштата и улично насилство.

Демонстрациите, кои се проширија низ неколку поголеми градови, доведоа до палење канти за ѓубре и други предмети, фрлање проектили врз безбедносните сили и оштетување на училишни згради.Дваесет и четири од 735 училишта погодени од протестите се „запалени или ограбени“, рече францускиот министер за образование исто така информираше дека „78 членови на персоналот“ од министерството за образование се повредени „од почетокот на настаните“.Довеле до речиси 5.000 апсења од понеделник.Движењето започна пред две недели во средното училиште „Сент Егзипери“ во Кретеј, во париското предградие, во поддршка на наставниците што штрајкуваат, кои го осудуваат недостатокот на персонал и ресурси. Потоа доби на интензитет и постепено се прошири низ целата земја во текот на изминатата недела.учениците, меѓу другото реагираа и за небезбедните и нехигиенски згради, премногу часови, и недостатокот на персонал, некои, исто така, ја оспоруваат забраната за мобилни телефони во училиштата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце

Претседателот на владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце.

Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце

На свеченото отворање на детската градинка „Фолеја“ во село Пршовце ќе присуствуваат и евроамбасадорот Михалис Рокас и градоначалникот на општина Теарце, Даут Мемиши.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер