Крис Еванс е избран за најпосакуваниот маж на планетата за 2022 година?! - Канал 5

Крис Еванс е избран за најпосакуваниот маж на планетата за 2022 година?!

Пред две години пред цел свет го покажа својот пенис, а сега ја доби оваа престижна награда (фото)!

Крис Еванс е избран за најпосакуваниот маж на планетата за 2022 година?!

Актерот Крис Еванс (41), најпознат по улогата во „Капетан Америка“ на славниот Марвел, ја освои титулата најсекси маж на светот за 2022 година според оценката на магазинот „Пипл“. Тој беше прогласен за победник во шоуто „The Late Show“, а публиката почна гласно да свирка и аплаудира при спомнување на неговото име. Крис беше пресреќен што конечно ја освои оваа ласкава титула, и посебно ѝ се заблагодари на својата мајка.

- Мама ќе биде многу среќна. Таа е горда на сè што правам, но ова е нешто со што навистина може да се пофали - воодушевено одговори Еванс.

Магазинот „Пипл“ и претходно сакаше да го награди Крис со ова ласкаво признание, но мораа да почекаат најмалку една година по скандалот што се случи пред 2 години. Имено, тогаш популарниот актер, наводно случајно, пред целиот свет, преку својот Инстаграм објави слика од својот полов орган. Во 2020 година, Крис изјави дека сето тоа се случило случајно и дека само се обидувал да објави „приказна“ на популарната социјална мрежа.

Често се случува познатите личности „по грешка“ да објават фотографии што не се наменети за јавноста, па така помина и Еванс. Ширум светот, пред 2 години, одекнуваа вакви наслови:

- Капетанот Америка го покажа својот „капетан“! -

Еванс на Инстаграм објавувал „скриншот“ од својот телефон, па се нашла и спорната фотографија која сигурно не сакал да ја сподели со остатокот од светот. Иако многу бргу успеа да ја избрише експлицитната фотографија, веќе беше предоцна, неговиот пенис го „преплави“ Твитер и другите социјални мрежи, па фотографијата за кратко време стана вирална. Велат, ако нешто еднаш заврши на Интернет, враќање назад нема, но ниту тој инцидент не го спречи Крис да ја освои титулата за најсексапилен маж на планетата.

Обожавателите го спасија својот омилен актер, па набргу наместо контроверзната фотографија, Твитер беше преплавен со фотографии од Крис со кучето, додека во опусот можеше да се најде ваква изјава:

- Знаеме што дојдовте да видите, но се потрудивме да ги избришеме таквите фотографии. Нема што да барате овде! Кога и да го внесете тој збор покрај Еванс, ќе се појават негови слики со кучето - напишаа обожавателите на Капетан Америка.

Минатогодишниот избор за најсекси маж изненади многумина, па дури и избраниот актер. Актерот Пол Рад (52) ја освои оваа ласкава титула за 2021 година. Тој е ѕвезда на франшизата на Марвел „Ant-Man“ и миленик на социјалните мрежи, но според своето сопственото мислење тој е далеку од секс симбол. Тој призна дека воопшто не се чувствува така и дека неговата сопруга, телевизиската продуцентка Џули Џегер, била „шокирана“ кога слушнала за неговата нова титула.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Екс претседателот на Сирија, Башар ал-Асад осуден на смрт!

Пресудата ја донесе сирискиот суд во Дамаск, а на Асад и неговиот брат им беше судено во отсуство, бидејќи по падот на режимот се наоѓаат во Русија.

Екс претседателот на Сирија, Башар ал-Асад осуден на смрт!

Пресудата ја донесе сирискиот суд во Дамаск, а на Асад и неговиот брат им беше судено во отсуство, бидејќи по падот на режимот се наоѓаат во Русија. Нивната власт беше соборена во декември 2024 година, кога силите против режимот го зазедоа Дамаск, по што браќата побегнаа во Москва.

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад е осуден во отсуство на смртна казна поради злосторства против човештвото и воени злосторства, објави во вторник Associated Press. На истата казна е осуден и неговиот помлад брат Махер ал-Асад, како и нивниот братучед Атеф Наџиб.

Пресудата ја донесе сирискиот суд во Дамаск, а на Асад и неговиот брат им се судеше во отсуство бидејќи по падот на режимот се наоѓаат во Русија. Нивната власт беше соборена во декември 2024 година, кога силите против режимот го зазедоа Дамаск, по што браќата побегнаа во Москва.

Наџиб, поранешен бригаден генерал и некогашен шеф на политичката безбедност во провинцијата Дара, бил присутен при изрекувањето на пресудата. Токму тој бил еден од клучните луѓе во насилното задушување на протестите во Дара во 2011 година – настани кои го означиле почетокот на бунтот против режимот на Асад и подоцнежната граѓанска војна.

Сирискиот конфликт траеше 14 години и, според проценките, однесе околу 500.000 животи. Режимот на Асад за време на војната се соочувал со бројни обвиненија за воени злосторства и злосторства против човештвото, вклучително и тортура, присилни исчезнувања и напади врз цивили.

Пресудата претставува еден од досега најзначајните обиди на новите сириски власти правно да ги гонат највисоко рангираните припадници на поранешниот режим. Наџиб е меѓу највисоките функционери на Асадовиот режим кои се појавиле пред судот по падот на власта.

Асад, сепак, останува надвор од дофатот на сириското правосудство. По неговото соборување во декември 2024 година, тој добил азил во Русија, каде што, според достапните информации, и натаму се наоѓа.

Фото: Википедија

Извор: Вечерњи лист

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Нејзините раскошни облини и денес предизвикуваат воздишки

Таа беше и останува можеби најважниот топ-модел на 90-тите, нејзините раскошни облини и денес предизвикуваат воздишки

Фото: Нејзините раскошни облини и денес предизвикуваат воздишки

Хајди Клум уште еднаш докажа дека е мајка што изгледа супер привлечно и провокативно – особено кога носи бикини.

Со најновите фотографии, таа повторно ги „запали“ социјалните мрежи.

Позната по своите атрактивни изданија што измамуваат воздишки и погледи, манекенката Хајди Клум уште еднаш ги воодушеви своите верни обожаватели ширум светот. Таа неодамна позираше за најновата колекција костими за капење на брендот „Calzedonia“ и притоа покажа навистина многу.

Славната Хајди не се срамеше да ги покаже своите прекрасни облини на 54-годишна возраст и со тој потег предизвика восхит кај многумина. Како што може да се види, таа позираше во различни модели и дезени на бикини, но најголемо внимание привлече оној со животински дезен.

Инаку, овој модел на бикини е најголемиот летен хит и оваа година, а Хајди покажа како да се носи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Започнува јавната анкета за Нацрт ДУП-от „Барутана“, граѓаните директно вклучени во одлучувањетo

Општина Центар започнува јавна анкета по Нацрт Деталниот урбанистички план за Градска четврт Ј 05 – Барутана, продолжувајќи ја практиката на транспарентно урбанистичко планирање и активно учество на граѓаните во процесите на донесување одлуки.

Герасимовски: Започнува јавната анкета за Нацрт ДУП-от „Барутана“, граѓаните директно вклучени во одлучувањетo

Градоначалникот Горан Герасимовски ги повика жителите активно да се вклучат и да достават свои предлози, мислења и забелешки.

„Ниту една одлука не е само моја, ниту само на Општината или Советот. Одлуките треба да ги носиме заедно со граѓаните. Затоа ги повикувам сите жители да се вклучат во јавната анкета, бидејќи секое мислење е важно и секој предлог заслужува внимание. Само преку отворен дијалог можеме да носиме одлуки што ќе бидат во интерес на граѓаните“, порача Герасимовски.

Јавната анкета ќе се спроведува во периодот од 13 август до 14 септември 2026 година.

Граѓаните ќе можат да пополнат анкетни листови во писмена форма, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот, во просториите на ООУ „Кочо Рацин“ (ул. „Салвадор Аљенде“ бр. 2), каде што нацрт-планот ќе биде изложен во хартиена форма.

Анкетните листови ќе бидат достапни и во електронска форма преку веб-страницата на Општина Центар www.centar.gov.mk, како и преку информацискиот систем е-урбанизам www.e-urbanizam.mk.

Дополнително, јавната презентација на Нацрт ДУП-от ќе се одржи на 3 септември 2026 година, со почеток во 12.00 часот, во просториите на Општина Центар (ул. „Михаил Цоков“ бр. 1), во сала за состаноци, барака 6.

Нацрт-Деталниот урбанистички план се однесува на Градска четврт Ј 05 – Барутана, за планскиот период 2025–2030 година.

Планскиот опфат е дефиниран на север, исток и запад по оска на новопланираната собирна улица „Јужна обиколница“, а на југ по границата на Генералниот урбанистички план на Град Скопје. Вкупната површина на планскиот опфат изнесува 6,89 хектари..

За дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на телефоните 02/3203-605 и 02/3203-660, или на е-пошта [email protected].

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер