3САД ги повлекоа сите свои бомбардери од британската воена база каде се случи инцидентот што го истражува полицијата
Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари
1Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари
МакедонијаКривична пријава за „Банана филм“ и Милчо Манчевски– обвинителството ја почна постапкатаИстрагата во Управата за финансиска полиција почна по поднесена кривична пријава од Агенцијата за филм на РМ доставена во Основното јавно обвинителство.Финансиската полиција до јавното обвинителство поднесе кривична пријава за режисерот Милчо Манчевски и неговата фирма „Банана филм“, а за неговото и финансиското работење на неговата фирма за потрошени 950.000 евра државни пари за кои Манчевски не доставил извештај во Агенцијата за филм. Истрагата во УФП почна по поднесена кривична пријава од Агенцијата за филм на РМ доставена во Основното јавно обвинителство. За финансиските „активности“ на Манчевски и неговата „Банана филм“, своевремено, од страна на Агенцијата за филм, беа известени сите надлежни инстанци како и Државната комисија за спречување на корупција. Управата за финансиска полиција ја заврши истрагата за сомнителните трансакции на близу 1.000.000 евра на продуцентската куќа „Банана филм“ на Милчо Манчевски и поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство, а оттаму велат дека „пријавата е примена и се постапува за да се испитаат наводите“. Финансиската полиција, по наредба на ОЈО и во координација со обвинителството, скоро две години водеше истрага за сомнителни трансакции на 950.000 евра на „Банана филм. Истрагата покажала сериозни индиции за проневерени буџетски средства и случајот го препрати до во Јавното обвинителството. Изминатиов период, по реакциите на Агенцијата за филм каде што Манчевски требало да се оттчита за потрошените државни пари, да поднесе извештај како што тоа го налагаат Законот и актите на Агенцијата, повеќе медиуми трагаа по одговори и укажуваа на индикации за евентуалните финансиски злоупотреби на режисерот Милчо Манчевски и се обидоа да го расветлат случајот детално пренесувајќи аргументирани и документирани податоци кои упатуваа на финансиски злоупотреби во работата на „Банана филм“. Некои укажувања се однесуваa на работата на неговите филмови „Врба“ и „Мајки“. Конкретно, за финансиското работење на „Банана филм“ за потрошени 950.000 евра за кои Манчевски и неговата фирма не доставиле извештај во Агенцијата за филм. Исто и за паричните трансакции на „Банана филм“, продукцијата на Манчевски, која парите ги насочувала кон неговата компанија во Њујорк, САД, за што, и за овој случај, беа известени сите надлежни инстанци меѓу кои и Државната комисија за спречување корупција. Тогаш медиумите регистрираа и повеќе обиди за попречување на истрагата. Пренесуваа активности на режисерот Манчевски во насока на манипулирање на дел од државните институции како со Антикорупциската и со една од невладините организации чија тема на ангажирање е корупцијата. Режисерот Милчо Манчевски е корисник на Национална пензија што државата ја доделува на заслужни уметници.Тагови: кривична пријава Милчо Манчевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаОд полноќ нови цени на горивата!Од полноќ во Македонија стапуваат во сила нови малопродажни цени на горивата, а според најавите, можно е нафтените деривати да поевтинат.Одлуката за новите цени треба да ја донесе Регулаторната комисија за енергетика, која ќе утврди по кои цени од полноќ ќе се продаваат бензините, дизелот и останатите нафтени деривати. Во моментов, на бензинските станици важат следните малопродажни цени: Еуросупер БС-95 се продава за 100,00 денари за литар; Еуросупер БС-98 чини 102,00 денари за литар; Еуродизел БС (Д-Е V) се продава по цена од 100,00 денари за литар; Маслото за горење ЕЛ-1 има цена од 111,50 денари за литар. Очекувањата се дека со новата одлука може да дојде до намалување на цените, што би значело поевтино точење гориво за граѓаните.Тагови: бензините Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
ЖивотСаудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долариСаудиска Арабија се откажа од плановите за изградба на стадион вреден 2,5 милијарди долари, кој требаше да биде еден од објектите за Светското првенство во фудбал во 2034 година. Доцнењата во реализацијата на „Неом“ (Neom) – клучен државен проект – поттикнаа сомнежи за иднината на некои од најамбициозните планови на Кралството. Изградбата на стадионот е ставена во мирување, според податоците на „MEED Projects“, платформа што ги следи градежните проекти во регионот. Платформата го класифицираше проектот како привремено суспендиран, без одреден датум за продолжување на работите. Стадионот требаше да биде лоциран на надморска височина од 350 метри, во рамките на комплексот „Неом“ долг 160 километри, и беше замислен како еден од најсовремените спортски објекти за турнирот. Саудиска Арабија ја поднесе својата кандидатура за Светското првенство во фудбал во 2034 година, при што стадионот во Неом беше вклучен меѓу 15-те предложени локации. Според тогашните извештаи на MEED, стадионот требаше да има капацитет од 46.000 гледачи и да се гради како дел од проектот „The Line“. Во декември 2024 година, ФИФА официјално ѝ го додели правото за домаќинство на турнирот на Саудиска Арабија. На настанот ќе учествуваат 48 национални репрезентации, а тоа ќе биде првпат првенството да се одржи целосно во рамките на една земја. Стопирањето на изградбата на стадионот покренува прашања за иднината на „The Line“, централниот елемент од планот „Визија 2030“ на престолонаследникот Мохамед бин Салман. Овој план предвидува целосна економска трансформација на земјата преку низа футуристички мегапроекти. Јасир Ал-Румајан, гувернерот на Фондот за јавни инвестиции (PIF) – кој управува со Неом – во април изјави дека „The Line“ повеќе не е приоритет и не се смета за клучен проект пред 2030 година. Сепак, тој тогаш не потврди експлицитно дека некој дел од проектот е откажан. Од друга страна, саудиското тело одговорно за организација на турнирот во 2034 година тврди дека реализацијата на клучните градежни проекти за настанот е веќе во тек, наведувајќи фотографии од работите на другите стадиони како доказ. Одлуката е донесена неколку месеци откако беше запрена изградбата на „Мукаб“, масивен облакодер во форма на коцка, наменет да биде централен дел од новиот кварт Мураба во Ријад. Според достапните извештаи, PIF се префрла од екстремно скапи мегапроекти кон инвестиции за кои се очекува да донесат побрзи финансиски приноси. Одлуката во врска со Неом се совпаѓа со растечките економски и безбедносни предизвици за Саудиска Арабија. Извозот на енергија е нарушен поради конфликтот во кој се вклучени САД и Израел против Иран, додека јеменските Хути често ја напаѓаат саудиската инфраструктура.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
СветТрамп: „Гласањето во Америка е корумпирано“ Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека гласањето во САД е корумпирано, особено кога брзината на утврдување на резултатите ќе се спореди со онаа во Бразил.„125 милиони луѓе гласаа во првиот круг од претседателските избори во Бразил. Резултатите беа објавени кратко по затворањето на избирачките места – истиот ден“, напиша Трамп во објава на својата социјална мрежа „Трут“ (Truth). „Во Детроит, Филаделфија, Калифорнија и во бројни други американски градови и сојузни држави, честопати се потребни недели за да се утврдат резултатите – односно да се пребројат – иако станува збор за значително помал број гласови. Гласањето во Америка е корумпирано“, додаде американскиот претседател. Десничарскиот кандидат на претседателските избори во Бразил, Флавио Болсонаро, и поранешниот претседател од левицата, Луис Инасио Лула да Силва, се пласираа во вториот круг од претседателските избори во Бразил, кој ќе се одржи на 25 октомври.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54