Крис Хемсворт пробал четири дена да пости, но не успеал: Лошо се чувствувам (ВИДЕО) - Канал 5

Крис Хемсворт пробал четири дена да пости, но не успеал: Лошо се чувствувам (ВИДЕО)

Крис Хемсворт изгради неверојатна мускулна маса во 2021 година.

Крис Хемсворт пробал четири дена да пости, но не успеал: Лошо се чувствувам (ВИДЕО)

Додека се подготвувал за снимањето на филмот Thor: Love and Thunder, актерот поминал интензивни и исцрпувачки тренинзи, но во новиот проект поминува низ уште потешки физички предизвици.

Во документарната серија „Limitless With Chris Hemsworth“, Австралиецот патува низ светот истражувајќи различни работи кои наводно резултираат со поздрав и подолг живот. За управувањето со екстремниот стрес дознава со качување на кран кој се искачува до 275 метри во воздух, а експериментира и со навиките во исхраната.

Така, тој тргнал на четиридневен пост под водство на др. Питер Атио. Постот имал поголема физичка штета отколку што очекувал и третиот ден се пожалил дека се чувствува многу лошо.

"Се чувствувам прилично лошо кога се обидувам да одам по скалите. Чувствувам дека ми е тешко да земам здив. Се губам", признава тој во клипот кој го најавува објавувањето на серијата.

YouTube video

Хемсворт оди во теретана надевајќи се дека тоа ќе му помогне да ја врати присебноста, но ниту тоа не му го подобрува расположението.

„Мислам дека тоа воопшто не е пријатно искуство за Крис. Но, голем дел од постот е разбирањето зошто го правиш тоа. И тоа е клучот за да можеш да го толерираш - мора да се фокусираш на мотивацијата“, објаснува др. Атиа додава дека мотивацијата на Хемсворт за завршување на предизвиците за долговечност е неговото семејство.

Серијата започнува да се емитува на Дизни + на 16 ноември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем хакерски напад: Украдени податоци на речиси девет милиони луѓе

Данска претрпе масовен хакерски напад, еве кој е погоден.

Голем хакерски напад: Украдени податоци на речиси девет милиони луѓе

Хакиран е централниот регистар што ја содржи листата на поединци и нивните адреси во Данска, со што е овозможен пристап до податоците на 8,8 милиони луѓе, соопшти данското Министерство за дигитализација.

„Националната агенција за регистрација (CPR) утврди дека неовластени лица стекнале нелегален пристап до имињата, адресите и CPR-броевите (еквивалент на број за социјално осигурување) на приближно 8,8 милиони регистрирани поединци (живи, починати, оние што емигрирале итн.)“, се наведува во соопштението.

Аномалии во септември

Во тек е истрага, но сторителите сè уште не се идентификувани во оваа фаза, наведе истиот извор. Пристапот до податоците бил остварен преку легитимен канал за пристап на една данска компанија. Овој пристап оттогаш е укинат. Агенцијата во петокот била известена за „аномалија“ во CPR-системот што се случила „во текот на септември“.

„Ова е исклучително сериозен инцидент“, изјави министерката Кристина Егелунд, според соопштението за јавноста. „Заедно со сите релевантни тела, во процес сме на утврдување на целосниот обем на инцидентот“, додаде таа. По пробивот на податоците, агенцијата соопшти дека презела мерки за спречување слични инциденти.

Националниот регистар содржи податоци за 11 милиони луѓе. Покрај поединците што моментално живеат и престојуваат во Данска, тој содржи информации за починати лица и за лица што ја напуштиле земјата. Поединците со заштитени адреси и имиња не се погодени од протекувањето на податоците, се додава во соопштението.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Обвинителството побара доживот затвор за Бојковски, пресудата во петок

Во Основниот суд во Куманово попладнево се одржаа завршни зборови во судскиот процес против Трајко Бојковски од Старо Нагоричане, кој е обвинет за четири убиства и два обиди за убиство.. 

Обвинителството побара доживот затвор за Бојковски, пресудата во петок

Обвинителството побара доживотен затвор за обвинетиот серискиот убиец Трајко Бојковски од кумановско Старо Нагоричане, на денешното судско рочиште на завршните зборови. Судската пресуда се очекува во петок. Јавниот обвинител Љубомир Лапе побара во завршните зборови, обвинетиот жртвите ги бирал по пол, се прикрадувал и напаѓал со цел задоволување на некрофилски страсти. На товар му се ставаат убиствата на Станче Каровска, Јанка Антевска, Марија Маринковска и Мира Станковска. Тој се осврна на негирањето на Бојковски дека го извршил убиството на сега покојната Станче Каревска од село Клечовце.

Одбраната на Бојковски побара судот при изрекување на кривичната санкција да ги има предвид олеснителните околности, како и ветувањето дека во иднина нема да направи ново кривично дело, како и дека се работи за млада личност. Трајко Бојковски е обвинет за четири убиства и два обиди за убиство. Тој со веќе убиените жени ги задоволувал своите сексуални страсти.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Осомничените за криминал во Државна лотарија се од време на СДС и ДУИ, или Таче и Груби

Кога во јавноста има вести од типот како службени лица купуваат со пари од државата и државни компании работи за лична употреба како брендирани чанти Хермес, Луј Витон, Диор сметаме дека треба јавноста да ги знае сите детали. 

ВМРО-ДПМНЕ: Осомничените за криминал во Државна лотарија се од време на СДС и ДУИ, или Таче и Груби

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје има поднесено кривична пријава против две службени лица вработени во АД Државна лотарија поради постоење на сомнение за сторени кривични дела Проневера во службата и Фалсификување или уништување деловни книги, двете дела предвидени во казнениот законик.

Лицата кои наместо дневниот промет од продажните места на АД Државна лотарија да го депонираат на трансакциските сметки на друштвото во банките, го присвојувале за себе.

Јавноста треба да знае дека овие лица се во Државна лотарија од времето на Димитар Ковачевски - Таче, кога Артан Груби беше вицепремиер, а Перпарим Бајрами беше генерален директор на Државна лотарија, сега првообвинет во судскиот случај поврзан со финансиски злоупотреби и проневера во државната компанија.

Во тек е судење за Груби и Бајрами и затоа сакаме само да информираме од кога се овие лица во Државна лотарија кои се сега осомничени за извршени казнени дела во Државна лотарија, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер