Кревет за гејмери со корисни додатоци , сон на секој играч (ФОТО)

Гејмерскиот креветот е производ на јапонската компанија Bauhutte.

Примарната функција е можност да се игра во лежечка положба, но креветот ја комбинира функцијата на стол и маса.

Од рано наутро играчите во креветот можат да уживаат во своите омилени игри или да заспијат без многу напор веднаш откако ќе заврши авантурата. Гејмерскиот кревет изгледа како и секој друг, но има голем број корисни додатоци.

Во основата е платформа која може да вклопи два монитори, неколку звучници и држачи за двојни чаши. На страната е држач за слушалки што може да се чуваат на левиот раб на креветот. Овој детал го спречува играчот да биде целосно мрзлив, бидејќи тие можат да се поместат само ако ја напуштат седечката позиција и легнат на креветот.

Зад перницата има подвижна полица и дизајнот совршено се вклопува во главниот дел од креветот. Може да се сместат пијалоци, грицки, џојстик, како и слушалки ако станувањето е премногу напорно. Креветот доаѓа со ќебе за игри, пишува PC gamer.

На десната страна има прилагодлив држач за мобилни телефони. Плеерот може да се постави така што паметниот уред е секогаш на дофат. На полицата има простор за еден часовник, но исто така и производи за хигиена како што се лосион и марамчиња. Возбудата на играта понекогаш може да трае со часови, но не треба да предизвика гејмерот целосно да се изгуби.

Креветот за гејмери може да биде многу корисен за играчи кои имаат проблеми со навигацијата. Создава искуство за целосен комфор додека играат, но дизајнерите сè уште не смислиле решение што би можело да го замени одењето во бањата.

Баухут исто така им нуди на клиентите производ наречен камп за игри. Тоа е шатор што се преклопува преку масата каде што се наоѓа мониторот и тастатурата. Малиот шатор прави целосен фокус и изолација од надворешниот свет.

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на страт

После скоро една година блокада од страна на собраниската комисија за финасирање и буџет, Собранието, денес ги донесе измените во предлог Законот за стоковите резерви.

Со законските измени се овозможува оризот да се опфати како производ од исклучително значење за населението во Република Северна Македонија и се создаваат услови за негово чување како стоковни резерви во вид на оризова арпа.

Ваквите измени во законот за стоковите резерви следуваат, на иницијатива од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како дел од Националниот план за производство на храна и Националната Стратегија за земјоделството и руралниот развој за периодот 2021-2027 година, каде е предвидена мерка „Помош за складирање на производи“.

Целта на мерката е стабилизирање на пазарите во услови на пројавени вишоци на пазарот, преку охрабрување на операторите, привремено да ги чуваат своите производи наместо да ги продаваат на пазарот.

Во таа насока МЗШВ, уште во 2022 година, до Владата, достави Информација за засеани површини и остварено производство со оризова арпа во 2021 година и анализа на сегашните состојби со оризопроизводството.

Преку оваа Информација, која Владата ја усвои, предложивме оризот да биде вграден, како значајна култура, во Законот за стокови резерви. Министерството за финасии, пак, беше задолжено да изготви предлог измени во Законот за стоковите резерви.

Предложените измени во Законот до Собранието се доставени уште на почетокот на 2023 година и од тогаш, до денес, од неразбирливи причини, беа блокирани од страна на претседателот на собраниската комисија за финасирање и буџет.

Оризот, нашето бело злато, е традиционална житна култура во нашата држава. Нашата поддршка, како министерство кон оризопроизводителите, сме ја докажале на дело. За 300% се зголемени субвенциите за оризопроизводителите, а поддршка обезбедуваме и во набавка на специјализирани комбајни за жнеење на ориз и сушари за ориз. Бележиме добра цена на оризовата арпа, која достигнува и до 40 денари по килограм. Извозот, пак на ориз во 2023 година достигна вредост од над 7 милиони евра девизен прилив.

Нашата поддршка кон оризопроизводителите продолжува. Останува нејасно зошто беше потребна оваа блокада на Законот, кога истиот можеше да се донесе многу порано, а оризопроизводителите оваа сезона, со поголем мотив да ги посеаат своите полиња, сопштуваат од МЗШВ.

Нејмар подготвува фудбалски „земјотрес“ – ќе ги остави арапските пари за враќање во Барса

Нејмар пред седум години ја напушти Барселона во трансфер кој и денес е рекордно висок, а според шпанските медиуми се чини дека би можел да се врати на „Камп Ноу“.

Имено, Барселона во 2017 година го продаде Бразилецот на ПСЖ за 222 милиони евра, а минатата година тој се пресели во Ал Хилал од Саудиска Арабија за 90 милиони евра, каде што игра за плата од 150-160 милиони евра по сезона. Тој моментално се опоравува од скинати предни вкрстени лигаменти на левото колено.

Тој одигра само пет натпревари за Ал Хилал, постигна еден и асистираше три гола, пред да заработи повреда во квалификациите за Светското првенство во Бразил во 2026 година на гостувањето кај Уругвај во октомври минатата година. Откако беше обелоденето дека нема да може да игра до крајот на сезоната, реагираше Ал Хилал кој го симна од списокот на пријавени играчи за да направи место за уште еден странец во нивниот ростер.

Шпанските медиуми сега пишуваат дека 32-годишниот бразилски напаѓач е во контакт со претседателот на Барселона, Жоан Лапорте и дека овие контакти резултирале со желба да се врати. Играјќи за Барса, Нејмар освои осум трофеи, од кои еден за најдобриот тим во Лигата на шампионите и два за најдобриот во шпанското првенство. Вкупно за Барселона одигра 186 натпревари со учинок од 105 гола и 76 асистенции.

Според Шпанците, пореално е да се очекува евентуалното враќање на Нејмар во Барса во летото 2025 година, кога му истекува договорот, отколку сега. Причината се финансиските проблеми во каталонскиот клуб, кој исто така сака да види колку Нејмар е физички подготвен за напори во Ла Лига и Лигата на шампионите. Исто така, останува да се види за која плата би бил подготвен да игра Нејмар во евентуалниот втор мандат во Барса.

ВМРО-ДПМНЕ на Извршен и Централен ги утврдува пратеничките листи

ВМРО-ДПМНЕ одржува седници на Извршниот и Централниот Комитет на кои треба да ги утврди целосните пратенички листи, откако претходно ги обелодени носителите во сите шест изборни единици.

Од пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ ја вклучуваме Михаела Димовска..

Михаела познати ли се веќе кандидатите за идни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ?

притисни ентер