Крива Паланка доби нови спортски трибини на фудбалскиот стадион - Канал 5

Крива Паланка доби нови спортски трибини на фудбалскиот стадион

 Во Крива Паланка денеска официјално се пуштени во употреба новите спортски трибини на фудбалскиот стадион со капацитет од 1050 седишта.

Крива Паланка доби нови спортски трибини на фудбалскиот стадион

Од локалната самоуправа на општината потенцираат дека со нив спортскиот комплекс во Крива Паланка се профилира како вистински центар за спорт, рекреација и здрав начин на живот, достапен за сите генерации.

Вредноста на проектот изнесува 3.4 милиони денари со ДДВ, финансиски средства обезбедени од Министерство за спорт на Република Македонија, преку средствата од унгарскиот кредит што Владата го обезбеди за поддршка на општините.

- Крива Паланка добива нова енергија со новоизградените трибини, создадени за нови спортски аплаузи и нови успеси, со јасна намера, да го вратиме големиот фудбал во градот. Крива Паланка повторно ќе живее за големиот фудбал, рече градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

Изведувач на градежните работи е ДГПТУ "Дине Трејд" ДОО, а надзор и технички преглед извршил "МГ Проект", ДООЕЛ Скопје.

Од општината нагласија дека продолжувааат со вложувања во развојот на спортската инфраструктура и подобрување на условите за спорт и рекреација во градот, а новите трибини го збогатуваат спортскиот комплекс и обезбедуваат подобри услови за спортистите, рекреативците и верните навивачи.

Инаку, во Крива Паланка во моментов не постои активен спортски фудбалски клуб што се натпреварува во голем фудбал. Со програмата за спорт општината за 2026 година има планирано да издвои 1.000.000 денари од општинскиот буџет за формирање клуб во голем фудбал.

Активно во областа на спортот се натпреваруваат во Прва А лига кошарка Кошаркарски клуб Крива Паланка, кој во моментов е првопласиран на прволигашката табела во поредокот, лигата во којашто под капата на КФМ активно се натпреварува осма сезона и е единствен македонски претставник во меѓународната ВАБА 2 лига, а дебитираше оваа сезона 2025/26 и се пласираше на петтото место од вкупно девет екипи.

Во првата лига и супер лигата Крива Паланка ги има и двата пинг-понг клубови ППК "Крива Паланка" и ППК "Крива Паланка 2007" што редовно се во друштвото на најдобрите во овој спорт и имаат бројни шампионски титули, а трета сезона во низа во првата футсал лига се натпреварува и општинскиот клуб КМФ "Осогово 2022".

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Реакција на ОО СДСМ-Прилеп на посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Прилеп

Денешната посета на Христијан Мицкоски на Прилеп имаше само една цел: продолжување на континуираното ширење лаги за „невидените“ успеси на „третата економска сила во Европа“.

Реакција на ОО СДСМ-Прилеп на посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Прилеп

Ширење на приказната за илјадниците градежни проекти ширум Македонија, изградените стотици километри автопатишта, модерните брзи пруги по кои возовите “летаат“ 200 км на час, незаборавајќи притоа да го спомене и “талогот“ како главен кочничар на економскиот развој и европскиот пат на Македонија.

Вршејќи увид во работите на кружниот тек Табана, кој патем речено требаше да биде готов пред 2 месеца, Мицкоски зборуваше и за невидените успеси на градоначалникот Дејан Проданоски, кои постојат само во неговата фантазија и никаде на друго место.

Добро е што премиерот дојде во Прилеп, во градот на театарот без театарска куќа, во градот на спортот без спортски сали и со најголемиот спортски бренд во изумирање. Бидејќи само така можеше да се увери во мизеријата од 5-годишното раководење на ДПМНЕ со општина Прилеп.

Мицкоски ја пропушти шансата да го посети опожареното Мариово и да види како преморените пожарникари, со несоодветна опрема и механизација, петти ден со натчовечки напори се справуваат со огнената стихија. Да им каже на пожарникарите дека нема да има набавка на нови воздухоплови за гаснење на пожарите, оти приоритет е купување нов авион за Владата.

Мицкоски не ги посети ниту реализираните изборни ветувања на градоначалникот Проданоски: обиколниците „Исток“ и „Запад“, новата детска градинка во УЗ „Рид“, реновираната Универзална сала, излетничкиот центар од 30.000 квадратни метри кај село Волково, мултифункционалната сала со 2.000 седишта на местото од „Соколана“, трговскиот центар со забавен парк кај поранешен „Металец“, пешачките и велосипедските патеки на спортско-рекреативниот центар „Вештачко езеро“, адреналинскиот парк кај Старо Лагово...

„Грижата“ на премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот Дејан Проданоски за економски развој на градот, за подобар стандард на прилепчани, навистина е видлива на секој чекор и во секој сегмент од општественото живеење на граѓаните на општина Прилеп!

Центар за комуникации со јавност

ОО СДСМ Прилеп

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

43 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица

Нилска треска потврдена кај угинат гавран во центарот на Скопје, потврди министерот за здравство Сашо Клековски. 

43 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица

Птицата ја пријавиле граѓани во агенцијата за храна и ветеринарство и било веднаш реагирано. Теренското прскање продолжува и се бара од граѓаните да не стопираат во прскањето, бидејќи се работи за квалитени и ефикасни средства што не се штетни по здравјето на луѓето.

Исто така општествени одговорни компаии учестуваат со 12 возила за прскање.

Она што треба во иднина да се превземе е да се направи регионално прскање на комарците кои поради топлите зими преживуваат, но и праскањето да биде порано и навремено одржување на одводните канали и септичките јами. Не може една општина да прска,а друга не. Комарците не познаваат општини.

На Инфективна болница хоспитлизирани се 43 пациенти, пет од нив се на интензивно лекување. Освен што има пациенти од Драчево, Илинден има потврда на пациенти од општина Центар.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вучиќ: Парламентарни избори на 18 или 25 октомври

По повеќенеделни калкулации, српскиот претседател Вучиќ потврди дека парламентарните избори во Србија ќе се одржат во октомври, односно дека во игра се два датума – 18-ти или 25-ти октомври.

Вучиќ: Парламентарни избори на 18 или 25 октомври

Тој во интервју за српскиот јавен сервис, рече дека за неколку дена ќе го објави точниот датум, по што ќе ги распише изборите.

Вучиќ не сакаше да ја коментира одлуката на неговиот коалциски партнер, Српската социјалстичка партија на Ивица Дачиќ самостојно да настапи на изборите, особено по шпекулаците во јавноста дека Дачиќ наводно планирал да се кандидатира за претседател на Србија.

Вучиќ пак, претходно пројави амбиции за премиерското место, со оглед дека нема право на трет мандат како шеф на државата..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер