Кривична пријава против поранешен директор на Здравствен дом Куманово за злоупотреба - Канал 5

Кривична пријава против поранешен директор на Здравствен дом Куманово за злоупотреба

Кривична пријава против поранешен директор на Здравствен дом Куманово за злоупотреба на службената должност и овластување.

Кривична пријава против поранешен директор на Здравствен дом Куманово за злоупотреба

СВР Куманово поднел кривична пријава против Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената должност и овластување“ по член 353 став 4, во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Пријавениот како директор на Јавната здравствена установа „Здравствен дом“ Куманово, како што денеска соопшти МВР, во периодот од 2020 до 2024 година склучувал незаконски договори на дело и вработувал лица во установата без претходно да добие одобрение од Министерство за здравство, а потоа и без да обезбеди согласност од Министерството за финансии незаконски вработил вкупно 127 лица, со што постапил спротивно на Закон за работни односи и спротивно на Закон за трансформација во редовен работен однос. констатирано од Државен инспекторат за труд.

- На тие лица, пријавениот незаконски им исплатил плати во вкупен износ од 21.594.510 денари и за таа сума го оштетил буџетот на ЈЗУ „Здравствен дом“ Куманово, соопшти МВР.

ЕУ одлучи да ги укине економските санкции за Сирија

Шефовите на дипломатиите на Европската Унија попладнево одлучија да ги укинат економските санкции врз Сирија, објави високата дипломатка на ЕУ, Каја Калас, јави ДПА.

ЕУ одлучи да ги укине економските санкции за Сирија

„Сакаме да му помогнеме на сирискиот народ да изгради нова, инклузивна и мирна Сирија“, напиша Калас на X.

„ЕУ отсекогаш стоела покрај Сиријците во текот на последните 14 години - и ќе продолжи да го прави тоа.“

ЕУ има за цел да игра водечка улога во закрепнувањето и идната реконструкција на Сирија, додаде таа.

Санкциите против поединци и организации поврзани со режимот на поранешниот претседател Башар ал-Асад и оние одговорни за насилната репресија врз сирискиот народ и кршењето на човековите права ќе останат на сила.

Дополнително, ограничувањата за извоз на оружје, како и стоки и технологии што се користат за внатрешна репресија, засега ќе останат на сила.

Земјите-членки на ЕУ уште во февруари се согласија за постепено олеснување на санкциите со цел да се поддржи брзото економско закрепнување во Сирија, како и нејзината реконструкција и стабилизација, потсети ДПА.

Мерките во енергетскиот, транспортниот и банкарскиот сектор првично беа суспендирани до јуни. /МИА

Администрацијата на Трамп планира да депортира 200.000 украински бегалци

За време на мандатот на претседателот Џо Бајден, на Украинците и Хаиќанците им беше доделен статус на привремена заштита.

Администрацијата на Трамп планира да депортира 200.000 украински бегалци

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп разгледува план според кој речиси 200.000 украински државјани би биле депортирани од Соединетите Американски Држави, со помош на средства наменети за странска помош, објави „Вашингтон пост“, повикувајќи се на нацрти на интерни документи во кои имал увид.

Според планот, Вашингтон има намера да издвои околу 250 милиони долари од фондовите за странска помош за репатријација на луѓе од активни конфликтни зони, вклучувајќи околу 500.000 Хаиќани.

За време на мандатот на претседателот Џо Бајден, на Украинците и Хаиќанците им беше доделен статус на привремена заштита што им овозможи легално да останат во САД, бидејќи не можеа безбедно да се вратат во своите татковини.

Но, со враќањето на администрацијата на Трамп и заострувањето на имиграциската политика, ситуацијата се менува.

Трамп претходно најави започнување на „најголемата програма за депортација во американската историја“, со цел отстранување меѓу 15 и 20 милиони мигранти од земјата. Според нацрт-документите, планот е развиен откако Министерството за внатрешна безбедност на 5 мај објави дека мигрантите кои доброволно ќе се вратат во своите земји ќе можат да добијат финансиска помош во износ од 1.000 долари.

Освен Украинци и Хаиќани, во документите се споменуваат и Авганистанци, Палестинци, Либијци, Суданци, Сиријци и Јеменци како потенцијални цели на идните депортации. /МИА

Зеленски и се заблагодари на ЕУ за 17. пакет санкции кон Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави на платформата Икс дека ѝ се заблагодарил на Урсула фон дер Лајен и на „целата Европска Унија“ за 17-тиот пакет санкции против Русија, нарекувајќи го „чекор во вистинската насока“.

Зеленски и се заблагодари на ЕУ за 17. пакет санкции кон Русија

Тој наведува дека важно е да се воведат строги ограничувања врз руската флота танкери, која служи за финансирање на убиствата, како и врз сите шеми што Русија ги користи за зајакнување на својата воена индустрија.

Колку е поголем притисокот врз Русија, толку повеќе стимул ќе има Москва да се движи кон вистински мир. Разговаравме и со Урсула за подготовките за 18-тиот пакет санкции на ЕУ. Руската нафта, енергетската инфраструктура, банките и финансиските шеми - ова се областите што најмногу влијаат врз Русија и затоа најмногу придонесуваат за мирот. Им благодарам на сите што се залагаат за построги санкции и донесуваат решителни одлуки. Детално разговаравме и за вчерашниот разговор со претседателот Трамп и нашата заедничка дипломатска соработка со нашите партнери. Европа мора да биде вклучена и ние го координираме секој чекор што е можно поусогласено, напиша Зеленски.

притисни ентер