Кривична пријава против полициски службеник за „проневера во служба“ и „лажно пријавување на кривично дело“ - Канал 5

Кривична пријава против полициски службеник за „проневера во служба“ и „лажно пријавување на кривично дело“

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје - Специјализирано одделение за гонење на кривични дела.

Кривична пријава против полициски службеник за „проневера во служба“ и „лажно пријавување на кривично дело“

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје - Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава против полицискиот службеник Д.С. на работно место самостоен криминалистички техничар во СВР Тетово- ОВР Гостивар поради постоење основи на сомнение дека сторил две кривични дела „проневера во служба“ по член 354 став 3 од КЗ и кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“ по член 366 став 2 од КЗ.

Пријавениот во временски период од јануари до април 2025 година, со намера да се стекне со значителна противправна имотна корист, присвоил 25.000 евра и златен накит, кои му биле доверени во службата, претходно одземени од лице при извршен претрес на дом и други простории при кое истражно дејствие пријавениот преземал полициски овластувања. Одземените предмети биле оставени на чување во службен метален ормар во ПС ОН Гостивар. Парите и златниот накит ги присвоил така што незабележан од никого прво ги изнел парите од службените простории, а потоа во неколку наврати го изнел и златниот накит, кој го продал во златарница во Гостивар.

Пријавениот со цел да ги прикрие своите противправни дејствија, во просториите на ПС ОН Гостивар фингирал дека било извршено кривично дело тешка кражба на металниот ормар, во кој биле оставени одземените предмети, на начин што ја искршил бравата од ормарот и ги отстранил шипките од бравата, а една од хартиените вреќи во кои биле обезбедени предметите ја искинал, додека другата ја фрлил во контејнер.

Пријавениот е лишен од слобода, задржан во полициска станица и ќе биде изнесен пред суд. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против полицискиот службеник ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки именуваниот да се отстрани од работното место- суспендира до завршување на дисциплинската постапка, се наведува во соопштението на МВР.

Нвидиа е првата компанија во историјата со вредност над четири трилиони долари

Акциите на Нвидиа денеска скокнаа за повеќе од два проценти, првпат надминувајќи пазарна капитализација од 4 трилиони долари со што производителот на чипови стана првата компанија која ја достигнала оваа пазарна вредност.

Нвидиа е првата компанија во историјата со вредност над четири трилиони долари

Нвидиа ги надмина Мајкрософт и Епл, иако и двете компании ја достигнаа границата од три трилиони долари пред Нвидиа. Мајкрософт е исто така еден од најголемите и најважните купувачи на Нвидиа.

Компанијата со седиште во Калифорнија, основана во 1993 година, првпат ја надмина границата од два трилиони долари во февруари 2024 година, додека границата од три трилиони долари ја надмина четири месеци подоцна.

Нвидиа во голема мера профитираше од растечката побарувачка за хардвер и чипови од претставувањето на ChatGPT кон крајот на 2022 година. Компанијата се позиционираше како водечки лидер во создавањето на графички процесорски единици (GPU) кои ги напојуваат големите јазични модели.

Порастот на побарувачката ја зголеми вредноста на акциите на овој гигант за повеќе од 1500 проценти во последните пет години. Акциите пораснаа за повеќе од 15 отсто во последниот месец и 22 отсто од почетокот на годината.

Неодамнешниот раст на Нвидиа се случи и покрај геополитичките тензии и моменталните ограничувања на чиповите кои ја попречуваат продажбата во Кина. Минатиот месец, Нвидиа најави дека неодамнешното ограничување на извозот на нејзините H20 чипови развиени за Кина ќе ја чини осум милијарди долари.

Еден трилион во децималниот систем се запишува како 1.000.000.000.000. Тоа претставува илјада милијарди, односно милион милиони.

Нови научни сознанија за суперновите: Што е разлика меѓу „ГРБ“ и „ФХТ“ експлозиите?

 Млазевите што не успеале да ја пробијат надворешната обвивка на ѕвезда што умира се извори на мистериозни рендген-зрачењa и блесоци што ги збунуваат астрономите со десетлетија. 

Нови научни сознанија за суперновите: Што е разлика меѓу „ГРБ“ и „ФХТ“ експлозиите?

Ново научно истражување за ѕвезда и нејзината супернова, т.е. моќна и светла експлозија којашто го означува крајот на вселенското тело, открива дека експлозиите на рендгенско зрачење познати како „брзи транзитни честици на рендгенски зраци“ ('Еф-икс-те') се резултат на неуспешна „експлозија на гама-зраци“ („ГРБ“) - една од најенергичните експлозии што може да ги произведе Вселената.

Анализите се подробно опишани во два труда прифатени во американскиот „Астрофизички журнал“ (The Astrophysical Journal Letters) и ce достапни на платформата „Арксив“ (arXiv).

- Од 1970-тите, астрономите детектираат „Еф-икс-те“ - експлозии од далечни галаксии што можат да траат од неколку секунди до повеќе часови, вели астрономот Џилијан Растинеџад од Северозападниот Универзитет во американската сојузна држава Илиноис. - Но, нивните извори останаа долгогодишна мистерија. Нашата работа дефинитивно покажува дека „Еф-икс-те“ можат да потекнуваат од експлозивната смрт на масивна ѕвезда. Исто така, тоа ја поддржува причинско-последичната врска меѓу „ГРБ“-суперновите и „Еф-икс-те“-суперновите, при што „ГРБ“ се создаваат од успешни млазеви, а „Еф-икс-те“ се создаваат од заробени слаби млазеви, додаде научникот.

Според него, евентуалната имплозија на ѕвезденото јадро и исфрлањето на материјалот околу него надворешно се навестени од долг период на нестабилност во којшто ѕвездата ги отстранува своите надворешни слоеви. Кога ѕвездата конечно ќе ја погоди таа точка на суперновата, млазовите експлодираат нанадвор од колабирачкото јадро, пробивајќи се низ надворешните слоеви во меѓуѕвездениот простор. Тие млазови, всушнoст, ги предизвикуваат „ГРБ“, преку материјалот околу ѕвездата, а експлозијата е проследен со моќни одливи.

YouTube video

Детектирањето на настанот на 8 јануари оваа година беше во полза на нашето разбирање на начинот на којшто овие енергетски експлозии можат да тргнат наопаку. Рендгенски телескоп на сондата „Ајнштајн“ сними „Еф-икс-те“ експлозија на 2,8 милијарди светлосни години далечина низ Вселената, пренесува порталот „Американ фокус“ (American Focus).

- Важно е да се напомене дека податоците од икс-зраците сами по себе не можат да ни кажат кои феномени ја создале „Еф-икс-те“. Брзите набљудувања на локацијата на „Еф-икс-те“ на оптички и инфрацрвени бранови должини се клучни за идентификување на последиците од „Еф-икс-те“ и собирање сознанија за неговото потекло, објаснува Растинеџад.

Астрофизичарот Роб Ајлс-Ферис од Универзитетот во Лестер во Велика Британија смета дека оваа „Еф-икс-те“ супернова е „речиси близнак“ на експлозиите по „ГРБ“.

- Нашите набљудувања на раните фази од еволуцијата на „ЕП 250108-a“ покажуваат дека експлозиите на масивните ѕвезди може да бидат предизвикани од двете појави. Ова откритие најавува пошироко разбирање на разновидноста во смртта на масивните ѕвезди и потреба од подлабоки истражувања на целиот пејзаж на ѕвездената еволуција, вели Ејлс-Ферис.

„Еф-икс-те“ експлозијата е именувана „ЕП 250108-a“ и, како што откриваат новите податоци, тој е поврзан со суперновата наречена со прекар „Кенгур“. Истражувачите открија дека оваа супернова е особено ретка појава којашто произлегува од колапсот на јадрото на масивна ѕвезда - со маса меѓу 15 и 30 пати поголема од Сонцето.

- Од повеќедецениски научни истражувања, знаеме дека млазовите можат успешно да се пробијат низ надворешните слоеви на умирачка ѕвезда и ги гледаме како „ГРБ“. Во нашиот труд, откривме дека овој „заробен“ млаз е почест кај масивните ѕвездени експлозии отколку кај млазовите што успешно излегуваат од ѕвездата, додаде Растинеџад.

Сѐ тоа значи дека имаме нов начин за испитување на ѕвездените експлозии - супернови. Иако науката сега знае малку повеќе за „Еф-икс-те“, подробностите за тоа како се создаваат и што тоа прави ѕвездата да се распрснува како „Еф-икс-те“, а не како „ГРБ“, сè уште и допрва треба да се разберат.

Трамп испрати писма за царински мерки до шест земји

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска испрати нова серија писма до група од шест земји, информирајќи ги за дополнителните царини што ќе бидат применети на нивните производи кои влегуваат во САД.

Трамп испрати писма за царински мерки до шест земји

Писмата беа испратени до Алжир, Султанат Брунеи, Ирак, Либија, Молдавија и Филипини.

Се очекува алжирските, либиските и ирачките производи да бидат оданочени со околу 30 отсто, од Молдавија и Брунеи со 25 отсто, а од Филипини со 20 отсто.

Американскиот претседател во понеделникот почна да испраќа писма до земјите со трговски суфицит со САД, информирајќи ги за царинските мерки.

САД од 1 август ќе почнат да применуваат повисоки царини на увозот на стоки од повеќе земји, означувајќи нова фаза во трговската војна што Трамп ја почна во април.

притисни ентер