Борозан: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните
2Борозан: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните
Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
2Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
МакедонијаКривична пријава против пет лица, со фалсификувана исправа организирале сеча и транспорт на дрвна маса од државни парцели Кривична пријава е поднесена против пет лица за неосвесно работење во службата, кои со употреба на исправа со невистинита содржина и поттикнување и помагање, организирале сеча и транспорт на дрвна маса од државни парцели. Кривична пријава е поднесена против пет лица за неосвесно работење во службата, кои со употреба на исправа со невистинита содржина и поттикнување и помагање, организирале сеча и транспорт на дрвна маса од државни парцели, соопшти Министерството за внатрешни работи. -Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против Љ.М.(63) од Злетово и Д.И.(49) од с.Калниште поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „несовесно работење во службата“, против Ј.К.(70) и Д.К.(61) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“ и против Б.М.(55) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторени продолжени кривични дела „поттикнување“ и „помагање - посочуваат од Министерството. На 04 февруари 2025 година, како што наведуваат од МВР, третопријавениот Ј.К. и четвртопријавениот Д.К., поттикнати од петтопријавениот Б.М., во Јавното претпријатие „Национални шуми” - Подрачно шумско стопанство „Осогово” - Кочани – РЕ Пробиштип поднеле барање за сеча на стебла на нивен имот во атар на с.Лезово, пробиштипско, и покрај тоа што нивните парцели се ниви и нема таков вид на дрва за сечење. -Првопријавениот, по поднесените барања, излегол на местото, извршил увид и изготвил записник во кој внел лажни податоци дека постои дрвна маса-стебла на тополи за сеча, иако на парцелата немало какви било видови дрва. Откако бил платен надоместокот за издавање на одобрение за сеча, првопријавениот изготвил одобренија за сеча на дрвна маса, при што едното воопшто не го доставил на потпис на раководителот, а за да ја прикрие бесправноста усно го известил четвртопријавениот дека неговото барање за сеча е одбиено, кое всушност го изготвил и го одложил во досието на предметот. По ова, петтопријавениот организирал сечење тополи на парцела во државна сопственост посочуваат од Министерството. Додека, второпријавениот, во својство на службено лице во ЈП „Национални Шуми”-ПШС „Осогово” Кочани-РЕ Пробиштип, на 11.02.2025 изготвил приемница за сеча и приемница за дотур без да ја утврди фактичката состојба за исечената дрвна маса и дали истата маса потекнува од означените стебла, издал испратници со кои исечените стебла биле однесени на продажба во фирма во Kавадарци. -На ист начин, постапил и со барањето на Д.К., за што го фалсификувал потписот на приемниците на четвртопријавениот, а потоа издал и лажна испратница за ситно техничко дрво орев, кое всушност претходно со камион, управуван од петтопријавениот Б.Д. бесправно било исечено и одвезено во фирма во охридско. Со ваквите дејствија било извршено сечење на вкупно 53.81 кубни метри дрвна маса, со што била причинета штета на државниот буџет за износ од 780.245 денари - информираат од МВР.Тагови: дрвја Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство08:57Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство08:57
ЕвропаФранцуските трговци ги затвораат излозите со даски пред денешните масовни протестиФранција распоредува 70.000 припадници на безбедносните сили низ целата земја поради масовните протести најавени за денеска. Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез најави решителен одговор на земјата на секаков вид насилство. Во градот Нанси, продавниците сè уште ги заштитуваа своите прозорци и влезови со дрвени панели. Мобилизација на сите ресурси Министерот Нуњез изјави дека во операцијата ќе бидат вклучени сите расположиви ресурси. Планот вклучува и персонал од служби кои вообичаено не извршуваат вакви задачи. Тој, исто така, потврди дека се мобилизирани специјализирани и елитни единици, кои ќе бидат распоредени на клучни стратешки точки. Се очекуваат до половина милион луѓе Се проценува дека помеѓу 400.000 и 500.000 луѓе ќе учествуваат во протестите. Пред новите собири, министерот за правда Жералд Дарманин објави податоци за последиците од немирите минатиот викенд. 232 лица беа приведени, а против повеќе од илјада луѓе беа покренати судски постапки. Младите луѓе протестираат со недели, барајќи подобра опрема во училиштата. Во текот на викендот, други групи им се придружија на нивните собири во голем број градови, вклучувајќи протести против високите трошоци за живот. На маргините на протестот избувнаа сериозни судири.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство08:57Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство08:57
МакедонијаБорозан: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓанитеСекој нов месец има нови поскапувања. Од наредната година се најавуваат и нови покачувања на струјата и парното. Во Европа се предупредува на нов удар поради раст на трошоците за енергија. Многу земји веќе преземаат мерки само владата на Мицкоски не прави ништо. Цела година ги остави граѓаните сами, дозволи цените да отидат до плафон, затоа што владата не ги воведе мерките што СДСМ ги предложи на почетокот на кризата. Трошоците за живот за македонските граѓаните од јануари до сега се зголемени за 4.000 денари. Во октомври синдикалната минимална кошничка е над 70.000 денари, а со кирија за стан од 60 квадратни метри изнесува скоро 90. 000 денари. Ниту три плати не се доволни да се покријат основните животни трошоци. Македонскиот работникот работи цел месец, а платата не му стигнува да преживее затоа има најниска плата во Европа. Платите не ги следат поскапувањата. Стандардот е на ниво на една третина од стандардот во ЕУ. Не трета економија во Европа туку една третина. Економските истражувања покажуваат дека на Македонија би и требале 52 години за да го достигне просекот на Европската Унија во благосостојбата. Околу 180.000 работници земаат плати помали од 31.200 денари месечно, минималната плата не мрда од 26 илјади денари. Арамијата Мицкоски го донесе народот до раб на преживување. Ја одби секоја мерка на СДСМ за помош на граѓаните. Одби 600 евра мининимална плата, ги одби мерките за заштита на животниот стандард. И во новиот ребаланс нема повисока минимална плата, нема 600 евра за работниците, нема мерки, нема помош за земјоделците. Има долгови, високи камати, а сметката ќе ја плаќаат граѓаните и идните генерации. За 4 милијарди евра арамијата Мицкоски го зголеми долгот за само две години, колку половина од вкупниот долг во изминатите 30 години. Оваа сурова реалност е свесна одлука на арамијата Мицкоски – работниците да работат за малку пари, и да бидат сиромашни. Арамиски ја троши државнат каса. Трупа долг врз долг, и прави ребаланс на ребалансот- не за граѓаните, туку за криминални партиски тендери, рече Маја Серафимовска Борозан од СДСМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамФиат направи нов Папамобил- има црвен тепих и седиште на вртењеВо текот на протоколарните обврски при посетата на Уругвај, папата ќе вози во специјално адаптиран Фиат Титано, пикап кој до неодамна се склопувал во таа земја.Папата Лав XIV за време на неговата посета на Уругвај од 6 до 8 ноември, тој ќе користи специјално адаптиран Фиат Титано. Пикапот се претвора во папамобил со отворени страни, електрично склопливи скали и седиште кое може да се ротира и прилагодува по висина, пишува Motor1. За време на посетата, папата треба да ги посети Монтевидео, Пајсанду и Флорида. Возилото за неговиот транспорт се подготвува во објектите на Нордекс во Монтевидео, каде што специјализирани техничари и локални експерти вршат модификации според барањата на Ватикан. Бела кожа, црвен тепих и транспарентен покрив Отворените страни ќе им овозможат на собраните подобар поглед на папата. Покрај подвижното седиште, ќе бидат инсталирани уште две, а пристапот до задната платформа ќе биде олеснет со електрично склопливи скали. Седиштата и рачките ќе бидат покриени со бела кожа, додека подот ќе биде покриен со црвен тепих. За заштита од лоши временски услови е обезбеден транспарентен покрив. На предните страни од возилото ќе има знамиња на Ватикан, а на вратите грбот на Ватикан. Деталите на решетката на ладилникот, рамките на светлата за магла и делови од предниот и задниот браник исто така ќе бидат обоени во бело. Перформанси што не можат да се купат Папин Титано се разликува од серискиот модел по неговата единечна кабина. Ваквите перформанси не се достапни во ниту една јужноамериканска земја. Бразил, најголемиот пазар за овој модел, и Аргентина, каде што се произведува, нудат само верзија со двојна кабина. Интересно е и тоа што Титано воопшто не се продава во Уругвај. Нордекс го склопуваше таму до средината на 2025 година од делови увезени од Кина, но сродниот Рам Дакота се нуди на уругвајскиот пазар. Може да има дизел мотор со 200 КС Не е потврдено на која верзија е базиран идниот папамобил. Тркалата се совпаѓаат со оние на верзијата Volcano AT 4x4, која се продава во Бразил. Доколку тоа послужи како основа, Титаното на Папата ќе биде напојувано од 2,2-литарски турбодизел мотор со 200 КС и 450 Nm вртежен момент. Оваа верзија има осумстепен автоматски менувач и погон на сите четири тркала со автоматско вклучување и редуктор. Тагови: папамобил фиат Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook