Критиките продолжуваат, но Ферари тврди дека клиентите веќе уплаќаат за Луче - Канал 5

Критиките продолжуваат, но Ферари тврди дека клиентите веќе уплаќаат за Луче

Според шефот на Ферари, италијанскиот производител веќе ги добил првите нарачки за својот електричен модел.

Критиките продолжуваат, но Ферари тврди дека клиентите веќе уплаќаат за Луче

Дали ви се допаѓа или не, Ферари Луче е вистински производ што италијанскиот производител планира да го произведува и продава.

Не е познато колку клиенти се подготвени да платат 550.000 евра, но некои купувачи веќе оставаат депозити, додека менаџментот на компанијата го брани контроверзниот модел.

Првиот човек на компанијата, Бенедето Виња, рече дека Ферари регистрирал „голем интерес, вклучително и нови клиенти“, пренесува Ројтерс.

„Веќе ги добивме првите банкарски плаќања, клиентите кои беа присутни на презентацијата го сакаат овој автомобил“, рече Виња.

Луче предизвика многу критики од својата премиера на почетокот на неделата. Акциите на компанијата паднаа, а поранешниот претседател на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло, јавно изрази незадоволство од новиот електричен модел.

Монтеѕемоло верува дека Луче ризикува „да уништи легенда“ и додаде дека се надева дека Ферари „барем ќе ја отстрани значката од автомобилот“. Сепак, таквото сценарио изгледа малку веројатно.

Ферари цврсто стои зад својот прв електричен модел и верува дека е доволно посебен за да го носи препознатливиот амблем на брендот. Виња рече:

„Ако го видите и возите, веднаш ќе разберете дека не е копија и дека нема ништо заедничко со другите електрични автомобили што сте ги виделе претходно, без разлика дали станува збор за ентериерот, екстериерот или перформансите.“

Колку купувачи навистина сака Луче ќе се знае во јули, кога Ферари ќе го објави бројот на примени депозити.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од старо јаже до нова шанса – изработени 53 поводници за кучињата во ЈП Лајка

На работилницата учествуваа голем број граѓани кои преку својата креативност и ангажман придонесоа за изработка на 53 поводници, кои ќе се користат во секојдневната грижа, прошетките и вдомувањето на кучињата во ЈП Лајка.

Од старо јаже до нова шанса – изработени 53 поводници за кучињата во ЈП Лајка

ЈП Лајка - Скопје, Europe House и Алпинистички клуб Скопје успешно ја реализираа креативната **upcycling работилница** на Средно Водно, каде старите алпинистички јажиња добија нов живот како издржливи поводници за кучињата згрижени во прифатилиштето.

На работилницата учествуваа голем број граѓани кои преку својата креативност и ангажман придонесоа за изработка на 53 поводници, кои ќе се користат во секојдневната грижа, прошетките и вдомувањето на кучињата во ЈП Лајка.

Настанот претставуваше одличен пример како преку принципите на циркуларната економија може истовремено да се намали отпадот и да се создаде конкретна корист за заедницата и благосостојбата на животните. Алпинистичките јажиња, кои повеќе не се безбедни за нивната првична намена, наместо да завршат како отпад, беа претворени во квалитетни и функционални поводници.

ЈП Лајка упатува искрена благодарност до Europe House, Алпинистички клуб Скопје и до сите учесници кои со својот труд и ентузијазам придонесоа оваа иницијатива успешно да се реализира.

Оваа активност уште еднаш покажа дека преку партнерства, волонтерство и заедничка работа можат да се создадат одржливи решенија кои имаат вистинско влијание врз локалната заедница и животните за кои се грижиме.

ЈП Лајка останува посветена на развојот на вакви иницијативи и продолжување на соработката со организации и институции кои ја препознаваат важноста на одговорното управување со ресурсите и грижата за животните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: За насилничкото однесување на Иван Стоилковиќ СДСМ ќе поднесе интерпелација

На брифинг со медиумите претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, рече дека СДСМ бара одговорност за навредите, заканите и насилството од министерот Иван Стоилковиќ и најави дека партијата ќе поднесе интерпелација.

Филипче: За насилничкото однесување на Иван Стоилковиќ СДСМ ќе поднесе интерпелација

-Има иницијатива за анкетна комисија за Иван Стоилковиќ за тоа што се случи за време на реконструкцијата на Владата. Тука сме потпишани со цел само да се собере доволен број на потписи за да се прифати. Ние ќе поднесеме интерпелација за Стоилковиќ, штом почне Собранието со работа, во септември, рече Филипче.

Тој посочи дека однесувањето на Стоилковиќ е недозволиво и дека во демократски институции нема место за насилство и закани.

-Собранието воопшто не се почитува, ниту пак ја врши функцијата така како што треба, рече Филипче.

Најавиме и ќе ја поднесеме и интрепелацијата за претседателот на Собранието, Африм Гаши, веднаш кога ќе почне со работа Собранието.

СДСМ ќе продолжи со сите демократски и парламентарни механизми за заштита на достоинството на Собранието и за обезбедување одговорност од носителите на јавни функции.

Филипче: Мицкоски избега од пратеничките прашања затоа што нема одговори

Мицкоски избега од пратеничките прашања затоа што нема одговори, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинарите, осврнувајќи се на вчерашните случувања во Собранието, каде, се случи оркестрирана блокада со која на пратениците од опозицијата им беше оневозможено да ги постават предвидените пратенички прашања

-Мицкоски избега од пратеничките прашања. Наместо да одговори на прашањата на опозицијата, сведочевме на оркестрирана блокада со маневри со кои беше потрошено времето предвидено за пратенички прашања. Изрежира таму Весна Бендевска проблем. Една пауза па уште една пауза. Очигледно е дека немаат одговори на прашањата што ги поставуваме., рече Филипче.

Факт беше дека деловникот е прекршен, пратеничка не добила одговор во рок од 20 дена, одлучи да ја блокира говорницата за да добие одговор и таа го доби одговорот. Нејзиното барање звучи логично, ги искористи мхенизмите. После тоа пратеничката доби одговор, и стигна писмен одговор, па потоа презема Весна Бендевска која изрежира проблем, додаде Филипче.

Тој посочи дека ова е само уште еден показател за континуираното непочитување на Собранието и неговата уставна улога.

-Собранието одамна не ја извршува својата функција како што треба. Законите се носат по скратена постапка, се прекршува Деловникот, а сега се злоупотребуваат и процедуралните механизми за да се избегне парламентарната контрола на Владата. Пратеничките прашања се сериозен демократски инструмент и никој нема право да го обезвреднува нивното значење.

Филипче нагласи дека најголема штета од ваквото однесување не трпи опозицијата, туку граѓаните, кои остануваат без одговори на прашањата што нивните избрани претставници ги поставуваат во Собранието.

-Ние бевме подготвени. Имавме четворица пратеници, подготвени материјали, аргументи и прашања. Но, наместо одговори, власта избра да избега од дебатата, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потврдени се 13 случаи на западнонилска треска, тројца пациенти се во критична состојба

Потврдени се вкупно 13 случаи на западнонилска треска во земјава, од кои 10 пациенти се хоспитализирани, а тројца се наоѓаат во критична здравствена состојба, информираат денеска од Министерството за здравство.

Потврдени се 13 случаи на западнонилска треска, тројца пациенти се во критична состојба

„Заклучно со 30 јули се потврдени вкупно 13 случаи со западнонилска треска. На универзитетската клиника за инфективни болести се хоспитализирани 10 пациенти со потврдена инфекција, од кои тројца се во критична здравствена состојба“, се вели во соопштението од министерството.

Поради актуелната епидемиолошка состојба и по стручна процена на ризикот, задолжен е центарот за јавно здравје-скопје да спроведе дополнителна терестична адултицидна дезинсекција во населбата драчево... Вонредниот третман е спроведен во текот на ноќта, како дополнителна превентивна мерка за намалување на ризикот од понатамошно ширење на инфекцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер