Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
МакедонијаКривична пријава за две лица за убиството во ДуќанџикДве лица добија кривична пријава за убиство што пред пет дена се случи во населбата Дуќанџик во Скопје.Како што информираат од министеството за внатрешни работи, по преземени мерки и активности, единицата за насилен криминал до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Р.К. и И.С., поради сомнение за дека сториле убиство. Двајцата, на 6 септември, околу 23:30 часот, во близина на раскрсницата помеѓу улиците „Прохор Пчински“ и „Војдан Чернодрински“ во Скопје, од мотоцикл пукале со огнено оружје кон група лица. При пукањето бил погоден 26 годишниот А.М од Скопје, по што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде починал.Тагови: Дуќанџик Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПуштена во употреба реновираната зграда на Клиниката за неврофизиологија Неврофизиологија доби нов лик – подобри услови за пациентите и посовремена работна средина за медицинскиот персонал. Внатрешниот дел е целосно реновиран, а обновата продолжува во втора фаза со реконструкција на фасадата и кровот. Со вкупно 20 болнички легла, од Клиниката велат дека се зголемуваат капацитетите за хоспитализација и се подобруваат условите за третман на пациентите. Новина е и Кабинетот за когнитивна стимулација, кој треба да овозможи нов пристап во работата со пациентите со деменција. Директорот Јован Божиновски најавува и набавка на апарат за магнетна резонанца, како еден од приоритетите на Клиниката. Но, инвестициите не се насочени само кон просторот и опремата. Од Клиниката велат дека во изминатиот период е зајакнат и медицинскиот кадар. Ангажирани се нови лекари и друг медицински персонал, а 25 млади здравствени работници одлучиле својата професионална иднина да ја продолжат во земјава и да придонесуваат во домашното здравство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МакедонијаДали е потребно „сеопфатно сексуално образование“ во средните училишта? Бројката од 300 ученици кои сами избрале да посетуваат сексулано образование како изборен предмет во средните училишта покажува дека младите имаат потреба и интерес за темите кои се важни за нивното здравје, заштита. Училиштето е најдоброто место овие знаења да бидат достапни за младите со обучен кадар. Повлекувањето на Сексуалното образование нема да ги тргне ризиците од добивање на информации кои можат да им наштетат на младите луѓе, велат од ХЕРА. Професорот Глигор Тофоски објаснува дека сексуалното обрзование е повеќе од потребно како гинеколог посочува дека бременоста кај малолетни девојчиња е зголемна, тука се и сексуалните пренослови болести, но и се поголемото врсничко насилство. Истражувањата покажале дека децата се информираат меѓу себе од она што го виделе и слушнале од интренет. Сексуалното образовние се повлече од наставните содржини, по барање на јавноста. Министерката за образование Весна Јаневска објасни дека Бирото за развој мора да го разгледа целиот предмет. Повлекувањето доаѓа откако епископот Јаков преку писмо и се обрати на министерката Јаневска повикува на раѓање на повеќе деца, а од друга страна потпишува образовни политики кои го релативизираат полот, семејството го сведуваат на една од многуте менливи форми, а од малолетниот ученик бараат да „прифати“ однапред подготвени идеолошки заклучоци. Во 2022 година, по пилотирањето на ССО како изборен предмет, дури 11 стручни здруженија на гинеколози, семејни лекари, психолози, психотерапевти, социјални работници, рехабилитатори, правници, вклучително и македонското лекарско друштво, побараа изучување на сеопфатното сексуално образование уште во основното училиште. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МакедонијаВо Собранието седница за опозициски прашањаПроблемите во образованието во фокусот и на опозициските пратенички прашања во Собранието. Пратеничката Сања Лукаревска од СДСМ со низа критики до министерката Јаневска по последниот извештај на ПИСА за слабите резултати на учениците, за оптимизацијата во образованието и за поразителните бројки во училиштата. Јаневска и одговори дека се работи за проблеми кои се таложеле подолг период, а актуелната влада ги решавала состратешки пристап. За првпат откако е избран пред пратениците одговараше и министерот за правда Јетон Шасивари, кој беше прашан како ќе го реши барањето на студентите кои сакаат да полагаат правосуден испит на албански јазик. Кажа дека во октомври ќе има средба со нив и деканите од пет засегнати факултети и ќе им го презентира неговиот план. Според Шасивари, целта е да се обезбеди еднаков пристап за полагање, но да не се намалат професионалните критериуми. Од СДСМ и ДУИ се пожалија и дека дел од министрите не го почитувале Собранието. Забележаа зошто министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ не дошол на седницата, иако му било најавено дека ќеима прашања и за него. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05