Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против М.М.(30) од Богданци.
Полициски службеници завчера на автопат Скопје-Куманово по наплатна рампа „Романовце“ сопреле товарно возило „Форд Транзит“, кое го управувал пријавениот.
Тој не застанал и продолжил со движењето кон Куманово, а на булеварот „3-та МУБ“, во близина на зеленото пазарче, пријавениот скокнал од возилото, по што тоа се судрило со друго паркирано возило.
При преглед во возилото биле пронајдени 30 мигранти, од кои 28 од Пакистан и двајца од Авганистан, меѓу кои и две малолетни лица. /МИА