Криминалното однесување ќе се санкционира, па и да се најблиските околку мене, порача премиерот - Канал 5

Криминалното однесување ќе се санкционира, па и да се најблиските околку мене, порача премиерот

Обвинителство вчера отвори истражна постапка против самостоен инспектор, припадник на Единицата за лично обезбедување на премиерот Христијан Мицкоски, осомничен дека од користољубие сторил кривично дело „оддавање службена тајна“.

Криминалното однесување ќе се санкционира, па и да се најблиските околку мене, порача премиерот

Криминалното однесување ќе се санкционира, па дури и да се најблиските околу мене, порача денеска претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, кој денеска во Штип одговораше на новинарско прашање за приведувањето на Ангел Сарамаков кој беше негов телехранител, против кого Обвинителството отвори истражна постапка, поради сомнение дека од користољубие сторил кривично дело „оддавање службена тајна“.

-Морате да признаете дека тоа никогаш не било случај во минатото се сеќаваме за многу такви јунаци, коишто беа во близина на претседателите на Влада, коишто палеа и жареа низ Македонија и беа страв и трепет. Јавна тајна беше дека тие се оние коишто во сенка ги вршеа нечистите работи за тогашните претседатели на Влада, не треба да ги споменувам имињата, јавноста ги знае. Јас само како човек сакам да испратам порака до граѓаните дека кој и да е јас во една прилика кажав и брат и сестра да ми е, и Свети ВМРО да е, доколку ја изневери довербата на граѓаните, ја наштети честа и на ВМРО-ДПМНЕ на политичката партија од којашто доаѓам јас, а пред се на Владата и државата ќе биде најжестоко и најостро санкциониран, кој и да е, изјави Мицкоски.

Обвинителство вчера отвори истражна постапка против самостоен инспектор, припадник на Единицата за лично обезбедување на премиерот Христијан Мицкоски, осомничен дека од користољубие сторил кривично дело „оддавање службена тајна“. Тој се сомничи дека сторил достапни службени документи што претставуваат службена тајна, со цел да прибави паричен износ од 50.000 евра од лицето за кое се однесувале документите.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција - ОЈО ГОКК, укажува дека ниту лицата, ниту документите во овој предмет, не се поврзани со лицата и групата од Грчец, како што во текот на вчерашниот и денешниот ден објавија дел од медиумите.

Од ЈОРМ, информираа дека јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција при ОЈО ГОКК донело наредба за спроведување на истражна постапка против самостоен инспектор припадник на Единицата за лично обезбедување на претседателот на Владата, осомничен дека од користољубие сторил кривично дело „оддавање службена тајна“, за кое по член 360 од КЗ е предвидена затворска казна од најмалку една година.

-Осомничениот како службено лице, вечерта на 30.3.2025 година на паркинг просторот пред хотел во Велес се сретнал со неповикано лице – сведок во постапката и му покажал службени документи на МВР, што претставуваат службена тајна. Притоа му дозволил на сведокот истите да ги снима, кажувајќи му кој документ за што се однесува. На овој начин, осомничениот од користољубие, а со цел да бидат објавени на социјалните мрежи, сторил достапни службени документи што претставуваат службена тајна, со цел да прибави паричен износ од 50.000 евра од лицето за кое се однесувале документите, информираа од ЈОРМ.

Ценејќи ги околностите јавниот обвинител утврди дека се исполнети условите, па на судијата на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје му предложи на осомничениот да му определи мерка притвор во траење од 30 дена, кој предлог, како што информираат, бил прифатен од судот.

МВР завчера соопшти дека на 30 март по претходно добиени сознанија за сторено кривично дело „оддавање службена тајна“ по член 360 од Кривичниот законик, од страна на полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во координација со ОЈО ГОКК спроведена е координирана полициска акција и реализирани се истражни дејствија за претрес на дом, возила и лица на подрачјето на СВР Велес.

- При спроведувањето на полициската акција и преземените мерки и активности, на паркинг просторот пред хотел во Велес, во возило “бмв” затекнати се А.С., полициски службеник во Одделот за заштита на определени личности и објекти и Б.К., а при извршен претрес во возилото пронајден е ранец со службени материјали од МВР и од лицата се одземени мобилни телефони, по што се лишени од слобода, наведоа од МВР.

Сарамаков се наоѓа во притвор во КПУ Затвор Скопје, потврди за МИА вчера директорот на установата, Бобан Утковски, откако Кривичен му одредил 30 дневен притвор.

По апсењето, од Владата нагласија дека истрагата треба да утврди што се случило и потенцираа дека безбедноста на премиерот не е загрозена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трансродна полицајка силувала малолетна ќерка на својата пријателка- во телефонот ѝ пронашле ужасна снимка со куче (ВИДЕО)

Во затворскиот систем обвинетиот се третира како маж, додека на суд се изјаснува и се јавува како жена. 

Трансродна полицајка силувала малолетна ќерка на својата пријателка- во телефонот ѝ пронашле ужасна снимка со куче (ВИДЕО)

Без разлика, обвинувањата против неа се многу сериозни, а обвинетата ги признала, пишува порталот t-online.de.

Пред провинцискиот суд во Траунштајн, поранешната полицајка призна дека силувала 15-годишно девојче. Признанието е дадено во вторник, на почетокот на судењето, зад затворени врати, соопшти портпаролот на судот.

Пред тоа обвинителството и одбраната постигнаа договор. Под услов обвинетата целосно да ја признае вината, се соочува со затворска казна од најмногу три и пол години. Целта на договорот е, меѓу другото, да се поштеди малолетната жртва од сведочење на суд.

Случајот привлече дополнително внимание бидејќи 55-годишната обвинета се појавува во судот како жена и во обвинението е наведена од женски пол, додека е во притвор во машкиот оддел во затворот во Минхен.

Таа била член на елитната полициска единица

Според германските медиуми, 55-годишната жена долго време живеела како маж и како таква била припадничка на елитната единица ГСГ 9. Подоцна почнала да живее како жена, користела женски идентитет и почнала со хормонска терапија. Двајца психолошки експерти наводно потврдиле дека таа се идентификува како жена.

Првите проблеми со законот станаа познати во 2024 година. При претресот кај неа беа пронајдени материјали со сексуална содржина во која се вклучени деца и животни. После тоа била суспендирана од полициската служба и парична казна.

Само неколку недели по пресудата, во јули 2025 година, се случи случајот за кој сега ѝ се суди. Жртвата е ќерка на нејзина пријателка.

Пронајдени се стотици спорни датотеки

Таа беше обвинета и за поседување на неколку стотици досиеја со сексуална содржина во која се вклучени деца. Според обвинението, меѓу жртвите имало и многу мали деца.

Покрај тоа, таа се товари и за телесни повреди, дистрибуција на порнографски содржини и производство на порнографски материјали во кои се вклучени животни. Инспекторите наведуваат и дека таа снимила видеа на кои се појавува со повеќе сексуални партнери и куче.

Според германскиот портал Chiemgau24, во моментот на злосторството, обвинетата се уште имала машки полови карактеристики. Судот во Траунштајн не сакаше да објави детали за нејзиниот моментален статус во процесот на транзиција, наведувајќи ја приватноста и заштитата на личните податоци.

Адвокатот тврди дека ѝ е тешко во машкиот дел од затворот

Според нејзиниот адвокат, обвинетата тешко го поднесува фактот што е во притвор со мажи. Тој за Билд изјави дека, меѓу другото, била фрлена врз неа за време на нејзиниот престој на отворено и дека телесни прегледи вршеле мажи полицајци.

Судењето продолжува, а пресудата доколку се прифати постигнатиот договор би можела да биде изречена на 6 октомври.

Еден од условите за примена на договорениот казнен опсег, покрај признанието на поранешната полицајка, е и договор меѓу сторителот и жртвата. На малолетното девојче треба да и се обезбеди мотор и 5.000 евра, додека обвинетата треба целосно да ја плати казната изречена во јули 2025 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Снимка од апсење во трговски центар е хит- крадецот ползи низ таванот, полицијата го чека со душек (ВИДЕО)

Полициска операција во трговски центар во Ванкувер заврши со лоцирање и апсење на осомничениот сторител, а сè беше снимено со камера.

Снимка од апсење во трговски центар е хит- крадецот ползи низ таванот, полицијата го чека со душек (ВИДЕО)

Она што никој не го очекуваше беше дека мажот ќе се обиде да се скрие во таванската конструкција за да ги избегне чуварите, објавува Дејли Меил.

Полицијата ги евакуира клиентите

Габриел Хидео беше уапсен на 30 септември откако полицијата го пронајде како ползи низ таванската конструкција и крши гипс-картон во продавницата „Мејсис“.

„Нашиот центар беше контактиран околу 16 часот“, рече Ким Кап од локалната полициска станица.

Според неа, вработените пријавиле дека некој е во таванот на продавницата и дека неколку гипс-картонски плочи се скршени во близина на одделот за мебел за домот.

Видеото го прикажува моментот кога полицијата поставила скали на отворот на таванот, додека пожарникарите претходно поставиле душек за да го ублажат евентуалниот пад.

За безбедноста на клиентите, вториот кат од зградата бил евакуиран.

„Станал и се обидел да избега“

Според властите, Хидео ползел низ просторот над таванот повеќе од еден час додека полицајците го молеле да слезе долу. Сепак, тој упорно продолжил да се движи низ структурата, кршејќи нови панели и оштетувајќи осветлување и кабли.

Кога конечно се приближил до скалите, ситуацијата станала уште подраматична.

На видеото се гледа како Хидео се обидува да избегне апсење со тоа што се качува назад во таванскиот простор. Потоа полицајците ги отстраниле скалите, по што тој ја изгубил контролата и паднал на душек.

„Станал и се обиде да избега. Не заврши добро“, соопшти полицијата.

Неколку полицајци веднаш го турнале на подот. Хидео се спротивставил, но тие го совладале и му ставиле лисици. Потоа бил врзан за носилка и приведен.

Хидео бил однесен во затворот во округот Кларк на 1 октомври. Тој бил обвинет за оштетување на имот и кражба, а кауцијата му била одредена на 15.000 долари за секое обвинение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран мобилизира жени во војска- учат да користат калашников, РПГ и снајпер (ВИДЕО)

Иран обучува жени за оружје и борба за да се подготват за евентуална офанзива на САД.

Иран мобилизира жени во војска- учат да користат калашников, РПГ и снајпер (ВИДЕО)

Снимките и фотографиите објавени од иранските медиуми покажуваат жени, некои во униформа, како учат да ракуваат со автоматски пушки во центри за обука на отворено во Техеран, објавува британски „Телеграф“.

Организаторите велат дека курсевите опфаќаат урбана одбрана, запознавање со различни оружја, од „Калашникови“ до „Драгунов“ снајперски пушки, како и лансери RPG и преносни системи за воздушна одбрана. Програмата вклучува и обука за спасување, гаснење пожар и ориентација, специјално прилагодена за жени.

Акцијата е дел од движењето „Џан-фада“, што на персиски значи „оние кои ги жртвуваат своите животи“, масовна мобилизација започната оваа година откако САД и Израел почнаа да го бомбардираат Иран.

Портпаролот на кампањата, Сасан Зарех, рече дека воената обука започнала под покровителство на милицијата Басиџ, а повеќе од 500.000 луѓе се пријавиле за само 100 минути по отворањето на регистрацијата за батаљоните „национален отпор“. Со ова, рече тој, се пополниле првите 1.000 единици.

Властите потоа одобрија формирање на уште 1.000 единици. Зарех додаде дека се планирани и 10.000 единици за помош и спасување во соседството, во координација со Црвената полумесечина. Жените, рече тој, се меѓу најголемиот број волонтери.

Првиот центар за обука е отворен на плоштадот Имам Хосеин во Техеран, а најмалку 14 локации се планирани во главниот град, со дополнителни центри во покраинските градови. Обуката ја спроведуваат Басиџ, Иранската револуционерна гарда и редовната војска.

Зарех, исто така, тврдеше дека странци, вклучително и некои американски граѓани, понудиле да се борат заедно со Иранците. Во еден случај, рече тој, дури и 80-годишна жена се пријавила во центар во Техеран.

Иранските власти ја претставуваат кампањата како оживување на идејата за „армија од 20 милиони“, за која ајатолахот Рухолах Хомеини повика по ирачката инвазија на Иран во 1980 година. Жените одиграа значајна улога во обезбедувањето поддршка за време на осумгодишната војна.

Мобилизацијата доаѓа во време на нови предупредувања од иранските воени претставници.

Генералот Али Абдолахи, началник на Генералштабот на иранските вооружени сили, изјави дека доколку избувне нова војна против Иран, „неговиот оган ќе покрие сè и американските позиции ќе бидат цел без ограничување“, како што рече тој, беше случај за време на неодамнешните конфликти.

Генерал-мајор Амир Хатами, командант на иранската армија, изјави дека војната „не е завршена“ и дека Иран ќе одговори на секој нов напад со „разорен“ одговор. Тој инсистираше дека Иран излегол како победник од неодамнешниот конфликт.

Сепак, додека Техеран се подготвува за можен нов конфликт, иранската дипломатија се обидува да ги продолжи преговорите.

Министерот за надворешни работи, Абас Аракчи, им рече на странските дипломати во Техеран во неделата дека „нема воено решение за овој конфликт“.

Тој предупреди дека нов напад би предизвикал одговор „посилен од претходно“, но додаде дека само преговори „засновани на правда и фер игра“ би можеле да го завршат конфликтот.

Тој повтори дека Иран може целосно да го отвори Ормутскиот теснец во рок од седум дена ако бидат исполнети неговите услови и бидат укинати „непријателските мерки“.

Главниот преговарач на Иран, Мохамед Багер Галибаф, изјави дека Вашингтон неодамна испратил предлози преку посредници, но дека Иран нема да прифати еднострани барања.

Ормутскиот теснец, рече тој, ќе остане затворен додека не се исполнат седум ирански услови поврзани со договорот од Исламабад.

Во меѓувреме, иранскиот министер за нафта Мохсен Пакнеџд поднесе оставка во понеделник, без непосредно објаснување. Оставката доаѓа во време на зголемен економски притисок врз Техеран, бидејќи Вашингтон ги заострува санкциите и го ограничува извозот на иранска нафта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер