Крис Гарднер: Од бездомник до милионер! - Канал 5

Крис Гарднер: Од бездомник до милионер!

Ова е човекот чија животна приказна е преточена во филмот „Потрага по среќата“ (The Pursuit of Happyness) со Вил Смит во главна улога. Се сеќавате на филмот? Се е вистина!

Крис Гарднер: Од бездомник до милионер!
Кристофер Гарднер е роден на 9 февруари 1954 година. Денеска има 62 години и 60 милиони долари на сметка, но за тоа морал да се избори. И неговата борба денеска претставува инспирација за многумина во светот да речат - никогаш нема да се откажам, како што направил Гарднер, и успеал!

Гарднер имал тешко детство, растел без татко со очув алкохоличар, но мајка му го воспитувала е дека може да постигне се што сака во животот. Дека со верба и вредна работа може да успее.

- Мајка ми еднаш ми рече - сине, еден ден ќе заработиш милион долари. Пред тоа да го рече, такво нешто не ми паѓаше на памет- вели Крис.

По завршувањето на средното училиште се придружил на морнарицата. По враќањето во Сан Франциско, во 1974 година, добил работа во продажба на медицинска опрема, од што ги издржувал сопругата и семејството. Но одвај врзувале крај со крај. Еден ден, видел човек кој влегува во своето ферари - го прашал што работи а тој му рекол дека е брокер на берзата. Крис помислил дека тоа би можело да биде добра работа за него.

Но животот имал поинаков план за него. Барем во овој период. Тешкиот пресврт во животот не му ја намалил вербата во својата одлука.

Крис поминал кусо време во затвор поради неплаќање казни за паркинг, а сопругата го напуштила и него и детето.

Почнал да се обучува за брокер во „Dean Witter Reynolds“, што му одземало многу време, но не се откажал од синот.

- Кога бев мал донесов одлука дека кога ќе имам деца, тие ќе знаат кој им е татко и дека тој никогаш нема да ги напушти! - вели Крис.

Но ударите од животот не завршиле тука - Крис и неговиот син останале без дом, па морале да живеат по метро - станиците во Сан Франциско.

Подоцна успеал да најде засолниште во простории на Методистичката црква. Барем имало кревет во кој ќе спие детето!

И покрај се, тој не се откажал ниту од синот ниту од работата.

Во 1981 година, успешно го положил испитот за лиценца. работел дење - ноќе да обезбеди дом за себе и за детето, и тоа толку успешно што во 1987 година отворил сопствен бизнис - инвестициона компанија „Гарднер Рич“. Таа компанија станала подеднакво успешна во Чикаго и во Њујорк.

Image result for chris gardner


Се разбира, откако се збогатил се оддолжил на црквата која во најтешките денови му дала засолниште. Вложил милиони во зголемувањето на бројот на објекти за згрижување на бездомните во Сан Франциско, под закрила на црквата. За истата цел, финасиски помага невладини организации во Чикаго - за тренинг и вработување на луѓето кои немаат работа. Во 2002 година поради поддршката што ја давал на самохраните татковци во САД е прогласен за „татко на годината“....

Во 2006 Тој напишал книга за својот живот „The Pursuit of Happyness“, која станала бестселер, и снимен е филм по неговата животна приказна.



Шест години по снимањето на филмот, животот имал уште еден удар за Крис Гарднер. Во 2012 неговата сопруга починала од рак на 55 годишна возраст.

- Во еден од последните наши разговори сопругата ми рече - сега кога гледаш колку е животот краток, што ќе правиш во годините што преостанаа? - вели Крис и објаснува дека одлучил да престане да се занимава со инвестиционо банкарство и да почне со мотивациски говори и пишување.

Сега 200 дена во годината патува низ голем број на држави каде одржува мотивациски говори - сите да ја дознаат неговата приказна лично од него, за да не потклекнат под ударите на животот.



Image result for chris gardner


Не е точно дека луѓето се производ на опкружувањето во кое растеле. Ако е така јас требаше да бидам алкохоличар и да ја тепам жената и детето, да бидам потполн губитник. јас го избрав и прегрнав светлото кое ми го дадоа мајка ми и други луѓе со кои немам капка иста крв - вели Крис Гарднер.


Ова се неговите 10 правила за успехот:



YouTube video


/извор: myhero.com/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во МААЕ се загрижени поради иранскиот објект за збогатување ураниум во Исфахан

МААЕ не ја знае точната локација или статус на иранскиот објект за збогатување ураниум во Исфахан, ниту дали содржи нуклеарен материјал. 

Во МААЕ се загрижени поради иранскиот објект за збогатување ураниум во Исфахан

Иран го прогласи објектот минатата година, но сè уште не им дозволил пристап на инспекторите, според извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија што го виде Ројтерс.

Недостатокот на информации и неможноста за проверка на нуклеарниот материјал се сериозна загриженост во врска со нуклеарната пролиферација, се вели во извештајот.

Иран не им дозволил на инспекторите да се вратат во нуклеарните објекти што Израел и САД ги бомбардираа во јуни минатата година, објави Ројтерс.

Меѓу целите беше мрежа од тунели во Исфахан, за која дипломатите веруваат дека го содржи Иранскиот објект за збогатување гориво (IFEP).

Директорот на МААЕ, Рафаел Гроси, претходно изјави дека значителна количина од високо збогатениот ураниум на Иран веројатно се наоѓа во комплексот на тунели во Исфахан.

Агенцијата повторно го повика Иран да обезбеди податоци за своите нуклеарни објекти и залихи на високо збогатен ураниум, како и да им дозволи на инспекторите да се вратат на бомбардираните локации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ФБИ заплениле криптовалути, вредни 1,2 милијарди долари- биле украдени од платформата Бајненс

Федералното истражно биро на САД (ФБИ) соопшти дека запленило повеќе од 1,2 милијарди долари во криптовалути, кои се пријавени како украдени минатиот месец од Binance, најголемата светска берза за криптовалути.

ФБИ заплениле криптовалути, вредни 1,2 милијарди долари- биле украдени од платформата Бајненс

Кражбата од околу 6,3 милијарди долари од Бајненс се смета за најголема кражба во историјата на криптовалутите, а ФБИ претходно ја обвини севернокорејската хакерска група позната како TraderTraitor за тоа.

Владата на САД и приватниот сектор досега колективно замрзнаа повеќе од 2,7 милијарди долари украдени средства, а Министерството за правда на САД во четврток соопшти дека сега добило судско одобрение да заплени или блокира повеќе од 1,2 милијарди долари од таа сума.

Во такви случаи, владата на САД обично поднесува барање до судија за запленување на средствата, по што судијата утврдува кој има легитимно право да ги поврати повратените средства.

ФБИ, исто така, ја обвини Северна Кореја за посебна измама со шверц на луѓе, за која официјалните лица велат дека довела до кражба на 400 милиони долари во криптовалути во текот на изминатите 18 месеци. Измамата, позната како FaceStealer, вклучува сложена низа активности што вклучуваат преземање контрола врз популарните апликации за пораки и снимање deepfake видеа.

Американските претставници постојано ја обвинуваат Северна Кореја дека користи сајбер измами за собирање средства за режимот, вклучително и за нејзината програма за нелегално оружје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мерцедес ги стопира вложувањата во Германија- можно е затворање на фабрики

Mercedes-Benz ги суспендира сите понатамошни инвестиции во своите германски фабрики и ја разгледува можноста за затворање на фабрики.

Мерцедес ги стопира вложувањата во Германија- можно е затворање на фабрики

Одлуката е донесена по неколкумесечни преговори меѓу менаџментот и претставниците на работниците за намалување на трошоците, во кои досега нема напредок, пишува Handelsblatt.

Тоа е нов знак за проблемите што ја оптоваруваат германската автомобилска индустрија. Високите трошоци за труд и производство им отежнуваат на производителите да се натпреваруваат со поевтините електрични и хибридни автомобили од Кина. Притисокот се чувствува и во Volkswagen, кој исто така спроведува големи намалувања на трошоците.

Менаџментот го зголемува притисокот врз работниците

Одлуката на Meрцедес беше објавена во интервју на интерниот портал на компанијата, до кој Handelsblatt имаше пристап.

„Колективно одлучивме во менаџментот да ги запреме сите понатамошни инвестиции во германските фабрики“, рече членот на менаџментот задолжен за производство Михаел Шибе.

Членот на одборот задолжен за човечки ресурси, Брита Зегер, рече дека, и покрај интензивните дискусии, решение сè уште не е на повидок.

„Затоа, сега сме принудени конкретно и детално да разгледаме кои локации во Германија сè уште можеме да си ги дозволиме“, изјави таа.

Тие бараат подолга работа за иста плата

Во срцето на спорот се трошоците за работна сила. Менаџментот бара зголемување на продуктивноста, односно вработените да работат подолго за иста плата. Со запирање на инвестициите и отворање на можноста за затворање на фабриките, менаџментот врши дополнителен притисок врз работничкиот совет и синдикатот IG Metall да се согласат на промените.

Според информациите од Handelsblatt, Mercedes сака да заштеди околу 800 милиони евра годишно во Германија. Менаџментот бара најмалку 38 работни часа неделно наместо сегашните 35, а исто така размислува за намалување или откажување на одредени дополнителни плаќања на вработените. Синдикатот се спротивставува на наметнувањето на 35-часовната работна недела.

Затворањето на објектот во моментов е можност

Конечната одлука за затворање на одредени фабрики сè уште не е донесена. Зегер рече дека компанијата сака да избегне таков исход, но дека сега мора подетално да ја разгледа оваа можност. Додека не се најде решение, понатамошните инвестиции во германски локации остануваат во мирување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер