Николоски: Куманово добива пет специјализирани возила за одржување на комуналната хигиена во општината
1Николоски: Куманово добива пет специјализирани возила за одржување на комуналната хигиена во општината
3Кузеска: Јанушев е дел од системот на Мицкоски во кој и возачи земаат мито - ова е Организирана криминална група
МакедонијаКривична пријава за вработен во СВР Штип - барал пари на ракаСоветник за управни работи во Одделението за управни работи Штип при Одделот за граѓански работи заработи кривична пријава, бидејќи барал пари на рака за издавање на патни исправи, со што сторил кривично дело „проневера во служба“.Во соопштението од Секторот за внатрешни работи (СВР)-Штип се вели дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против М.С. на работно место советник за управни работи за Штип во Одделението за управни работи Штип при Одделот за граѓански работи, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „проневера во служба“ по член 354 став 1 од Кривичниот законик. -Пријавениот М.С. во период од 01.01.2025 до 30.06.2025 присвоил пари доверени во службата, така што во повеќе наврати од граѓаните-баратели на услуги за издавање на патна исправа, искористувајќи го нивното непознавање на законските прописи во МВР, барал од истите да му дадат пари на рака при поднесување на барање за патна исправа, под изговор дека можноста за плаќање на пост терминалот со платежна картица во моментот не е во функција и дека е потребно да платат пари во кеш, соопштуваат од СВР-Штип. Во соопштението се наведува дека граѓаните на рака му давале пари во износ колку што чини услугата, а дадените пари подоцна пријавениот требало да ги уплати на жиро сметка на МВР, како и да изврши уплата за административна такса на жиро сметка на Буџетот на РСМ, но пријавениот иако ја завршил постапката и на граѓаните им издал лични документи-пасоши, во наведениот период не ги уплаќал доверените пари, туку си ги присвоил за себе. -Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди против М.С. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка, информираат од СВР-Штип.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски: Куманово добива пет специјализирани возила за одржување на комуналната хигиена во општината За брзо време пристигнуваат и дел од новите електрични автобуси наменети за Куманово, поддршката за општината продолжува.Куманово добива 5 специјализирани возила за одржување на комуналната хигиена низ градот, донација од Владата за поддршка на општината. За брзо време ќе се донираат и новите електрични автобуси, истакна денеска во Куманово заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. Тој денеска изврши примопредавање на возилата на градоналачникот на Куманово, Максим Димитриевски. “ Министерството за транспорт во соработка со Светска банка направи една поголема набавка на комунални возила, односно најголема којашто општините ја виделе како директна донација во изминатиот период. Дел од таа набавка и дел од таа донација доаѓа во Општина Куманово. Не затоа што сум тука, но после Скопје најмногу возила добива токму Општина Куманово и мислам дека е така правилно, затоа што се работи за најголемата општина на територија на државата. Тука имаме две мултифункционални возила за одржување на хигиена со соодветен механизам којшто можевте и да го видите, којшто доста ќе помогне во подигнување на сметот. Понатаму имаме еден камион-прскалка којшто ќе овозможи да имаме почисти улици, да се перат улиците, но исто така има можност да носи и техничка вода во кризни ситуации или во ситуации кога има недостаток на вода или прекин со водоснабдување. И секако, тука се две возила за метење на улици коишто ќе помогнат покрај да имаме чисти улици, да имаме и чисти тротоари, чисти плоштади и чисти отворени површини” – изјави Николоски. Тој додаде дека Владата продолжува со поддршката за општина Куманово, која што во изминатиот период беше интензивна. Најави пристигнување на електричните автобуси за Куманово. Знаете дека имавме два повици за поддршка на општините. Во првиот повик се обезбедени околу 242 милиони денари, во вториот повик около 328. Дополнително на тоа, преку буџетот на Министерството за транспорт имаме некаде околу 1 милион евра кои што се инвестираат во изградба на мост, инвестираме во изградба на капела, како и во изградба на локални улици во проект со Светска банка и ќе продолжиме тоа да го правиме во следниот период. Би сакал да најавам исто така дека во следниот период ќе пристигнат и електричните автобуси во Куманово, така што се обидуваме да помогнеме секаде наму каде што можеме”- истакна Николоски. Министерство за транспорт Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: На СДС не им е јасно како може некој да одговара за сторен криминал или корупцијаСо доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, борбата против криминалот и корупцијата се зголемува.Системот се менува, а институциите си ја вршат работата. Таков е и случајот со вработениот во СОЗР, кој бил фатен од институциите со бележани пари. Ова е чист доказ дека надлежните институции си ја вршат работат, нешто што во времето на СДС, Филипче и Заев беше мисловна именка. На СДС не им е јасно како може некој да одговара за сторен криминал или корупција, а да не е заштитен од институциите како што се заштитени нивните кадри на чело со Венко Филипче. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКузеска: Јанушев е дел од системот на Мицкоски во кој и возачи земаат мито - ова е Организирана криминална групаВозачот на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, е фатен со обележани евра. Барал мито- поткуп за да „среди“ вработување како пожарникар во Противпожарната бригада на Град Скопје. Сега Јанушев сега оградува. Како што се оградува Томовски дека татко му не му е татко. Само оградувања а рацете во медот на сите страни. Оваа организирана криминална група нема граници. Пипалата на овој октопод почнуваат од возачите, преку директорите на претпријатија, министрите, па сè до претседателот на Владата. Да беа полицијата и обвинителството слободни и да работеа по закон, цела Влада ќе беше уапсена. Вака дел од полицијата ја врши својата работа, но исто како и за бодигардот на Мицкоски, на крај сите ќе бидат ослободени со еден повик по телефон. Овој скандал отвора едно клучно прашање: каква била улогата на Јанушев во овој случај со мито? Дали возачот е само негова продолжена рака и посредник? Возач нема никаква моќ да вработува. Но генерален секретар на Влада, како Игор Јанушев, кој воедно е член и на Извршниот комитет на ВМРО ОКГ има. Ова е втор скандал оваа година поврзан со кабинетот на Јанушев. Посебен советник за економски прашања во кабинетот на Генералниот секретар на Владата беше дел од групата осомничени за лихварство и за перење пари. Премногу скандали се врзани со Јанушев. Според документи од Бугарија, Јанушев, е поврзан со компанијата „ФЛУГБАН ТРАНС“ ДОО со седиште во Ќустендил, Бугарија. Дејност: патен линиски превоз на стока. Управител Кире Гешоски, трет партнер Сашо Апостоловски - сите од кругот на Мицкоски. Фирмата пријавува годишен промет од околу 320.000 евра. Ама никаде не ја пријавил. Јанушев има бугарски пасош, бугарско државјанство, а во ниту еден анкетен лист до ДКСК не го пријавил бугарскиот капитал. Понатаму - скандалот со поклонетиот имот вреден 325.000 евра во најстрогиот центар на Скопје. Во истата зграда имот има и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Како се поврзани подарокот на Јанушев и имотот на Тошковски? Каков заеднички бизнис кријат? Огромен е и скандалот со милионските договори на „Маратон груп“ тежок 1,5 милиони евра и мрежата на фирми кои ги објави АКТ на СДСМ. Скандал со скандал. Сите поврзани со Јанушев. На Јанушев ниту портпаролката повеќе не може да му помогне да се испере. Ова е систем. Јанушев е дел од системот на Мицкоски. Ова е Организирана криминална група која ја зароби државата. СДСМ бара целосна истрага - не само за возачот, туку и за улогата на неговиот шеф, Јанушев. Истрагата мора да се прошири и за фирмата во Бугарија, за поклонетиот имот и за целата мрежа околу Владата на Мицкоски. Граѓаните заслужуваат одговори. Одговорност мора да има. Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одборТагови: Богданка Кузеска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter