Кристалниот глобус во велеслалом за Ана Фенингер - Канал 5

Кристалниот глобус во велеслалом за Ана Фенингер

Австријката Ана Фенингер на големиот кристален глобус наменет за најдобрата алпска скијачка во сите дисциплини, денеска го придодаде и малиот кристален глобус во велеслалом како најдобра во сезоната 2013/14.

Кристалниот глобус во велеслалом за Ана Фенингер

Фенингер победи на последната трка од Светскиот куп возена во швајцарскиот скијачки центар Ленцерхајд со време 2:01.28 минути по двете возења.

Сонародничката на победничката, Ева-Марија Брем го освои второто место со 25 стотинки побавно време од Фенингер.

Трета беше Џесика Линдел Викарби од Шведска со постигнувајќи вкупно време 2:01.61 минута.

Конечен пласман во велеслалом:
1. Фенингер 518 бодови,
2. Линдел Викарби 492,
3. Пјетил Холмер (Шведска) 339,
4. Лара Гут (Швајцарија) 285,
5. Катрин Цетел (Австрија) 284,...

Генерален пласман во Светскиот куп:
1. Фенингер 1.371 бод,
2. Марија Хефл-Риш (Германија) 1.180,
3. Гут 1.101,
4. Тина Мазе (Словенија) 964,
5. Тина Вајрајтер (Лихтенштајн) 943...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неда Украден на 76 години, објави снимки од одморот: Не ѝ треба фотошоп (ФОТО)

Неда Украден привлече внимание со нови фотографии од одмор. 

Неда Украден на 76 години, објави снимки од одморот: Не ѝ треба фотошоп (ФОТО)

76-годишната пејачка позираше во виолетов костим за капење во џакузи на Ртањ, а објавата брзо предизвика бројни реакции од нејзините следбеници.

Комплиментите брзо почнаа да се редат во коментарите. Следбениците ѝ велеа дека изгледа одлично и го пофалија нејзиниот изглед и енергија, но не сите беа подеднакво воодушевени.

Некои коментатори се сомневаа дека фотографиите се дополнително обработени. „Не е потребен фотошоп“, ѝ рече еден следбеник, додека други коментираа и за можната употреба на филтри и уредување фотографии.

Неда Украден претходно објавуваше фотографии од одмори и во костими за капење на социјалните мрежи, а нејзиниот изглед често предизвикува голем број реакции од нејзините следбеници.

Неодамна го прослави својот 76-ти роденден

Пејачката го прослави својот 76-ти роденден на крајот на август. Родена е на 16 август 1950 година во Имотски, а во текот на својата децениска кариера сними бројни хитови и остана една од најпрепознатливите пејачки на регионалната музичка сцена. Повеќе од 400.000 луѓе ја следат на Инстаграм, со кои редовно споделува фотографии од настапи, патувања и приватен живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гаштаров сепак ќе игра за Македонија, Србите ја намалија еуфоријата

Откако периодов во фокусот на јавноста во Србија е Матеј Гаштаров со првотимскиот статус во Црвена Звезда, автоматски започна со приказната и за потенцијален негов „репрезентативен“ трансфер од Македонија во Србија.

Гаштаров сепак ќе игра за Македонија, Србите ја намалија еуфоријата

Како што е добро познато, Гаштаров е младински репрезентативец на Македонија со официјален повик за А репрезентацијата од денеска со официјализирање на списокот на селекторот Гоце Седлоски за претстојните мечеви во Лигата на Нациите.

Сепак, откако Гаштаров стана првотимец на Звезда, го доби пасошот на Србија, но со причина. За да може да биде „џокер“ У21 играч за тимот. Само, и исклучиво поради тоа и стартуваа шпекулациите за негово преселување во дресот на Србија. Еден од водечките луѓе во Фудбалскиот сојуз на Србија, Ранко Стојиќ пред десетина дена во едно интервју јавно кажа дека ќе се обидат да го преусмерат Гаштаров, но на сите тие шпекулации денеска им дојде крајот.

Селекторот Седлоски и официјално го повика Гаштаров, и објасни дека во личниот разговор со играчот на Црвена Звезда јасно е ставено до знаење за кого Гаштаров планира да игра.

Медиумите во Србија неволно ја пренесоа попладнево таа информација, очигледно сметајќи го ова за некаков си неуспех. Со кој што ќе мора да се помират очигледно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бурни реакции во Косово, Албанија и Македонија по изречените пресуди во Хаг

Реакциите од пред судот во Хаг, се прелеаја и во Приштина каде исто така се регистрирани инциденти.. 

Бурни реакции во Косово, Албанија и Македонија по изречените пресуди во Хаг

Солзи, свирежи, жестоки скандирања против Хаг и пцовки на „сметка“ на Србија – градскиот плоштад во Приштина одекна од незадоволството од неколкуте стотици насобрани кои дојдоа заеднички да ги слушнат пресудите на ХАГ за четворицата лидери на УЧК кои добија вкупно 81 година затвор.

Според насобраните, ваквата пресуда е неправедна, наведувајќи дека борбата против Србија била ослободителна. Откако ги слушнаа пресудите се упатија по градските улици, а скандирањата продолжија пред просториите на цивилната мисија во Косово – ЕУЛЕКС, каде дојде до ескалација.

Неприфатлива неправда, голема и штетна казна – вака ја оцени пресудата на хашкиот суд за четворицата косовскиот премиер Албин Курти. Според него, ваквата пресуда треба да се промени во натамошниот процес, за кој најави дека и натаму владата на Косово ќе издвојува средства.

„Осудителните заклучоци се однесуваат на конкретни обвиненија за воени злосторства, вклучително и тортура врз лица кои биле сметани за соработници на српскиот режим. Ова се неправедни наоди, но тие не се конечни и ќе бидат предмет на разгледување во жалбената постапка. Оваа пресуда мора да биде изменета и исправена во жалбената постапка, и тоа што е можно поскоро“

Албанскиот премиер, Еди Рама со фотографија на социјалните мрежи истата ја нарече срамна. Реакции стигнаа и од албанските политичари и партии во земјава. Собранискиот спикер – Африм Гаши, напиша дека четворицата осудени се дел од славната историја на Косово, а лидерот на ДУИ, Али Ахмети изрази разочарување од исходот. Реагираше и политичката партија ВРЕДИ, според кои, изречените казни се високи и неприфатливи.

„Изречените казни се високи и неприфатливи. Денешната пресуда не ја доведе во прашање легитимноста на ОВК. Војната на ОВК беше праведна борба за слобода, водена во услови на репресија и злосторства на режимот на Милошевиќ. Оваа историска вистина не може да ја промени ниту една пресуда.“

„Денешната одлука против Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Кадри Весели и Реџеп Селими ја сметам за неправедна и длабоко разочарувачка. Во овие тешки моменти повикувам на зрелост и единство. Не смееме да паднеме во замката на оние кои се обидуваат да создадат тензии, поделби или да фрлат дамка врз ослободителната војна на народот на Косово. “

Од косовската полиција пак порачаа дека се максимално подготвени да се справат со реакциите на улиците кои ги предизвика пресудата. Оперативен план, уверуваат, е спроведен на целата територија на Косово, а не само во Приштина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер