Крешник Бектеши излезе од ПС Карпош, го носат на распит во Кочани (ВИДЕО) - Канал 5

Крешник Бектеши излезе од ПС Карпош, го носат на распит во Кочани (ВИДЕО)

Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши пред малку во полициско комбе излезе од полициската станица Карпош.

Крешник Бектеши излезе од ПС Карпош, го носат на распит во Кочани (ВИДЕО)

Бектеши , кој од вчера беше на распит во Карпош, сега, како што дознаваме ќе биде транспортиран во Кочани, на распит кај судија на претходна постапка.

Воедно во Кочани се наоѓа и тимот обвинители , кои вршат увид во причините и одговорните за настанот.

Крешник Бектеши е осомничен дека во неговиот мандат како министер за економија, ѝ била издадена лиценца на дискотеката „Пулс“ , иако немала никакви услови за тоа. Во неа загинаа 59 млади луѓе.

YouTube video

Хорор во Италија: Со автомобил се забил во толпа среде прослава – има мртви и повредени (ВИДЕО)

Едно лице загина, а најмалку едно е тешко повредено кога автомобил влета во толпа луѓе во италијанскиот град Ланчано.

Хорор во Италија: Со автомобил се забил во толпа среде прослава – има мртви и повредени (ВИДЕО)

Трагедијата се случила по пладнево, за време на прославата на Денот на ослободувањето на Италија, објави Тг24..

Според првичните информации, автомобил прегазил неколку пешаци, а најмалку едно лице загинало. Несреќата се случила по настан на Плоштадот на мирот, во близина на споменикот на хероите, кога автомобилот со голем абрзина влетал во толпа луѓе.

Речиси сите учесници на настанот се упатувале кон Плоштадот за да ги продолжат комеморациите, кога одеднаш автомобил, управуван од постар маж, влезе на улицата со голема брзина и ги прегази луѓето.

Најмалку две лица биле фрлени во воздух од силината на ударот, а едно од нив, 81-годишен поранешен карабинер, починал на самото место. Меѓу повредените е и 68-годишна жена која претрпела повреди на главата и 'рбетот. Возачот на автомобилот, исто така, бил повреден, при што се здобил со повреди на главата. Сите повредени се од Ланчано.

Карабинери, пожарникари, брза помош и хеликоптер биле на местото на настанот...

YouTube video

Според првичните информации, не се сомнева дека станува збор за напад. Имено, зад воланот на автомобилот седел 80-годишен маж на кој, се чини, му се слошило додека возел. Откако ги прегазил пешаците, автомобилот удрил во друго возило, а потоа и во бетонска ограда, каде што застанал.

Хајди Клум имаше незгода со ветерот на улиците на Њујорк (ФОТО)

Хајди Клум го привлече вниманието на минувачите во Њујорк кога доживеа моден проблем.

Хајди Клум имаше незгода со ветерот на улиците на Њујорк (ФОТО)

Познатата манекенка и водителка се појави во долга, црна јакна-фустан со висок шлиц, а налетот на ветерот речиси откри премногу.

Брзо се снајде

51-годишната поранешна манекенка брзо се снајде, го покри процепот со рацете и насмеано им позираше на фотографите, а сите беа набљудувани од двајца минувачи. Клум го комплетираше изданието со високи потпетици, црни очила за сонце и дијамантски обетки.

Патем, ова не е прв пат манекенката да привлече внимание со своето појавување во Њујорк. Кон крајот на март, таа се прошета низ Менхетен во јакна со длабоко деколте и проѕирна здолниште, привлекувајќи го вниманието на фотографите и минувачите.

Враќање на Project Runway

Супермоделот се враќа во „Проект писта“, американско ријалити шоу кое им дава можност на талентираните модни дизајнери да се натпреваруваат во креирање облека преку разни предизвици. Хајди Клум беше водителка на шоуто од неговото основање во 2004 година до 2017 година, а сега, по осумгодишна пауза, таа се враќа како водителка на 21-та сезона.

Му се влоши здравствената состојба на поранешниот претседател Жаир Болсонаро

Здравствената состојба на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро се влоши по операцијата на цревата пред речиси две недели, соопштија денес неговите лекари.

Му се влоши здравствената состојба на поранешниот претседател Жаир Болсонаро

Медицинскиот тим во болницата „ДФ Стар“ во Бразилија, каде што Болсонаро продолжува да се опоравува на интензивна нега по операцијата, а состојбата му е влошена, соопшти дека поранешниот претседател има висок крвен притисок и дека резултатите од лабораториските тестови за црниот дроб се влошиле.

Лекарите рекоа дека Болсонаро денес ќе биде подложен на дополнителни скенирања, објави „Глоуб енд Меил“.

Болсонаро беше подложен на 12-часовна операција на цревата на 13 април, негова шеста операција по убодот во стомакот за време на предизборен митинг во септември 2018 година.

Болсонаро претрпе повеќе операции за време на неговиот претседателски мандат од 2019 до 2022 година.

Лекарите ја опишаа најновата операција како „најсложена“ досега.

Службеник на Врховниот суд во средата отишол во болничката соба на Болсонаро за официјално да го информира за почетокот на судењето за наводниот обид за државен удар.

Судски службеник изјави дека наредбата е издадена на 11 април, истиот ден кога Болсонаро првпат бил примен во болница со болки во стомакот.

притисни ентер