Кристијана го оставила девојка му поради друг маж, а тој по раскинот се заљубил во кукла по име Наталија: „Таа е љубовта на мојот живот.“ - Канал 5

Кристијана го оставила девојка му поради друг маж, а тој по раскинот се заљубил во кукла по име Наталија: „Таа е љубовта на мојот живот.“

Кристијан Монтенегро од Колумбија е заљубен во кукла од ткаенина. Тој има семејство со неа кое вклучува три деца, а неговата приказна ја подели јавноста.

Кристијана го оставила девојка му поради друг маж, а тој по раскинот се заљубил во кукла по име Наталија: „Таа е љубовта на мојот живот.“

Чудната приказна го заинтригира светот – додека некои сметаат дека тоа што го прави Кристијан е неприродно, други воопшто не му замеруваат. Сè започнува од моментот кога Кристијан се заљубил во Наталија, а сето тоа би било во ред – доколку Наталија не беше кукла!

По болниот раскин кој го доживеал, Кристијан одлучил да се заљуби во крпена кукла и јавно да објави дека е во врска со неа. Почнал да објавува нивни заеднички фотографии, а по некое време направил и цела „куклена фамилија“. Еден маж од Колумбија се оженил со кукла од ткаенина и изјавил дека конечно ја пронашол љубовта на својот живот.

Двојката има и три куклени деца. Како и во другите традиционални бракови, често може да се види мажот со сопругата и децата на јавни настани и прослави.

Говорејќи за неговите претходни врски, тој открил дека минал низ тежок прекин, бидејќи поранешната девојка го напуштила за друг маж. Тој додаде дека по тој болен раскин бил многу осамен, и не влегол во нова врска.

Дури потоа се заљубил во Наталија. Откривајќи детали од сегашната врска, тој изјавил дека е среќен што ја нашол љубовта на својот живот. Често објавува видеа на социјалните мрежи. Во едно неодамнешно видео, Наталија била „болна“, па Монтенегро повикал итна помош да ја згрижи.

На снимката се гледа како куклата од ткаенина ја носат на носилки. Сепак, не е јасно дали видеото било само шега.

Неконвенционалната љубовна приказна и семејниот живот на Монтенегро предизвикаа бројни реакции и дискусии, и во јавноста и на интернет. Дел од луѓето целосно ја прифаќаат неговата животна одлука, но многумина ја критикуваат.

Некои тврдат дека тој страда од психолошко нарушување. Но, лекарите потврдиле дека Монтенегро нема никакви ментални болести. Наместо тоа, велат дека тој има уникатна сексуална склоност наречена објектофилија – термин што се однесува на луѓе кои се заљубуваат во предмети, пишува "TimesNow".

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Серафимовски: Го заокружуваме системот за одговорно управување со ловиштата

Серафимовски ја нагласи улогата на Ловечката федерација како економско-социјален партнер на Министерството во креирањето политики за унапредување на ловството.

Серафимовски: Го заокружуваме системот за одговорно управување со ловиштата

Од вкупно 268 востановени ловишта во Македонија, во постапка за доделување на користење остануваат уште 21, со што се заокружува системот и се утврдува одговорноста за управувањето и одржувањето на секое ловиште, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски на свечената академија во Велес по повод 80 години од основањето на Ловечката федерација на Македонија.

Тој нагласи дека корисниците преземаат конкретни обврски за заштита на дивечот, унапредување на живеалиштата, воспоставување на функционални ловочуварски служби и примена на високи ловностопански и еколошки стандарди.

„Јавно и недвосмислено порачувам дека нема да има компромис со ловокрадството, нелегалната трговија со дивеч и криумчарењето трофеи. Не прифаќаме поединци да остваруваат незаконски профит, а цената да ја плаќаат природата и совесните ловци. Институциите и ловечката заедница ќе дејствуваат заеднички за секоја незаконитост да биде откриена, документирана и санкционирана“, истакна министерот Серафимовски.

Осврнувајќи се на осумдеценискиот јубилеј, министерот Серафимовски ја нагласи улогата на Ловечката федерација како економско-социјален партнер на Министерството во креирањето политики за унапредување на ловството, која, обединувајќи заедница од повеќе од 20.000 ловци, овозможува искуствата од ловиштата да стигнат до институциите, а институционалните решенија да одговараат на реалните состојби во природата.

„Ќе воспоставиме нови партнерства за обновување на живеалиштата, современо следење на дивечот, стручна обука на ловците и ловочуварите, спречување на болестите и развој на одржлив ловен туризам. Искуствата и финансиските инструменти од европските и регионалните програми ќе ги ставаме во функција на подобро уредени ловишта и посилни локални заедници“, порача министерот Серафимовски.

Свечената академија по повод 80 години од основањето на Ловечката федерација на Македонија се одржа во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес, во присуство на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев, претседателот на Федерацијата, Влатко Алексовски, како и претставници на ловечките друштва и здруженија, ловци и ловочувари од целата држава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Филипче прозборе за криминал тежок 37 милиони евра за пратеничка од СДС, го охрабруваме да објави и други вакви случаи

Филипче прозборе за криминал тежок 37 милиони евра за пратеничка од СДС, го охрабруваме да објави и други вакви случаи затоа што веруваме дека ги има уште во неговите редови.

Петрушевски: Филипче прозборе за криминал тежок 37 милиони евра за пратеничка од СДС, го охрабруваме да објави и други вакви случаи

Венко Филипче деновиве почна да зборува за криминал во редовите на СДС, конкретно пратеничката група. Зошто почна да зборува или од што е охрабрен може само да се сомневаме.

Филипче во јавноста излезе со сомнеж за криминал поврзан со пратеничката Славјанка Петровска, поранешен министер за одбрана, а сега дел од платформата 12.05 која иницира промени во СДС.

Според Филипче, Петровска потпишала за 37 милиони евра поскап договор за набавка на хеликоптери, откако комисијата донела друга одлука. Внимавајте, ни помалку, ни повеќе Филипче сега открива дека постои сомнеж за криминал тежок 37 милиони евра.

Филипче треба да одговори од кога знае за ова, зошто молчел ако сомнежот и информацијата датираат од претходно.

Јавното обвинителството пак, без исклучок мора да постапи, односно да отвори предмет за овој сомнеж, а Филипче до истото да достави информации и да биде повикан од обвинител да ги презентира информациите врз кои го основа сомнежот за овој криминал.

Го повикуваме Филипче доколку има информации и сомнежи за други вакви случаи да ги пријави, затоа што веруваме дека има уште такви случаи во неговите редови.

YouTube video

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МФ: „Стандард и Пурс“ го потврди рејтингот „BB-/B“ со стабилни изгледи

Јавните инвестиции и домашната побарувачка го поддржуваат растот.

МФ: „Стандард и Пурс“ го потврди рејтингот „BB-/B“ со стабилни изгледи

Меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Стандард и пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјата ББ- со стабилен изглед. Во најновиот извештај, Aгенцијата оценува дека перспективите за економски раст, умереното ниво на јавниот долг и одржливите трошоци за сервисирање на долгот ги ублажуваат ризиците поврзани со високите фискални дефицити.

Агенцијата очекува економскиот раст да достигне околу 3,6% во 2026 и 2027 година, поттикнат од високото ниво на јавни инвестиции и отпорната домашна потрошувачка и покрај негативните економски прелевања од војната на Блискиот Исток, пред сè преку повисоките цени на енергијата.

Како клучни двигатели на растот, „Стандард и Пурс“ ја издвојува забрзаната реализација на големите инфраструктурни проекти, особено Коридорите VIII и Xд, кои придонеле за раст на инвестициите од над 9% во првата половина на 2026 година. Слично високо ниво на инвестициска активност се очекува и во втората половина на 2026 година.

Растот според Агенцијата дополнително ќе биде поддржан од отпорната приватна потрошувачка, поттикната од подобрувањата на пазарот на трудот, растот на платите и пензиите и зголемувањето на расположливите приходи на домаќинствата.

„Стандард и Пурс“ очекува инвестицискиот циклус да продолжи и во наредните години, при што просечниот економски раст во периодот 2027–2029 година се проектира на околу 3,3%.

Во делот на јавните финансии, „Стандард и Пурс“ очекува постепена фискална консолидација во периодот 2027–2029 година, при што буџетскиот дефицит во просек би изнесувал околу 3,4% од БДП.

Високото ниво на јавни инвестиции, финансирањето на инфраструктурните проекти и обврските поврзани со државните претпријатија според Агенцијата ќе влијае на нивото на долгот кој би бил на ниво од 57% до 2029 година.

Истовремено, трошоците за сервисирање на долгот се оценуваат како одржливи.

Во извештајот се нотира и непречениот пристап на Владата до меѓународните пазари на капитал, при што се посочува издавањето на две еврообврзници од по 500 милиони евра во јануари 2026 година.

„Стандард и Пурс“ посочува дека трајното подобрување на фискалните перформанси, одржливото намалување на нето јавниот долг и посилниот економски раст според Стандард и пурс ќе имаат позитивно влијание на кредитниот рејтинг на земја

Агенцијата ја нотира и посветеноста на Владата кон процесот на европска интеграција, кој го оценува како важен двигател на структурните реформи на среден рок.

Кредитниот рејтинг на Македонија „Стандард и Пурс“ го оценува двапати годишно. Рејтингот претставува важен индикатор за инвеститорите и меѓународните финансиски пазари при оценката на кредитниот ризик на една земја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер