Кривичен одреди куќен притвор за напаѓачот на Арсовска - ОЈО Скопје ќе ја обжали одлуката, бара ефективен притвор - Канал 5

Кривичен одреди куќен притвор за напаѓачот на Арсовска - ОЈО Скопје ќе ја обжали одлуката, бара ефективен притвор

Две лица се осомничени за кривично дело Насилство по вчерашниот инцидент во Чаир кога градоначалничката на Скопје Данела Арсовска беше физички нападната а МВР поднесе кривична пријава. 

Кривичен одреди куќен притвор за напаѓачот на Арсовска - ОЈО Скопје ќе ја обжали одлуката, бара ефективен притвор

Скопскиот Кривичен суд на првоосомничениот му определи 8 дневен куќен притвор поради опасност од бегство и ризикот да го изврши делото со кое и се заканувал, наместо ефективен притвор како што бараше скопското обвинителство кое најави дека ќе поднесе жалба. За вториот осомничен се определени мерки за претпазливост.

-Првоосомничениот вчера се заканувал и физички ја нападнал градоначалничката на Скопје, која заедно со вработени во градските служби, по претходна пријава, излегле да извршат вонреден надзор на нелегален објект во градба на улицата “Севастополска”. Тој се претставил како сопственик на објектот во градба, па почнал грубо да ја навредува, да и се заканува, по што и физички ја нападнал.

Кога изреагирале останатите вработени во градските служби и припадниците на МВР и го тргнале првоосомничениот, со закани продолжило и второосомниченото лице. Со чинот на насилство двајцата осомничени во јавноста и кај другите присутни лица предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв, велат од обвинителството.

Од МВР пак најавија дека по безбедносна проценка на АНБ на скопската градоначалничка Арсовска ќе и биде обезбедена 24-часовсна полициска заштита со цел да ѝ се обезбеди лична сигурност и непречено извршување на нејзините обврски. Оттаму потврдија дека ја доставиле кривичната пријава до ЈО за вчерашниот инцидент но и ги отфрлија обвинувањата дека не постапувале во случаите поврзани со градоначалничката.

-Во однос на последните настани поврзани со г-ѓа Арсовска, МВР посочува дека и покрај тоа што таа во повеќе наврати јавно комуницира за закани преку социјалните мрежи, институцијата постапува по сите добиени информации било по службена должност, било по официјална пријава согласно законот и воспоставените процедури. Министерството за внатрешни работи најостро ги отфрла сите обвинувања дека не постапува во случаите поврзани со г-ѓа Арсовска. - МВР

Премиерот Христијан Мицкоски денеска не сакаше да ги коментира случувањата со Арсовска и ги повика институциите да постапат.

-Државата има институции, ги повикувам да постапуваат за случајот. Што се однесува за градоначалничката на Скопје, многу работи се кажани, не би имал што да додадам. – Христијан Мицкоски – Претседател на Влада

Од опозициската СДСМ пак побараа оставка од министерот за внатрешни Панче Тошковски.

-Инцидентот вчера и срамното непостапување на МВР и Тошковски, беше порака до секој што ќе се осмели да зборува за криминал, да покаже злоупотреби, да посочи корупција. Вчерашниот настан е порака до секој судија, секој обвинител, секој државен службеник или граѓанин да не се осмели да го чепне криминалот на власта. Ова е порака дека секој кој ќе им ги орткрие кримииналите може да биде следниот. Ова е систем на страв и закани кој доаѓа директно од власта. – Богданка Кузеска – Портпарол на СДСМ

Владејачката ВМРО ДПМНЕ пак одговори дека СДСМ само во три случаи излегува во јавност за Арсовска.

-Првиот кога ја напаѓаше дека таа е неспособна и има бугарско државјанство. Вториот случај, кога во опозиција ја користеше за напаѓање на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. И третиот случај, кога заедно со Бугарите ја брани Данела.- ВМРО ДПМНЕ

Инцидентот со скопската градоначалничка се случи вчера попладне во близина на полициската станица во Чаир. Арсовска тврдеше дека при увид на дивоградба најпривин добила закани по нејзиниот и живото на нејзиното семејство а потоа и физички била нападната со удари со клоци додека полицајците кои биле присутни не презеле ништо по што замина во болница. Министерот Тошковски пак во телевизиско гостување негираше дека инцидентот се случил пред очите на полицијата и дека ништо не презела, фактичката состојба рече дека ќе се утврди за да не излезе како што рече оној што се претставува како жртва е можеби оној кој предизвикал физички напад.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Десетици повредени во железничка несреќа во Прага: Се судрија два воза на влез во станицата (ВИДЕО)

Два воза се судрија утрово во близина на главната железничка станица во Прага. Според противпожарната служба, на местото на настанот се повредени десетици лица, од кои некои се сериозно повредени.

Десетици повредени во железничка несреќа во Прага: Се судрија два воза на влез во станицата (ВИДЕО)

Вклучени се сите служби за итни случаи и спасување. Железничкиот сообраќај на линијата во правец на Вишочани и Либња е прекинат. Ова е според информациите од службите за итни случаи, Управата за железници и Чешките железници, објави Блеск.

Несреќата се случила околу 7 часот наутро на мостот преку улицата Сејфертова, во третиот округ во Прага. Се судриле два патнички воза, кои се движеле со помала брзина. Според портпаролот на противпожарната служба во Прага, Мирослав Резач, несреќата не била катастрофална.

„Пожарникарите реагираат на местото на итната состојба како дел од второто ниво на тревога. Примарна задача е да се тријажат повредените“, рекоа пожарникарите. Според нив, немало потреба да се извлекуваат патниците од остатоците од возовите.

Повеќето луѓе претрпеле полесни повреди, но некои се потешко повредени.

„Евидентиравме неколку сериозно повредени лица кои беа во опасност да ги изгубат своите основни животни функции“, изјави портпаролот на прашката брза помош Карел Кирс за новинарите. Сите оние со сериозни повреди веќе се пренесени во болниците во Прага.

Десет екипи на брза помош и четири медицински екипи се на местото на настанот. Спасувачките служби имаат на располагање и специјално возило за евакуација.

„На местото на настанот е испратен и тим за посттрауматска нега за да им пружи психолошка поддршка на погодените од инцидентот“, соопшти противпожарната служба.

Министерот за транспорт Иван Беднарик, кој дојде на функцијата со поддршка на партијата СПД, ја опиша несреќата како многу сериозен инцидент. Според него, најважно е да им се пружи помош на повредените сега.

„Според најновите информации, сите патници од двата воза веќе требало да бидат евакуирани. Им посакувам на сите брзо закрепнување и им се заблагодарувам на спасувачките служби за нивните напори“, рече министерот, додавајќи дека Железничкиот инспекторат веќе ги истражува причините и околностите на несреќата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Целосно разобличување на лагите на Кочовска и Мицкоски за долгот

Министерката Кочовска изјави дека во 2027 година има 2 милијарди евра доспен долг кој требало наводно да се врати.

СДСМ: Целосно разобличување на лагите на Кочовска и Мицкоски за долгот

Ова е уште една лага на Кочовска и Мицкоски која целосно ја разболичуваме.

Самата Кочовска во предлог Буџетот за 2027 година, на страна 16 и 17 го напишала следново:

„Отплатата на долгот во износ од 64,6 милијарди денари (од кои за надворешен долг 46,5 милијарди денари, за домашен долг 18,1 милијарди денари) ќе се финансираат преку домашно и странско задолжување.“

Значи самата Кочовска вели дека вкупно доспениот долг за 2027 е една милијарда евра.

Но и овие 1 милијарда евра, само 500 милиони се за еврообвзницата од 2023 година а друго се долгови на Мицкоски и Кочовска.

Го признава и самата Кочовска.

Е тука завршува приказната за старите долгови наследени од СДСМ.

Доаѓаме до клучното. Долговите се на Кочовска и Мицковски кои ги направиле последниве 2 до 3 години и тие сакаат да гои зголемат.

Мицкоски создаде долг од 4 милијарди евра за само 2 години, а сака дополнително да ги задолжи граѓаните за уште 2 милијарди евра во 2027 година.

Тоталното разобличување стои во самиот Буџет, на иста страница каде е наведено дека во 2027 -та Кочоска и Мицкоски ќе се задолжат 121 милијарда денари односно 2 милијарди евра, се наведеува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Актерката Лидија Вукичевиќ ја гаѓаа со јогурт пред влезот во српското Собрание- ова ѝ е трет мандат (ВИДЕО)

Пратеничката на СНС Лидија Вукиќевиќ беше полеана со јогурт, предизвикувајќи хаос пред влезот во Парламентот утрово, 17 ноември, пред почетокот на првата седница.

Актерката Лидија Вукичевиќ ја гаѓаа со јогурт пред влезот во српското Собрание- ова ѝ е трет мандат (ВИДЕО)

Додека идните пратеници минуваа низ кордон, актерката Лидија Вукиќевиќ беше полеана со јогурт по главата, објави Телеграф.

Патем, ова ќе биде трет мандат на Лидија во српскиот Парламент, овој пат како пратеничка од партијата СНС.

Актерката беше пратеничка два мандата:

- Од 2007 до 2008 година (7-ми состав)

- Од 2008 до 2012 година (8-ми состав)

Вкупно, таа помина околу 5 години како пратеничка (како членка на СРС) во тој период.

Денес (17 ноември 2026 година) се одржува конститутивната седница на новото свикување на Народното собрание на Србија, каде што таа повторно се појави како пратеничка, а нејзините мандати во новото свикување штотуку почнуваат да се потврдуваат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер