3Герасимовски: Казни до 1.800 евра за градилишта што го нарушуваат комуналниот ред и узурпираат јавни површини
Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судир со комесарот на МЛС
2Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судир со комесарот на МЛС
АвтомобилизамКрива Паланка по третпат град-домаќин на француските авантуристи „Еуроп Раид“700 – тина Французи од караванот на „Еurop Raid 2023“ ќе ја посетат Крива Паланка.Општина Крива Паланка повторно ќе биде град – домаќин на авантуристите на тркала од Франција кои со „Пежо 205“ автомобили и годинава, во рамки на 8-то издание на „Еуроп Раид“, тргнаа во обиколка со автомобили низ 20 земји во Европа на 29 јули и сè до 19 август 2023 година ќе патуваат. На 10 август, четврток, 700 – тина Французи од караванот на „Еurop Raid 2023“ ќе ја посетат Крива Паланка на патот во духот на меѓународната солидарност на кој носат училишна и спортска опрема што ја донираат на училишта од Балканот од: Босна и Херцеговина, Бугарија, Албанија и Северна Македонија. - Крива Паланка ќе ја угости организацијата млади авантуристи и ќе бидат организирани повеќе активности, перформанс во училишниот двор на ООУ „Св. Јоаким Крчовски“ со франкофонски музички хепенинг и културно-уметничка програма на градскиот стадион, на мултифункционалното игралиште истата вечер. Организацијата „Еуроп Раид“ во соработка со Амбасадата на Франција ја одбраа Крива Паланка за македонски град-домаќин поради добро познатите активности во областа на франкофонијата. На настанот ќе присуствува делегација од Амбасадата на Франција, од Францускиот институт, Скопје и повеќе франкофонски здруженија и организации, информира професорката по француски јазик од ООУ „Св. Јоаким Крчовски“, благодарение на чиишто заложби низ годините оваа организација доаѓа во Крива Паланка Поминувајќи 8.000 километри за 22 дена, секоја екипа има мисија „Еуроп раид“ да обезбеди 70 килограми училишна или спортска опрема: училишни ранци, прибор, тетратки, топки, друштвени игри, сликовници и книги на француски јазик, спортска облека, обувки, наменети за младите франкофони со цел да ги поттикнат и мотивираат да го изучуваат францускиот јазик./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Во рамките на посетата на Вашингтон, остварив средба со Каролин ВикВо рамките на посетата на Вашингтон, остварив средба со Каролин Вик, главен директор за политики и вршител на должноста главен директор за развој во Американската корпорација за меѓународен финансиски развој - DFC.Во рамките на посетата на Вашингтон, остварив средба со Каролин Вик, главен директор за политики и вршител на должноста главен директор за развој во Американската корпорација за меѓународен финансиски развој - DFC, институција која располага со инвестициски капацитет од 205 милијарди долари и претставува значаен инструмент на САД за мобилизирање приватен капитал и инвестиции во стратешки сектори. Разговаравме за можностите за продлабочување на соработката и отворање нови перспективи за инвестиции во Македонија, особено во стратешки области како енергетиката, високите технологии и современата инфраструктура. Нашата цел е преку силното стратешко партнерство со Соединетите Американски Држави да создадеме нови можности за економски развој, привлекување инвестиции и подобар стандард за граѓаните, напиша на својот профил на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаВидео: Се огласија сирени во два полски града, затворени и аеродромитеПолска привремено затвори два аеродрома поради воени дејствија на руските воздухопловни сили во соседна Украина. Пријавени се експлозии во близина на полско-украинската граница. Оперативната команда на полските вооружени сили соопшти дека активностите во воздушниот простор се поврзани со руските напади со беспилотни летала во Украина, пренесува LBC. Украински претставник потврди дека за време на денешниот руски напад со беспилотни летала, се слушнале експлозии на неколку километри од границата со Полска, која е членка на НАТО. Во Жешов и Лублин, во источниот дел на земјата, се огласија сирените за воздушна опасност, а граѓаните беа предупредени да побараат засолниште. Lublin 11:50 słychać syreny alarmowe Ludzie mają chill https://t.co/YLjOXJh7xw — Agatha💃🏼🐙 (@GabrielaCat1191) September 17, 2026 „Копнените системи за противвоздушна одбрана и системите за радарски надзор се во состојба на целосна готовност“, соопштија Полските вооружени сили. Од командата додадоа дека станува збор за превентивни мерки насочени кон обезбедување и заштита на воздушниот простор, особено во областите што граничат со загрозените региони.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Казни до 1.800 евра за градилишта што го нарушуваат комуналниот ред и узурпираат јавни површиниИнспекциските служби на Општина Центар за една недела изрекоа глоби, во износ од 1.300 до 1.800 евра, за четири градилишта на територијата на локалната самоуправа.Казните се изречени поради оставање градежен материјал и градежен шут на јавни површини, со што биле нарушени комуналниот ред и јавната чистота, а биле отежнати движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот. „Нашите инспектори се на терен и будно ја следат состојбата на активните градилишта. Контролите продолжуваат, а особено внимание посветуваме одржувањето на чистотата и непреченото користење на јавниот простор. Секој што нема да ги почитува прописите ќе биде соодветно санкциониран“, порача градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски. Од Општина Центар апелираат до инвеститорите и градежните компании да не оги узупираат а јавните површини, да ги почитуваат законските обврски и да се грижат за безбедното движење на граѓаните. Инспекциските контроли продолжуваат со засилен интензитет.Тагови: Општина Центар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook