3АХВ за две години-Спречен влез на стотици тони небезбедна храна, вратени пратки од граница и изречени илјадници казни
Црна хроникаКривична за четири лица од Кочани за злоупотреба на службена положба во јавна набавка од 1,4 милиони денариПоранешен директор на Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ во Кочани, поранешен вработен и уште двајца вработени во претријатието добиле кривична пријава за злоупотреба на службената положба .Поранешен директор на Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ во Кочани, поранешен вработен и уште двајца вработени во претријатието добиле кривична пријава за злоупотреба на службената положба при јавна набавка со која, според наводите, бил овозможен противправен имотен бенефит од 1.406.306 денари, информира МВР. Пријавата до Основното јавно обвинителство Кочани ја поднела Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Кочани против поранешниот директор на КЈП „Водовод“ – Кочани А.К.(44), вработените З.Г.(53) и Б.А.(64), како и поранешниот вработен З.Ј.(55). Тие се сомничат за кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ извршено во соизвршителство. Според пријавата, второпријавениот како претседател, а трето и четвртопријавениот како членови на комисијата за јавна набавка, во 2021 година спровеле постапка спротивно на Законот за јавни набавки. Во тендерската документација биле внесени спецификации за производи кои, според наводите, не постоеле на пазарот, со што била ограничена конкуренцијата и бил фаворизиран економски оператор од село во општина Могила. Првопријавениот, иако имал обврска да ја утврди законитоста на постапката, донел одлука за избор на најповолна понуда и склучил договор во име на КЈП „Водовод“ – Кочани, со што, како што се наведува, бил овозможен противправниот имотен бенефит.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВоведни зборови за случајот со злоупотреби на ИПАРД-фондовитеВо Основниот кривичен суд со воведни зборови на Обвинителството и адвокатите започна главната расправа за случајот со злоупотреба на ИПАРД-фондовите.Со воведни зборови на Обвинителството започна главната расправа за случајот со злоупотреба на ИПАРД-фондовите, во кој поранешниот директор на Платежната агенција Илија Стоилев се товари за примање награда за противзаконито влијание, а поранешниот министер за локална самоуправа и правда, Џевдет Насуфи, во случајов управител на фирма е обвинет за давање поткуп и организирано влијание. Според обвинението, биле ветени и исплатени десетици илјади евра со цел да се обезбеди одобрување на ИПАРД-средства за фирма која не ги исполнувала условите. Обвинителката Наташа Поп-Трајкова во воведните зборови истакна дека станува збор за коруптивен систем кој „има име и презиме“, и кој, освен што ја нарушил довербата во домашните институции, ја довел во прашање и довербата на меѓународните партнери во управувањето со европските фондови. Одбраната на Стоилев и Насуфи целосно ги отфрли наводите на обвинителството,.. адвокатката на екс директорот изјави дека обвинението се темели на претпоставки, а не на директни докази, и потенцираше дека Стоилев не учествувал во бодувањето на проектите и не можел да влијае врз конечната одлука. Одбраната на Насуфи тврди дека тој ниту дал, ниту ветил парични средства, и дека средсвата кои биле одобрени биле намалени за околу 65 проценти, што според бранителот, ја исклучувало можноста за договор за поткуп. За останатите обвинети, меѓу кои службени лица од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и Управата за јавни приходи, обвинението тврди дека преку бодување и административна обработка овозможиле одобрување на проектот спротивно на правилата. На претходното рочиште, вработената во платежната егнција Јасмина Костадинова ја призна вината и беше осудена на 10 месеци затвор. Следното рочиште е закажано за 9 јуни. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеДолга и болна листа на чекање – за операција на колк чекаат 659 луѓе Ем боли, ем се чека...За операција на колк во Македонија на листа за да ги викнат за операција во болница чекаат околу 660 луѓе, а некои од нив, за да ја направат интервенцијата трпат веќе година ипол. Дека се чека и по 18 месеци нотира анализата на Фондот кој ги собрал податоците од болниците во која се нотира дека најдолга е листата на „Осми септември“ каде во болничките тефтери за операција има запишано 300 луѓе. Првиот човек на Фондот Сашо Клековски вели дека има и позитивна страна - иако поради реновирање на операционите сали токму во „Осми септември“, но и на Клиника долг период тие беа затворени хирурзите успеале да сработат 10% повеќе интервенции на колк и колено лани споредено со 2023. -Вкупно 69% проценти од интервенциите се прават во само три од вкупно 13 институции а тоа се ТОАРИЛУЦ, или Клинички центар, ГОБ „Осми септември“ и Св. Еразмо, а 76 % всушност се прават во Скопје и во Охрид и имаме една географска концентрација на операциите (интервенциите) а со тоа и на листите на чекање. -Сашо Клековски – директор на ФЗО. Клековски смета дека листите на чекање во дел се должат и на тоа што пациентите бараат и чекаат конкретен хирург да ги оперира и апелира да се зголеми довербата во кадарот. Листата на чекање е најдолга во две институции, каде што имаше и реални проблеми со капацитетот на оперативнте сали. Меѓутоа, делумно таму притисокот и листите се продолжуваат заради изборот на лекари. Изборот на лекар е важен, но би апелирал до граѓаните дека во земјава немаме само тројца, четворица или петмина хирурзи. Ние надвор од Скопје имаме хирурзи што оперираат р`бетен столб. -Сашо Клековски – директор на ФЗО. Од Фондот тврдат дека Мекедонија по операции на колено е на средина споредено со регионот, а на дното по интервенции на колено. Оттаму оценуваат дека има напредок во областа која ја поткрепуваат со статистика, но и простор за подобрување на она што не чини. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСрпски војник загина при напад на мисијата на ОН во Либан Припадник на мировната мисија на Обединетите нации во Либан, кој беше убиен во гранатирање на југот од земјата, е српски државјанин, потврди либанското Министерство за одбрана.Станува збор за виш водник Милован Јовановиќ (37), кој зад себе остави сопруга и две малолетни деца. Служел во српската армија од 10 декември 2011 година, а во мировната мисија во Либан од јануари оваа година, според министерството. Починал од повредите здобиени во нападот врз базата на ОН во јужен Либан. Откако бил ранет, му била укажана итна медицинска помош во болница во базата, а потоа со хеликоптер бил префрлен во Универзитетскиот медицински центар во Бејрут, каде што починал. Уште двајца мировници се повредени УНИФИЛ претходно објави дека еден мировник починал откако минофрлачки гранати ја погодиле неговата позиција во близина на Марџајун, во југоисточен Либан, доцна во среда навечер. Двајца други мировници на ОН беа ранети во истиот напад. Тие беа лекувани во медицинска установа во базата на УНИФИЛ. Мисијата соопшти дека започнала истрага за да ги утврди точните околности на инцидентот. УНИФИЛ не кажа кој е одговорен за нападот. Во соопштението се предупредува на зголемен број траектории и напади во јужен Либан и се вели: „Насилството мора да престане“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter