Кривична против четири лица, барале пари од мајка чие дете издржувало затворска казна - Канал 5

Кривична против четири лица, барале пари од мајка чие дете издржувало затворска казна

Поднесена е кривична пријава во текот на вчерашниот ден против А.Б. и А.Р., на возраст од 31 и 25 години, двајцата од Скопје, поради постоење на сомнение дека сториле кривични дела „изнуда“ .

Кривична против четири лица, барале пари од мајка чие дете издржувало затворска казна

Поднесена е кривична пријава во текот на вчерашниот ден против А.Б. и А.Р., на возраст од 31 и 25 години, двајцата од Скопје, поради постоење на сомнение дека сториле кривични дела „изнуда“ по член 258 став 1 и „лихварство“, по член 260 став 1 и против Е.Б. и Р.Р., на возраст од 27 и 20 години, исто така скопјани, поради сомнение за сторени кривични дела „изнуда“ по член 258 став 1 во врска со член 22 и „лихварство“, по член 260 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.

А.Б и А.Р., кои издржувале затворска казна во „Затвор - Идризово“, со користење незаконски стекнати мобилни телефони, преку апликацијата „Фејсбук - месинџер“ од мајка на друго лице кое издржувало затворска казна, барале да им исплаќа сума од 1.200 евра месечно за нејзиниот син да добие наводни „гаранции и заштита“ во затворот и подобри услови за сместување.

При видео - повиците, тие ѝ покажувале како насилно се однесувале кон нејзиниот син, притоа уценувајќи ја дека доколку не им бидат исплатени пари, ќе продолжат со насилството кон синот.

- На 23 мај, Е.Б., кој е брат на А.Б., и Р.Р., кој е брат на А.Р., по претходен договор со мајката на осуденото лице, дошле во Струмица со цел да остварат средба со неа, на која требало таа да им даде претходно договорен износ на пари, што биле дел од парите што ги барале како наводен долг што таа го имала кон нив. По остварената средба, односно во момент кога Е.Б. ги зел парите, што биле претходно обележани, бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од СВР - Струмица, а Р.Р. се дал во бегство, но, веднаш бил фатен и лишен од слобода, појаснија од МВР.

При лишувањето од слобода, кај Е.Б. биле пронајдени пари во различни валути и апоени, за што тој не приложил документација за потекло на наведените парични средства, по што истите од страна на полициски службеници биле одземени.

- Во исто време, од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за организиран и насилен криминал и Одделение за насилен криминал при СВР - Скопје, извршени биле претреси во затворските ќелии во „Затвор - Идризово“, каде престојувале А.Б. и А.Р, при што кај нив биле пронајдени и одземени два незаконски стекнати мобилни телефони, нагласија од МВР.

Е.Б. и Р.Р. биле задржани во Полициската станица - Струмица. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство - Струмица.

По поднесување на кривичната пријава, лицата биле изведени пред судија од Основен суд - Струмица, кој на Е.Б. и Р.Р. им определил мерка куќен притвор.

Откриена комета - три милијарди години постара од Сончевиот Систем

Мистериозно меѓуѕвездено летечко тело е откриено од научниците од Универзитетот Оксфорд минатата недела, и веројатно се работи за комета што е три милијарди години постара од нашиот Сончев Систем.

Откриена комета - три милијарди години постара од Сончевиот Систем

Ова би можело да биде најстарата комета некогаш забележана, проценуваат астрономите.

Кометата, научно именувана „3-И / Атлас“ (3I/Atlas), првпат е забележана на 1 јули од телескопот „Атлас“ во Чиле, кога беше оддалечена околу 670 милиони километри од Сонцето. Во мигов, телото може да се види само со помош на многу моќни телескопи и е речиси исто толку далеку од Земјата колку и Јупитер, според првичните наоди претставени денеска на националниот состанок на Кралското астрономско друштво на Велика Британија во Дархам. Ова е само трет вакв откриен објект со потекло вон нашиот планетарен систем.

YouTube video

- Сите сме многу возбудени за „3-И / Атлас“... Брзината на кометата посочува дека е стара повеќе од седум милијарди години и дека можеби е најзначајниот „меѓуѕвезден посетител“ досега, изјави астрономот Метју Хопкинс.

Научниците веруваат дека, бидејќи „3-И / Атлас“ веројатно се обликувал околу постара ѕвезда, таа комета е составена од голема количина воден мраз. Ова значи дека како што се приближува кон Сонцето подоцна оваа година, топлината од нашата ѕвезда ќе ја загрее површината на телото, па така би можело да се создаде и карактеристичната светлечка опашка зад него.

Прво финале за Синер на Вимблдон

Ова беше петта последователна победа на Синер во мечевите со Ѓоковиќ.

Прво финале за Синер на Вимблдон

Најдобриот светски тенисер Јаник Синер од Италија успеа да се избори за своето прво финале на Вимблдон откако во второто годинашно полуфинале го совлада седумкратниот победник на Вимблдон, Србинот Новак Ѓоковиќ. Синер мечот го доби со 3:0 во сетови (6:3; 6:3 и 6:4) за 1 час и 55 минути игра.

Во првите два сета Синер беше доминантен. Во првиот сет имаше два брејка, а во вториот еден и двата сета ги доби идентично со 6:3. Нешто повеќе неизвесност имаше во третиот сет. Ѓоковиќ поведе со 3:0 во гемови и пропушти брејк топка за 4:0. На тоа возврати Синер, кој ја поврати играта од првите два сета и поведе со 5:3 во гемови, а потоа ја искористи четвртата меч топка за 6:4 во гемови и конечни 3:0 во сетови.

Ова беше петта последователна победа на Синер во мечевите со Ѓоковиќ.

Во неделното финале Синер ќе игра против Карлос Алкараз, кој со 3:1 во сетови го совлада Тејлор Фриц. /МИА

Британски „стелт“ ловец Ф-35Б заглавен во Индија

Суперсовремениот британски авион ловец Ф-35Б, кој заглави на цивилен аеродром во Индија пред речиси еден месец, предизвикувајќи потсмев на социјалните мрежи, можеби ќе одлета дома следната недела – или можеби не, изјавија индиски официјални лица.

Британски „стелт“ ловец Ф-35Б заглавен во Индија

Ловецот со „стелт технологија“, еден од најнапредните во светот, кој чини 115 милиони долари, остана на Меѓународниот аеродром Тируванантапурам во јужната држава Керала поради дефект и веќе некое време го поправаат британски мајстори.

Овој авион на 14 јуни бил на редовна патрола над Арапското Море, но поради лошото време не можел да се врати на својот матичен носач на авиони „Принц од Велс“, па бил пренасочен кон Тируванантапурам. Но, потоа бил откриен дефект поради кој не можел никаде да полета.

Продолжениот престој во Индија на овој моќен авион, кој е гордост на угледната американска компанија „Локид Мартин“, предизвика потсмев на социјалните мрежи.

Дури и Туристичката служба на градот Керала се придружи на шегите со слика на авионот опкружен со палми и оцена од пет ѕвездички, со текст во кој се вели: „Керала е толку добра што не сакам да си одам. Секако ви ја препорачувам!“

- Тоа е нашиот начин да покажеме дека ги цениме Британците и да им се заблагодариме бидејќи се најбројни посетители на Керала“, изјави шефот на градската Туристичка служба, К. Бижу.

На Х беше направена и карикатура на која авионот ужива со грицки со група локални жители, со живописна позадина.

Во Индија се шпекулира дека, доколку не успее поправката на авионот, тој би можел да биде демонтиран и така превезен дома, но Министерството за одбрана на Велика Британија го негираше тоа.

притисни ентер